Што мислите за Кристен Стујарт како Принцезата Дијана во новиот филм за неа? Комбинацијава ни на крај памет не ми беше.
Мислам дека Џефри пак ќе се извади, ама Шејн... Плус Тати сега е лажга, а не беше пред година дена кога им одговараше тој наратив? Искрено не знам што да мислам. Делува ко сите јутјубери да се имаат видено два-трипати и од првите впечатоци прават драма.
Го изгледав и јас целото видео, некако не е за верување толку слепо да им верувала. Во секоја приказна, нешто како да фали. Читам коментари, Нејтан ако немал договор потпишано, да излезе и да ги открие тајните. Чисто се сомневам дека нешто би кажал.
Дека се шо кажа e точно- не е. Ама Џефри и Шејн мене ми изгледаат на манипулатори. Сеа испаѓаат како негативците од цртаните. Џејмс stronger than ever, а оние двајцата паѓаат надоле со бројки. Тати оди таму каде ја носи ветерот. Не била љубоморна, да, важи. Џефри дека е уценувач, е. Ќе има a lot of tea. Спремајте се да коментираме на велико
Промовирање на идејата дека Албанците се „автохтони“ на територии од Србија, Македонија, Грција и Црна Гора, а денешните жители на тие земји (ние) се дојденци, колонизатори, мигранти од раниот среден век и со самото тоа недостојни за живеење овде. А, промовирањето на Голема Албанија мислам дека е и повеќе од јасно.
Јас не мислам дека на Дуа така рандом ѝ текнало да постира вакво нешто. Прилично сум сигурен дека мора со менаџерите да се консултира прво за било каков политички потег. Со пријавување ништо нема да се постигне. Единствено некој со поголема платформа јавно да го повика нејзиниот label и да ги праша како одобруваат вакво нешто да се постира. Тоа нема да се случи така да, тоа е. Иначе ова не е ни нешто ново. И лани нели имаше постирано некоја слична слика.
Нема врска колку луѓе го пријавиле, ако е inappropriate и еден да го пријави ќе биде избришано. Мислиш дека 15 саати инстаграм ништо нема да преземат? На обичен профил ако пријавиш нешто пријавата ја разгледуваат за саат време, не па на Дуа Липа.
Не ѝ беше тоа досега само на Косово фокусирано и на нивната независност? Дека и пред некој ден прво имаше споделено објава од една страна со Kosovo isn't Serbia и барање до Епл да го вратат (заедно и со Палестина као у ист контекст) на мапа. Србите уште тогаш збеснаа, мене ми беше онака мех, пошто е веќе факт независноста на Косово конкретно... али карта на голема Албанија е веќе скроз друга работа. На твитер веќе не само што од цел Балкан ѝ се нафрлија, туку и странски фанови стануваат свесни што пишала уствари. Реално, во цела таа cancel culture атмосфера за ова заслужува да ѝ се поремети скроз кариерата, со оглед на тоа за какви глупости, ситници и вадења од контекст се свртуваат против разни артисти, ко Лана Дел Реј на пример што скроз безвезе расист ја направија пред некое време...
И претходно имала вакви испади. Тогаш ја отследив од инстаграм. Никад не ни живеела во Албанија или Косово, нека си пее и нека си гледа работа. Поголеми националисти од Албанците нема, алал да им е. Затоа се што сакаат си постигнаа.
Јас и ставив report и после 5 мин ми стигна порака дека не морало да го бришат затоа што немало ништо спорно во постот. Значи нема да избришат, а битно за секакви други работи што и не се толку големи и се вадат од контекст се крева паника, па драми, па јавни извинувања...ок.
Барем ти стигнала порака, мене ништо... Не сум ни изненадена додуша, но сум разочарана на некој начин од Дуа. Наместо да пропагира љубов, таа создава уште поголеми тензии. Можеби има вистина во она дека каде и да одиш, што и да си менталитетот на Балканот останува во тебе, за жал
Кој фактор е Дуа да шири говор на омраза? Ни се родила, ни израснала ни знае како е тука, на овие простори. Само што мајка и и татко и се по потекло Албанци не ја прави некој голем патриот. Не знам дали е свесна што се дешава тука. Дека пред неполни 20 години е имало војна ради причината на сликата.