Не мислев на нив, тие дури не ги сметам ниту за пејачи. Види Грција,, Србија, Хрватска, Романија, Турција, и другите какви пејачи имаат зарем никој не е квалитетен како неа. Не, само немаат јако лоби да ги протурка. Продолжи си да ја подржуваш во пропагандата, само се лажеш дека погрешно избрала национализам, всушност само си го покажа вистинското лице. И до Уницеф стигна, се оградија дека е нивна амбасадорка и може да сонува веќе дека ќе соработуваат со неа.
Ок, ќе те цитирам за 1 месец, да направиме анализа колку ќе и влијае врз угледот. Цел Балкан да и ја банира музиката, пак ќе има светска слава. Значи Дуа Липа е у питање а не Јелена Карлеуша
Никогаш не сум мислела ништо лошо во поглед на тоа музичари и други особи од светската сцена да си имаат определени ставови во поглед на актуелни политики, но вакви забегувања со национализам и враќање сто века назад не ми се ни малку океј за било која личност а особено не за јавна фаца. На колку подобар начин може да си ја употребува славата и какви пораки се' може да шири, а таа од сето тоа избира да ја анализира историјата на Балканот. Од мене толку од почитта, а и музиката верувам дека ретко ќе ѝ ја слушам. Не дека и ептен ја слушав, ама сега уште помалку.
Сликата сеуште си стои, џабе ја пријавуваме на инстаграм, враќаат дека нема ништо погрешно. Поголем ефект ќе има со report тука на линкот, па владата во Британија да си превземе мерки нивни граѓани што промовираат. https://www.report-terrorist-material.homeoffice.gov.uk/report
Многу Балканци живеат во ОК и САД кај што е најслушана,па штета врз нејзиниот углед ќе има,и да е мала. И луѓе,ништо нема да се постигне со една реакција. Албанците се успешни затоа што се здружуваат.Македонците губат затоа што се разединети. Секаде треба да има побуна против вакви постови,не само на постовите на оваа,туку на секој кој шири иредентизам.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Масакр_кај_Вејце https://mk.wikipedia.org/wiki/Масакр_кај_Карпалак Значи Влатко Стефановски не го бива?
Кога Лана Дел Реј ги спомна во пост неколку пејачки, цел ден имаше по милион твитови на саат. Дуа Липа ни на трендинг не беше. Сакам да ви споредам кое малцинство сме во однос на тие што не им е гајле, за ова да влијае на некој начин на нејзината кариера. И ова со Уницеф колку е точно? Ни на инстаграм, ни на твитер немаат ништо објавено.
Доколку се прошири уште повеќе и по повеќе медиуми ќе има епилог, да не се лажеме, да беше само објавата за Косово и Србија никој од странците нема да се замараше зошто знаат дека се во конфликт. Ама со картава со голема Албанија нема туку така фа помине. Грците се најбитен фактор сега дали ќе стигне до ЕУ! А ние останатите Македонија, Србија, Црна Гора може само да помогнеме во тоа.
Ај ќе се тепаме сега кој поголема мапа ќе нацрта, бидејќи очигледно само тоа можеме да го понудиме во овие краишта. Боже сачувај, која пеза сме балканов. Работава Дуа Липа испадна piece of shit, дај да покажеме дека и ние можеме да сме pieces of shit.
И треба да стигне, замисли некој хрватски пејач да прикачеше карта од НДХ на инста на пример. Западниве медиуми ќе го расчеречеа у секунда.