Официјална листа од песните во новиот албум на Лејди Гага. Блекпинк и Ариана навистина се на албумот и ептен ми е мило, само малку се зачудив со Елтон Џон.
https://www.crnobelo.com/novosti/shou-biznis-i-trac/56391-8-bizarni-soveti-za-brakot-od-donald-tramp Дали само мене ми се повраќа од неговите изјави, многу ми е некако егоистичен и типичен балкански маж, Меланија не е ниту сенка до него туку предмет
Види ја ти Сиа, не знаев дека посвоила деца и дека се зарекла дека ќе е сингл до крај на животот . https://www.ladbible.com/entertainm...g-out-of-foster-care-20200520?source=facebook
Душа е. Баш и јас го читав ова денес и уште повеќе си ја сакам заради вакви гестови кои ги прави без многу галама. А инаку има и две нови песни објавени последниов месец (едната од нив излезе денес), освен оние кои беа претходно ликнати. А и филм спрема кој ќе излезе во септември и сум превозбудена и едвај чекам. Еве ги новите песни инаку.
Пред некој ден излезе новата песна на Гага и Аријана. Како ви се допадна ? Мене лично многу ми се допадна, иако имав пониски очекувања бидејќи Stupid love ми беше ок, ама не ми беше тоа тоа. Rain on me ми е топ. Спојлер
И оваа и Stupid love не ми се ништо посебно. Познат ритам, ништо иновативно, се е веќе видено.Мислам дека за неколку месеци сите ќе заборавиме дека песнава постоела.
Два пати ја имам слушнато, ама не ми е нешто catchy. Дури на почетокот на рефренот малце ме потсеќа на почетокот од рефренот на Because we can на Bon Jovi , Инаку оваа новава фризура на мајли сајрус многу ме потсеќа на фризурата на Токио од 3та и 4та сезона, кој гледал гледал
Се опседнав со песната на Гага и Ариана, не можам да престанам да ја слушам. Одлична соработка. Искрено ми беше страв дека песната ќе биде утка, бидејќи дует помеѓу две големи светски ѕвезди знае да биде исфорсиран. Но, сега знаеме дека Гага и Ариана уствари се блиски и снимањето не траело само еден ден. Продукцијата е топ, гласовите одлично им се поклопуваат. Не дека сум фан на двете, посебно што Гага ја слушам од 10 години, ама стварно вака моќен дует одамна немам видено. Ариана има добар удел во песнатака како featured артист, моментот на Гага кога вика Rain On Me пред рефренот ми е омилен, ме потсетува на електронската музика од доцни 90-ти/рани 00-ти, каде диџејот кажува само неколку збора во цела песна со роботски глас.
Голем фан сум на Ариана, а и Гага ја слушам, ама песнава ич не ми се свиѓа. Иако Бибер не го сакам баш, поубава песна направи со Ариана. Пак ќе дадам шанса на песната, можеби ќе ми се допадне.
Мене многу ме потсеќа на нејзините стари времиња кога го користеше овој глас Инаку да, и јас ја преслушав и навистина добро им се поклопуваат гласовите, ептен ми е заразна . Инаку, ко што сфатив, песната им е метафора за нивната болка и безброј излеани солзи, на тоа се однесува rain on me, а и затоа велат: I'd rather be dry, but at least I'm alive. Аријана претпоставувам мисли на инцидентот во Манчестер, а Гага на нејзината борба со хроничната болест што ја има (fibromalgya ли се викаше?), што ѝ предизвикува рандом болки низ телото. Низ коментарите прочитав и за ножот што го вади од ногата, дека најверојатно е претстава на болката што ја чувствува во колковите (мислам дека се имаше правено операција). П. С. Што прочитав еден коментар: soo no one's gonna talk about Ariana with her hair down?? И навистина, некако го пропуштив тој момент
Слушни ја пак. За вакви песни битно е во кој mood си. На пример и мене некоја презабавна песна знае на прво слушање да не ми се допадне ако не сум баш расположен во моментот. Точно. Уствари двете нашле утеха во алкохолот и некои со тоа го асоцираат делот I'd rather be dry, but at least I'm alive. Исто така на крај нели вика: Rain on me tsunami. Tsunami има коктел. Иначе баш во петокот кога излезе песната, беше две години од нападот во Манчестер. Скроз се поклопи поместувањето на албумов. Косата на Ариана јас одма ја приметив. Живеам за моментите кога е без репче, иако знам дека тоа последниве неколку години ѝ стана како signature look, многу ми се допаѓа со пуштена, некако помладолико ми делува. Одвај го чекам албумот во петок, замисли дуетот со Блекпинк да беше сингл со спот. Сигурно во еден ден ќе имаа преку 100 милиони прегледи. И така се angry фановите на Блекпинк што одамна немаат издадено нешто ново. Како и да е, веројатно не била целта рушење на рекорди, иако веќе го срушија со најслушан женски дует во еден ден на Спотифај. Иначе и Лорд најави нова музика.
Chromatica мислам дека како цел проект, можеби е и најдобар албум од Гага досега. Точно дека со сингловите од првите неколку албуми ништо не се споредува, меѓутоа овој албум има нешто посебно. Кога почна Alice буквално бев збунет. Дали навистина го слушам звукот што отсекогаш сакав да го слушнам од неа? Буквално песната ја прикажува нејзината женствена, soft страна што досега ја немавме чуено. Се чувствуваш ко во друг свет да те насочува. Продукцијата е екстремно добра. Покрај тоа што поголемиот дел е на Bloodpop, во некои од песните осетив и некој друг познат вајб и сега прочитав дека и Axwell & Ingrosso работеле на некои од нив. Дуо од Шведска, верувам дека затоа некои од песните звучат европски. Песната со Елтон Џон многу ме потсети на песна од Евровизија. Најмногу ми се допаѓа што Лејди Гага не се плаши да експериментира. Сите песни имаат диско вајб од различни периоди. И кога кажа дека албумов е денс албум, не излажа. Ниту една песна не е со бавен ритам, иако во некои чувствувам нешто тажно и носталгично. Очекувањата, надминати. Се мислам зошто ли Stupid Love беше lead single, кога таа песна од сите, најмалку го претставува албумот. Омилена песна, не би можел да издвојам. Можам да кажам дека секоја песна има посебен квалитет.
Ништо посебно не е спотот на Ники и Овој Виножитко (sixnine) Ники не очекував дека толку ќе се разголи, а овој е овој ми е фаворит деновиве. Случајно ми излезе на фб си тоа косата и ми заличи на Post Malone. Ми објаснија кој е ганстава,оти јас си слушам рап и хип хоп не е важно кој пее важно е песната да има јак бит. Е сега јас слушав trollz најаувана песна,голотија,первезија ама бит на свирче - тотал аут. И ова ајкулата позади другарот на Немо у океанот,бледа копија. Слика не можам да прикачам вика преголем фајл. Типот плива у пари,не знае што да им прави,а до пред два месеци бил у затвор. Информации од прва рака ми нема рамен У задње време ми е интересен па му отварам инста,гледам сториња само не сум му фан (одвратен ми е).