Сериозна си дека Лозано и Некст Тајм се зезаа????? Ај да објавеше некој друг, што не беше активен со патриотски изјави и песни/спотови, да речеш се зезал. Ама за овие се зезале???
Луѓе, што е работата со Џон Леџенд и Криси Тиген? На сите објави со веста дека чекаат трето дете куп коментари има со хаштаг saveourchildren, или така нешто. Па како биле педофили, дрн дрн. Не ми е јасно од каде е излезен муабетов и зошто.
Во Америка постои теорија на заговор дека цела политичка елита и холивуд си имаат таен педофилски круг ама Доналд Трамп е единствениот што одвнатре ќе го спречи и ќе го раскине. Потекнува од лик кој се претставувал како QAnon и на 4chan објавувал "доверливи" информации и предвидувања како близок на Трамп. Теоријата е многу раширена низ Америка, колку што знам го имаат преземено тој хаштаг, кој предходно се користел за нешто друго.
# savethechildren е движење, а воедно и организација, за заштита на деца и малолетници кои се експлоатирани преку трговијата со луѓе. # почнаа сегде да го пишуваат со цел да се добие медиумско внимание, како што беше и случајот со BLM. Е сега, за Криси има гласини дека била поврзана со Џефри Епштајн. Криси има и многу контроверзни твитови токму на оваа тема: Спојлер
Катастрофално... премлад, само 42 години. Колоректалниот карцином се почесто за жал се јавува и кај помлади луѓе. Алал за храброста и издржливоста, борејќи се со болеста додека играше во неколку филмови.
Татко и на Бритни со години ја затварал дома и он управувал со целото нејзино богатство. Малку чудни слики и видеа става на инстаграм се гледа дека нешто не е во ред. Иначе Џиџи Хадид се сликала со трудничкиот стомак, којзнае колку убаво бебе ќе имаат
По објави цело време кружи хаштаг #freebritney. Наводно на сите им изгледа чудно на видеата и постира објави со чудни текстови. Веруваат дека татко и заедно со сегашниот дечко имаат тотална контрола над нејзиниот живот и пари, а она несмее да се изјасни и да каже во јавност. Плус пак имала проблеми со менталното здравје. Читав и дека пуштала скриени пораки преку самите објави. Колку е се' ова вистина, не знам. Јас баш и го отворив профилот на инста и има чудна шминка околу очи и изгледа баш језиво.
Вистина е дека татко и има целосна контрола врз неа. И тоа легално уште од 2008 год. https://en.wikipedia.org/wiki/Britney_Spears#2019–present:_Conservatorship_dispute_and_the_#FreeBritney_movement
Јас мислам не, мислам дека намерно сакаат да ја оцрнат ама се бива незнам, ама повеке ми личе на тоа.
Не знам за вработените, али клиповите каде што се исмева на нејзините гости поради нивниот акцент, тоа што не знаат да изговорат накој збор, или пак на скроз друг јазик кога зборат, ме натераа да сменам мислење за неа. Никитуторијалс мислам веднаш по завршувањето на емисијата со Елен имаше кажано дека немала баш убаво искуство со неа, и мислам од тогаш почнаа повеќе јавни личности да споделуваат лоши искуства.