Мене песната па ептен заразна ми е а и спотот прилично добар е. Гласот таков и е (мене лично не ми пречи) ама некако слатки ми се двајцата можеби и тоа придонесува.
Денес се одржаа Греми наградите. Јас ја чекав Лана на црвениот тепих и притоа цел го изгледав, бидејќи стигна последна. Еве ги поголемиот дел од гостите. Искрено никој не ми остави посебен впечаток. Ариана е прекрасна, ама многу ме потсеќа на Гага со огромниве фустани лани за време на премиерите на A Star Is Born. Плус ако не се лажам, дијамантот е истиот од Гага? Лизо е исто така фина. Мора да ја пофалам Гвен Стефани, не за комбинацијата, туку за лицето. Кој би рекол дека има 50? Дуа Липа изгледа скроз 2003 и не знам дали ми се допаѓа, или не. Општо за наградите, највеќе бев за NFR да земе за албум на годината, бидејќи настрана што сум фан на Лана, навистина не мислам дека некој албум беше подобар од нејзиниот во 2019. Ја сакам Били, но покрај сингловите, другите песни од албумот никогаш не ми текна да си ги пуштам после првото слушање. Сепак, подобро она, отколку останатите на листата.
@Ketchup мене албумот на Били ми е каде-каде подобар од оној на Лана, иако Били ич не ми е симпатична за гледање, уживање ми е да ја слушам. Како треш со одличен глас е. Лана па, слика има - тон ни за лек. Катастрофа вокал. За Били многу се радувам, нема песна што е лоша, растура малава талент има огромен. Го гледав карпул караокето пред некое време со оној британецот (не ми текнува како се викаше) и уште толку ја засакав Били. Не ми е некоја појава со несфатениот стил, ама харизматична, прекрасен вокал, допира до секого тоа што пее од душа. За Лана на пример, никогаш не би го кажала ова. Целата ми е фригидна.
@Mishela, неспорно е дека Били има огромен талент и преубав глас, мене и како лик ми се допаѓа, но целиот албум не ми е омилен. Генерално, ретко чиј албум ми се допаѓа во целост и мислам дека е солидно сработен. И не секогаш мислам дека најпознатите, или омилените артисти ги вадат најдобрите албуми. На Лана ова ѝ е најдобриот проект досега. Се осеќа дека секоја песна е спонтано настаната без форсирање за албум. Соработкава со Џек ѝ е прав погодок и одвај го чекам следниот албум, кој наводно ќе излезе некаде при крајот на годинава.
Мене ист филинг ми е и кога ги слушам песните на Били. Секоја си има своја приказна, стилот е уникатен а она е препознатлива во секоја нота и секој стих. Сепак @Ketchup, let's agree to disagree и така.
Ако не си го слушнала, Magdalene од FKA Twigs. Мислам дека ќе ти се допадне. Многу се бунеа зошто тој не е номиниран, бидејќи и кај критичарите помина многу добро.
Даа, скоро ја открив девојкава баш кога излезе новиот албум. Се опседнав минатиот месец со слушање и ми пројде хајпот (малку само ), ама сепак е нешто што ми ја обележа минатата година. После Били секако, а и треш песните на Аријана, никогаш да не се заборават.
Јас дојдов само Demi Lovato да ја испофалам за емотивниот настап. Растури со гласот и покрај тоа што ја обземаа емоции. И песната е одлична, ја пишувала неколку дена пред да се предозира. Мило ми е што се бори и застана на нозе после сето тоа.
Мене оваа Били никако не ми влегува во глава, не можам да сфатам за што станува збор, што е работата со девојчево? Како доби толку греми награди? Изгледа неухрането, нездраво, издрогирано, спотовите не ги разбирам ко кратки хорор филмови се, уште помалце музиката. Голем фан сум на Џејмс И караоке карпул, ама видеото со неа немав нерви до крај да го изгледам.
Исто. И појма неам од кај никна и како толку прегледи има. И зарем е можно Ариана Гранде ниту една Греми награда да не земала? Па два албума извади.
Мене воопштоне ми изгледа нездраво. Ептен уникатна млада артистка. Спотовите и песните и се со убави пораки. All the good girls go to hell Изгледа језиво, но е песна и спот за климатските промени. Кога тоа го знаеш многу добиваат смисла и текст и спот.
Не знам ама мене ми има изглед само за во главна улога во некој филм за егзорцизам. Слушам музика за да ме расположи, не да ме плаши, а за климатските промени ако ме интересира пуштам документарец.
Па добро, мене многу ми се допаѓа кога било кое уметничко дело има порака, музичарите преку музиката се изразуваат, сите тоа го прават и многу често популарните песни се поради некоја лоша случка на музичарот, ништо ново
Два албуми да, ама песните шунд до шунд. Штета голема таков вокал во ваков карневал, уште не можам да си поверувам. Били реално си ги заслужи сите награди по ред. И она и Финеас. А тие што се прашуваат од кај никнала, се надевам не се сериозни. Или воопшто не слушате радио, тв што год? Прекрасна е кога пее во живо, некои од пеачкиве можат комотно да учат пеење од неа. Препознатлива е, едноставно си остави свој печат, сакале луѓето да признаат или не. Толку млада и толку талентирана, не се сомневам дека ќе напредува уште повеќе и баш е супер. Преку глава од препарирани Барбики веќе па.
Црнците познати рапери има ли ги на греми? И добија ли некоја награда не сум следела а слушам таква музика
Ај те молам ислушај ја песнава. Сигурна сум дека немаш ислушано ни една песна од неа, освен на тв или радио што имаш фатено некој дел. Сите песни и се емотивни, реални, за гласот да не зборувам. Преталентирани се и Били и Финеас и заслужени им се сите награди. И баш нормално изгледа. Тоа што не се навикнати луѓето да гледаат пејачки во широки панталони и блузи, без штикли, без силиконски гради и усни, тоа не е нормално ( како Ариана на пример со тралалајките песни ).
Чудна е,ама уникатна е,своја е.Не се придржува до светските стандарди и тоа е одлично.Поради тоа е и прифатена од многумина.Објавила песна на SoundCloud и ја приметиле од Interscope Records-Darkroom. Изјавила дека сака да излегува од комфор зоната.
Ги слушнавте ли новите песни на Дуа Липа? Don't Start Now уште не ми се здосадила, откако излезе опседнат сум со неа. Future Nostalgia не ми се допаѓаше на почетокот многу, после тоа ја заслушав, ама за кратко. Physical, што излезе денес, исто така многу ми се допаѓа. И Кеша има нов албум. Со Raising Hell сум исто опседнат од првиот ден. Енергијата на сингловите од High Road е енергијата што ми треба цел живот. А целиот албум е навистина прекрасен. Кеша е одличен текстописец.