А толку време се дружеа со Селена. Баш се мислам како си одговараа толку многу, освен секако ако не се двете исти.
Тејлор е со сите другарка. Генерално ми се допаѓа нејзината музика, посебно 1989 и Reputation. Како јавна личност и активистка исто така многу ја почитувам и конфликтите со другите ѕвезди не можат да ми го сменат размислувањето. Негативните работи кои ги слушаме за неа, се произлезени од луѓе кои исмејуваат сѐ и сешто, луѓе кои го поддржуваат Трамп итн.
За дечко, потоа си се редеа работите. Двете имаа слична кариера и за награди требаше да се бира меѓу Тејлор и Кејти, Тејлор ги добиваше наградите, на Кејти не ѝ беше сеедно нормално и така, нешто ко ривали си беа.
Абе овие двеве уште пред година дена зборат. https://www.elle.com/culture/celebrities/a27677289/taylor-swift-katy-perry-feud-status-2019/ @Ketchup Кејти Пери кога гостуваше во Carpool Karaoke кажа дека не зборат заради танчари. Тејлор и побарала од неа танчари за нејзината турнеја и Кејти пратила двајца и и кажала кога ќе оди она на турнеја да ги вратат за да бидат со неа. Кога дошло време Кејти да прави турнеја, се јавила, ги побарала и овие двајцава ги отпуштија и од тогаш не збори со неа. Во целава ситуација Кејти Пери се докажа како мудар и возрасен човек. Ви се свиѓа ли песнава?
Јас ко што знам Кејти ги најмила танчарите за да ја саботираат турнејата на Тејлoр. Како и да е, песнава на Кејти ми се допаѓа, ептен е catchy и спотот е добар.
Не знам дали ми се допаѓа. Ја слушнав неколку пати. Добра е си викам, интересна мелодија и доаѓа одреден момент ми здосадила сакам да ја сменам.. Тој ,,високиот" дел што го пее ми е најдобар, веројатно брзиот дел не ми се совпаѓа во целата песна..
Мене скроз ми се допаѓа песната. Кејти е секогаш разиграна и често насмеана,делува како попријатна личност од Тејлор која е со лудачки поглед и увек во dark mood.
Феминки читам последниве неколку дена читам дека Бредли Купер и Ирина Шајк се разведуваат... Некои велат заради Лејди Гага па ме интересира што мислите вие за ова?
Имаше многу шпекулации дека има некоја хемија помеѓу Гага и Бредли, ама јас не верувам да е нешто повеќе од добра глума. Ставот и енергијата што ја имаше Гага према Бредли за време на премиерите, ја имаше и кон Тони Бенет кога беа на турнеја заедно.
Ирина и Бредли се разделиле. Лејди Гага: hold my beer. Не, озбилно сега. Убав пар беа, ама ајде може па со Гага (ако воопшто имало нешто) ќе им се угоди повеќе.
Ирина беше повеќе пати изневерена од Роналдо. Бредли е женкар.Ако направил погрешен потег,јасно е зошто се разделиле.