Не ме бендиса настапот, бајати рефрени што 15-20-25 години ги вртат насекаде. Ко кариерен јубилеј да одбележаа двете, а може и тоа беше меѓу другото. И не ми беа складни, едната цело време имаше насмевка како да изведува во циркуз, другата намќор, желна да се докаже.
WOW скоро совршени https://fashionel.mk/kultura/veniti-fer-tradicionalno-gi-portretirashe-oskarovcite
Кети Пери е трудна, со новата песна имаше announcement Баш ми се сладок пар со Орландо Блум, сега и детенце ќе си имаат
Видеата што се пуштени од фановите на Пост Малон се бизарни . На едно од нив дури и се приметува језиво вртење на зениците на очите кон внатре ( очите му стануваат скроз бели ) додека ја изведува песната Рокстар ... На друго , падна сред сцената , на трето чудно мавта на публиката ... Језиво е . Не го следам многу , но ако продолжи вака , ќе заврши како Ејми Вајнхаус , Џенис Џоплин итн .. А има само 24 години .. Жално . Моја генерација е човекот .. Славата го удрила во глава , и од човек , нечовек стана .
Тажно е што ретки се тие што не се на нешто додека се на настап.. не само во Америка, и кај нас за сите слушам дека трезни не настапуваат.
Баш ми е жал за Пост Малон, има стварно добри песни, уникатен е како појава, не ми гледа дека уште долго ќе тера
Тоа е точно . Се сеќавам еднаш Џус дојде многу , многу издрогиран на настап , а во дискотеката 80% беа деца од 14-15 години . Слаткаристика еднаш пиеше алкохол на бината во диско ..
Кратка верзија: Kanye, во неговата песна Famous, ја нарече Taylor кучка и дека ја направил позната, Taylor реагираше, па Kanye рече дека имал нејзина дозвола за lyrics-от, Taylor негираше, па Ким го leak-на разговорот меѓу двајцата каде што Taylor одобрува, сега пак е leak-нат целосниот разговор и испаѓа дека Taylor сепак била во право дека не го одобрила. Долга верзија: https://www.cosmopolitan.com/uk/entertainment/news/a41965/taylor-swift-kanye-west-feud-timeline/
Here we go again: https://www.buzzfeed.com/tatianaten...tm_source=buzzfeed.bio&p_id=3366&d_id=1227516
Следниот твит ѝ е реклама за новата сезона на KUWTK, скроз непровидно. Туку, што мислите за издавање на нова музика за време на карантинов? Лејди Гага го одложи албумот што требаше да излезе на 10 април, додека Дуа Липа го премести една недела порано. Донекаде ги сфаќам дека сакаат солидна промоција на албумот, бидејќи албум сепак не е мала работа за да пројде така, но од друга страна, музиката е една од работите да гледаш напред овој период. Ептен ја почитувам одлуката на Дуа Липа и одвај го чекам албумот овој петок.
Одма има реакција од публицистот на Тејлор, на истиот линк најдолу . И јас мислам дека е супер што Дуа ќе го вади албумот порано. Не мислам дека и оваа промоција што ќе ја имаат ќе биде мала, со оглед на тоа што многу луѓе ќе се дома и киснат на социјални мрежи повеќе од било кога, ќе рекламираат јако, сакал-нејќел, ќе „мораш“ да слушаш, што знам... А баш сакав да излези албумот на Гага, да видам дали ќе се врати пак на стариот стил, презабавна беше тогаш .
Оваа па Ким изиграва некоја елита. Стварно ми се одвратни цела фамилија. Толку ми се фејк, не знам. Инаку @Ketchup на Дуа Липа албумот и е ликнат изгледа...Затоа плачеше во лајвот
Сепак, финалната одлука е на издавачката куќа. Гага мислам дека на 10 април ќе објавеше уште еден спот. Плус, планирала да биде изненадување на Коачела. Ликнаа две слики дека на албумот ќе има дуети со Ариана Гранде, Блекпинк и Тиуај Дола Сајн. Ариана и Тиуај ги сакам, ама живеам за дуетот со Блекпинк. Опседнат сум со нив. Додека, за Дуа ова е право време да објави албум. Веројатно за одлуката има улога тоа што беше ликнат, како што кажа @GirlRose, но и со оглед на тоа што сите ги откажаа албумите, па без сомнеж албумот ќе биде прв на Билборд.
Добрио не ми е јасно како може да се ликнат песни? Зарем тие песни не ги поседуваат пејачите и издавачката куќа? Пред нова година имаше ликнато песни од Сиа и тоа три. Си ги симнав и одма во телефон за секој случај да не ги блокнат. Што се однесува за промоција на песни во ова време сум за. Лејди Гага колку песни има издадено до сега? Знам за една и ич не ми се свиѓа.
Хакери. Лејди Гага има издадено неколку албуми досега. А ако мислиш на песни од последен албум, има издадено само 1 .