Ау, на Јло тоа и е специјалност (хахахх специјалитет, тоа ти е спелот аххаха) Нели беше и со овој нејзиниот танчер и овој е 20тина години помлад.Збеснала жената на прагот на 50тата
Никогаш не сум била фан на Викторија но моето мислење за неа е сепак позитивно. Ми се допаѓа што не ги полни таблоидите со скандали, што е природна (подобро слаба но природна отколку со силиконски облини) и се облекува пристојно и елегантно. Е сега, за нејзиниот музички потенцијал... мислам дека не е добар. Еве ја подолу во некои изданија кои ми се допаѓаат.
Инаку, Викторија кога била мала имала проблем со вишок килограми, на училиште ја избегнувале поради тоа, па решила да стане толку тенка, што потенка не ќе може да биде. Мене ми е интересно кај неа што ставот и е типично англиски, надмен (порано изјавуваше дека нема пријатели и дека не ја интересира )
Битер, има силикони на градите Викторија, сепак и се во склоп на Нормалата Еве ја и како млада, дури се познава дека има и корекција на носот. Мислам оваа килажа на сликата поубаво и стои, вака е преслаба Исто и Анџелина е многу слаба Дефинитивно може некој хамбургер да изеде, место пајаци
Да, Викторија Бекам има импланти, и баш неодамна кажа дека во младоста жените се несигурни околу изгледот и прават грешки. Гледано од оваа дистанца, не би сторила многу работи, вклучувајќи зголемување на градите.
Викторија не ми се допаѓа, ама затоа Дејвид и децата им се Светскиве ѕвезди ми се само за шоу, ми се чини дека живеат во некој нереален свет и се што прават е за слава, а дека длабоко во себе се празни и неисполнети личности.
Да, нормална е. Мене оваа ми е претеризам , не знам дали ја знаете? пред неколку години изби скандал кога на 16 се омажи со Doug Hutchinson кој е 34 години постар од неа. Кортни, па снимаше и софт порн... Абе свашта
Аи, чек чек, врвот не ти го покажав АХАХААХХАХААХ, БЕШЕ И МУЗИЧКА ЗВЕЗДА У НАДЕЖ. ТЕ молам запази видео клип, хаххаах сирото куче
Ист вкус имаме, Лудо Колдплеј ми се во срце, а и Сиа ја почитувам ептен поради гласот, песните и мистериозноста. Всушност како личности најмногу почитувам јавни фаци што и покрај популарноста не се актуелни во медиумите со скандали, или пак не ја постигнуваат популарноста преку скандали - како сакате Ед Ширан ми е посебна приказна, срцка ми е Мааалце во gossip контекст на темава за него еве, на твитер многу луѓе почнаа да го нарекуваат арогантен поради едно интервју во GQ, кадешто меѓу другото рекол дека му е цел да биде најпознат машки артист во светот (не можам да го најдам целото интервју)... Има дури и хаштаг #EdSheeranIsOverParty. Ама ja ич не се согласувам со ваквите, за мене тоа е само искажување на големи соништа и амбиции, и пак ми е прекрасен
Викторија воопшто никогаш не ми била нешто посебно. Не знам зошто велите дека не ја треселе скандали, имам читано нејзино интервју еднашка многу одамна, каде самата кажуваше дека кога им било досадно со Дејвид и немало да ги има по магазини, самите измислувале секс скандали, од типот дека таа го фатила Дејвид со бејбиситерката. Можеби не биле скандалозни како некои други.. но мене оваа нејзина изјава воопшто не ми е симпатична. Анџелина Џоли исто мислам дека е оуверрејтед. Џони Деп ми е страшно симпатична фаца и мислам дека нема улога во која не се снашол. Некако ми е нестварно дека ја мавал таа прелепотицата што му е жена, ама не е ниту невозможно. Пристрасна сум за Кијану Ривс. Сум читала за неговиот тежок живот, па некако.. секој негов филм го обожавам, можеби и повеќе од она што навистина вреди. Колдплеј ми се сеуште неостварен концерт. И прв на листа од концерти ту гоу!!!!! Моја мала ретроспектива
Не знам што е потрагично, тоа што го изгледав видеото до крај или тоа што сфатив дека имам такви исти чаши за коктели ко типкава. Зелени се моите само.
Со видеово можеме да се тешиме дека не сме единствени во правење клипови за да се прославиме. Колдплеј исто и јас ги почитувам, предобри песни. Е сега дојдов да напишам дали се сеќавате на Џесика Симпсон, по разводот со тој се изгуби девојкава, а баш ми беше слатка. Има неколу песни ама не знам дали има снимено и албум.
Младост лудост. Ако не згрешиш и не се изгориш нема да знаеш дека не треба да даваш не 2ра никаква шанса на насилник колку сака да му е тежок периодот. И моќна жана е,таа издржа и трае кароерата и се, а тој клошарот изгуби се,му ги раскинаа сите договори за соработка.
Рири најголемиот подем во својата кариера го доживеа после Umbrella, за нејзиниот успех повторно е заслужен Џеј Зи. Првично песната требало да ја пее Бритни која одбила соработка оти не и се допаѓала песната
Јој, не знам дали да гледам во балоните, во тоа железото околу вратот, во изгорената коса или во фустанов изолир трака Убав привезок патем