Искочи една песна со неа + некој артист пред некој ден. Толку беше мех што не ни запамтив ни име ни кој беше другиот
За албумот на The Weeknd, мислам дека е доста добар и квалитетен албум, само што поголемиот дел од песните имаат бавен ритам кој не ми е во прилог периодов. Единствено Blinding Lights, In Your Eyes и Save Your Tears ги слушам периодов. Со песната на Рита Ора исто бев опседнат кога излезе пред две недели, минатава недела плус спотот излезе. Ријана ко што знам има снимено цел албум, ама се двоумела дали да го објави. Јас не знаев за песната со PartyNextDoor пред да излезе, така да разочарувањето беше помало.
Камила откако ја напуппти групата FifthHarmony стана многу популарна откако стана соло пејач, омилена ми е
Мене сите девојки од групата ми се посимпатични од неа. Камила уште кога беа заедно највеќе ја форсираа, затоа и не беше тешко да направи соло кариера.
Јас Камила ја сакам, ама би сакала и Нормани да стане попозната, ми се допадна Motivation, а на Waves видеото ми се допаѓа, иако песната не ми е баш по вкус. Другите 3 не знам кај се, ги пробуричкав мислам еднаш, едната ко повеќе на рок да мана, мислам дека само таа ми се допадна од трите Едит: Дали само мене текстот на мојот коментар ми го покажува ко со Таб да ми е напишан ? Ако не, дали знаете зошто ми е ваков?
Нормани е преталентирана и многу ми е жал што менаџментот не вложува повеќе во неа. Првите две песни на Лорен многу ми се допаѓаа, ама сега и она се насочи кон некој латино стил, што не ми е баш омилен. Дина и Али по една песна имаат мислам, не се лоши, ама и они немаат некоја добра промоција. Првите соло синглови на Камила и мене ми се допаднаа, но после славата со Хавана, за да го задржат вниманието на публиката, скоро секоја недела имаше нова песна од неа. Или сингл, или дует. Ептен се гледаше дека тие што работат со неа, сакаат само повеќе пари да направат. Туку, мислите ли дека Адел ќе пушти албум годинава?
Нели требаше лани во декември? Леле јас колку сакам, толку нејќам нов албум од неа. Кажа во карпул караоке дека многу верувала во тријади, демек ако го издаде овој албум тешко да се натерала да продолжи со издавање понатаму, нешто во тој стил. Не сум спремна за тоа, нека продолжи да го одложува албумов.
Не сум го гледал тоа. Ако е така, нека почека уште малку. Ама во последно време, почна нешто повеќе да се пишува за неа, па помислив, можеби сакаат да нѐ загреат. Пејачки ко неа што после албум скроз се губат, посебно ми фалат.
h Јас Камила дознав дека постое од кога ја направи песната соло Хавана пред тоа немаше слушнато за неа за FifthHarmony знаев ама не дознав за ниедна девојка од нив. Искрено двое се има некоја јака енергија во неа
Да, и мене туку ми излегуваат вакви статии на социјалните мрежи... Искрено, не ме чуди, ми изгледа како зад шегите да се крие авторитативна личност, а и нели има еден куп видеа од неа каде што им „плеска" нешто на гостите, само „на мајтап" . Инаку, не знам дали е само до мене, ама пресмешно ми звучат овие работите за кои се жали Ники
Албумот на weeknd го имам ислушано целиот, а од Дуа само неколку песни. И за Елен и Пинк сакам нешто да пишам, ама откако ќе ја ислушам Дуа се враќам со комплет мислење.
За албумот на Тhe Weeknd, супер ми е за да ми оди нешто во позадина додека си читкам нешто или решавам крстозбор на пример. Се согласувам со @Ketchup дека In your eyes, Blinding lights и Save your tears му се издвојуваат како подобри, а другите се онака, ништо посебно. Спотовите ми се бизарни и мислам малку претерани. Од албумот на Дуа Липа, би ги издвоила Break my heart, Physical, Cool и Don't start now. А и ритамот на Hallucinate не ми е лош, ама некако како текстот да не ми се вклопува со музиката. Не знам зошто, спојот чудно ми звучи. Туку се прашувам зошто стилистите ѝ направиле вака со шнолите и патецот на средина на спотот за Break my heart?! Малку така ја носев фризурата кога бев прво одделение и дома ми викаа дека супер ми стои. За Елен сакав да кажам дека навистина ми изгледала како пресупер особа, ама имам и јас забележано дека понекогаш и во интервјуа така знае да дофрли по нешто злобничко. Као на смеење, ама да боцне. Е сега не можам да кажам дека и тоа ја прави лоша личност, затоа што сите сме имале по некој таков момент и скроз е човечки. Не можам да ја осудам ниту врз основа на мислења од други, затоа што многу нешта се шоубизнис и некогаш намерно и смислено се пристапува кон уривање на нечија репутација. Така што ќе кажам само дека ако навистина е таква како што кажуваат, тогаш целосно ми го руши позитивното мислење кое го имав за неа. Имаше неодамна едно онлајн интервју со Пинк. Разговараа за како се чувствува после инфото дека е заболена со вирусов и ептен ме натажи кога раскажуваше, баш се забележуваше колку тешко го пребродува. Многу ми е мило што сега е добра. Многу си ја сакам и скроз ми е пример за одлично однесување на јавна личност, уште повеќе со донацијата која ја направи. Сите Кардашијанс заедно со Канје никогаш ниту сум ги сакала, ниту сум ги поднесувала. Тие ми се единствено пример за како луѓе кои немаат ништо паметно да соопштат се стекнуваат со светска слава.
Што се случи/случува со Бруно Марс? Одеднаш огромна промена во музиката направи. Одамна се изолирав од многу работи па веќе немам навика ни да погледнам трачеви што ме интересираат.
Јас шоуто на Елен го следам само кога гостува некој што ме интересира. Никогаш не сум бил фан, ама сум имал некоја почит кон неа. @pdb123, со оглед на тоа што бјути гуруата на настани поврзани со професијата, секогаш се пречекани ко богови, ич не ми е чудно. @Snow-Star, ич не го следам ни јас него. Иначе, Сем Смит и Деми Ловато имаат нова песна. Песната е предобра до самиот крај, ама ептен незадоволувачки завршува.
@Ketchup ме потсети, и Kelly Clarkson излезе со нова песна I dare you, и тоа препеана на неколку јазици, во соработка со музичари од соодветните земји Оригиналната: Спојлер: На останатите јазици https://youtu.be/8zgZXKEgnDU @Snow-Star, не знам за музиката, ама според тоа што подѕирнав, Бруно нема извадено песна од лани со Cardi B - Please me. Не знам што се случува Едит: А баш ме чуди како одбрала хебрејски, а не португалски, кинески, корејски, јапонски како позборувани јазици, со оглед на тоа што, како што прочитав, целта ѝ била пораката да стигне до што е можно повеќе луѓе низ светот. Можеби допрва ќе прави и такви или не можела да се договори со некои музичари
Ако некој е најкомпактибилен за вакви песни, тоа е Кели. Сите верзии звучат убаво и се гледа дека се потрудиле околу тоа. Често песна кога е отпеана на друг јазик, знае да звучи несинхронизирано со продукцијата.
За тие што пропуштиле: Инаку @Ketchup, ја слушнав песната на Сем и Деми и ми се допаѓа нерефренскиот дел. Со години не сум баш во расположение за мотивациони мелодии (во стил: I will rise up and succeed), а рефренот баш ми звучи во тој стил, but that's just me . Инаку, многу ме насмеаја коментарите што велат: а толку се трудевме против стереотипот дека wrestling е геј, за сега јавно да се прикаже ова Мислам, не се хејт коментари, на мајтап се кажани
Дали ги слушате 5 seconds of summer? Некако ми исчезнаа еден период, и сеа оп од нигде нов стајлинг, топ музика. Веќе не ми се бој банд Ги обожавам teeth и easier, иако се од 2019, а гледам имаат и нови во 2020.