Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светски јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pink4ever, 27 февруари 2011.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Секој човек има добра и лоша страна Елен ја сметам за многу искрена особа.
     
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Да да тоа со Ники и јас го видов.
    Баш убаво што кажа јавно каква е Елен. Искрено сметам дека пред камера е една личност, а позади камера сосема друга.
    А и со тие нејзини награди, па кај и да е цела Америка ќе добие награда од неа. Толку многу дава ама се сомневам дека ги добиваат наградите.
     
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Да за тоа ја гледав почесто порано, во секоја емисија огромни награди даваше а исто така и за време на Божиќните емисии 7 дена се растураше од давање поклони. Те ваучери, те патувања, телефони, телевизори.. ама никогаш не ми текнало да разгледам дали стварно некој ги земал наградите, нити па имам видено да се збори некаде за тоа после емисиите.
     
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Тоа со наградите не ги дава лично само таа, наградите се од спонзори. Шоуто е едно од нај гледаните не само во Америка туку и надвор. Јас сум шокирана од цела оваа работа, би сакала да не е вистина, ама штом се крена олку голема прашина сигурно има нешто :(
     
  5. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Ајде во новата сезона би требало да објасни, имаше изјавено дека ќе се зборувало многу за целиов скандал во наредна сезона.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    20200915_104512.jpg

    Ваква опсесија немам видено во животов. Која е целта на ова жити сè, што друго ќе предизвика освен уште поголема недоверба во транс жените?

    Живее во конзервативен fever dream. Ова ко хомофоб да напише книга каде главниот лик е мало момче кое е силувано од геј маж. А изговорот е дека дефинитивно постојат педофили хомосексуалци, а нормализирањето хомосексуалност создава погодна средина за педофили. Вака звучат терфовите.
     
    На Srckata28 и ane.bella им се допаѓа ова.
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Може ли некој да ми објасни што се случува со Бритни, какви знаци праќа?
    Се гледа дека не е добро:worried:
     
  8. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Бритни уште од 2007 кога се случи настанот со шишање лустер нема никаква контрола врз донесување одлуки за својот живот и своите финансии, со документ таа се води како ментално нестабилна личност и сите одлуки за нејзиниот живот ги носи нејзиниот татко. Сега поради чудните постови на инстаграм луѓево почнаја да се прашуваат што се случува со неа, бидејќи во многу постови е облечена во иста облека има секогаш чуден поглед, излегоја гласини дека е затворена и измачувана, дека е присилена да прави такви видеа. И навистина изгледа како видеана да се правени рандом, како да се снимени којзнае кога, па објавени после долго време, пример одговара на прашања кој никој не и ги поставил, како да нема контрола ни на инстаграм. И затоа излезе FreeBrintney Movement, имаше одредени протести, па имаше и интервју на нејзиниот брат и тој ја закашка работата, се правеше како никогаш да не слушнал за такво движење, збореше дека се ило добро со неговото семејство, се огласи и нејзината сестра имаше некаква изјава. Но, не ми се за верување.
    Јас одамна имам забележано дека нешто не е во ред со Бритни, таа како да не сака да биде пеачка, како да не сака да биде славна, секој спот, секое појавување во некоја емисија ми изгледа како да е со сила. Мрачен е тој Холивуд и не им е лесно да славниве личности, сите се обврзани со некакви договори со издавачките куќи и можеби им е ускратена слободата на некој начин.
     
    На elimkd, buba4e89 и темјанушка им се допаѓа ова.
  9. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Страшно.
    Еден живот пропаѓа пред очите на цел свет.
     
  10. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Да и лошо е што ги замачкуа работиве и не ја кажуваат цела вистина. А ако разгледаш и на други славни личности им се случува нешто слично како на Бритни, пример Линдзи Лохан, Аманда Бајнс, Кети Пери за време на албумот Витнес, Мајли Сајрус во 2013та.
     
    На темјанушка и Аргентина * им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Го разгледував тој профил нејзин,нешто не е океу дефинитивно. Разлика ќе приметите меѓу сликите сега и една слика со синот како бебе. Е сега највеќе внимание ми привлече дечкото на Бритни. Не им текна на никој него да го интервјуира?
     
    На Besmrten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    :muscle:
     
    На Besmrten и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  13. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Е да, зошто него никој не го прашува ништо? А ете објавува слики со него, па нешто вежбаа заедно, а има и гласини дека тој и е само бодигард... никогаш нема да дознаеме
     
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Кајли Џенер е многу сменета во позитивна смисла. Не знам колку сте следеле KUWTK, ама кога беше помала беше ептен забавна за гледање. Потоа откако стана популарна, некако се повлече и многу сериозно делуваше изминатите неколку години. Вчера баш ја гледав кај Џејмс на видео и ми делува ко повеќе да е опуштена пред камери и не е толку ко character.
    Исто и на јт видеата со Сторми се преслатки.
     
    На Harper, sunshinebabe, busybee и 4 други им се допаѓа ова.
  15. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Прекрасна мајка е. Се гледа дека доста време посветува со ќерка и, а не го тупува детето на дадилки како повеќето славни личности.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски


    Видеово на одличен начин ги илустрира сите проблематични работи поврзани со транс јутуберката Блер Уајт. Уште од кога знам за неа ми бил чуден фактот што цел канал и' е поврзан со bashing на други транс луѓе што не се како неа. Скоро секое видео и' е во стил: ,,видете ја оваа ненормална транс личност што користи ненормални заменки и има ненормален изглед, среќа јас не сум таква". И фала богу, целата нејзина публика конзервативци се пали на тоа. Во превод, the token trans friend.

    Плус, во најмала рака секое видео го хиперболизира за да биде посвраливо, а некогаш си измислува работи или пак буквално лаже без да трепне само за да да пренесе некое веќе постоечко нејзино верување. Сè ова ќе беше нерелевантно да не ја сметаа луѓето за заштитно лице на транс заедницата. Ама за жал често се случува при некоја проблематика што вклучува транс луѓе баш нејзините видеа да бидат искористени како доказ дека ,,ете, дури и транс жена herself го мисли истото". А всушност целиот наратив на Блер и' е дека сите транс луѓе се ненормални освен нели самата таа и тие што се како неа.

    Знам пред некое време ја спомнавме со @theowndemon во темата за кенсл калчр. Димн, ако имаш време погледни го видеово, баш ја погодува поентата на тоа што кажував тогаш.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.665
    Пол:
    Женски
    D'Angelo го гледам религиозно, иако има ситници на кои не се согласуваме. :D Така да, го имам гледано видеово иако е fresh out of the oven, па и новото од My Thoughts Will Probably Offend You кај шо збора за Cancel Culture и Blare. Тој канал исто "религиозно" ја гледа Блер така да ќе ставам видеото јер делам мислење со неа:

    Also, amazing channel. Иако доминантно збора за фитнес и боди позитивити/ боди шејминг/ токсик позитивити, некогаш бега од "шаблон".
    Ова е пред "извини" видеото на Бјелр кон Џене. Према мене, не е добро "извини" видео, ама не го менва фактот дека то и Бејлр шо го збораше, и шо уствари е истата вистина шо Џене ја збораше али Бјлер лошо потфрли, дека сепак не се во право. Tho видеото требаше подобро структуирано да е, рече нешто за донации кон Џене, ама многу поќе би сакала да ја донеси на канал и заедно да зборат за транс жени во спорт, не вака ... Зад грб, нели. А дека Блер е проблематична - апсолутно. Мислам имаме за ова зборано. Ама не значи дека се збора за инает и дека по дифолт се шо збора е срање јер е проблематична. Поентата е та, е са шо има шити прсоналити јбг. :D @Lella
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Сè што збори е срање не поради тоа, туку бидејќи самата си го прави контентот срање. Она може да е во право за транс атлети во генерала, ама во видеата користи неточни примери. Може да е во право дека Џ.К. Ролинг не е трансфоб, ама лаже дека и' ја прочитала книгата и дека *само на едно место се спомнува кросдресинг*. И јас може да сум во право ако кажам во Скопје воздухот е загаден, ама ако како доказ за тоа приложам топломер, автоматски цело тврдење ми е булшит. И ако некој ме гледа од страна логично е да каже оваа нема појма што збори, а не океј во право е, ама не требало така да каже, ама не направила доволно рисрч, ама ја напумпала приказната, ама потрфлила итн. итн.

    Кога една личност конзистентно се покажува како некредибилна и манипулативна нема што понатаму некој воопшто да ги има предвид нејзините мислења без разлика дали е во право или не.
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.665
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Не треба да лажи и треба подобро да истражува. По дифолт, поентата ако е океј не значи дека не е во право, само дека е срање чоек и на срање начин ја докажва својата поента. Добра поента ја валка. Штета навистина.

    Лично, многу против cancel culture сум како и шо зборавме во даената тема и секој кој нели, не му одговара некој можи комотно да не го гледа. Сите знат дека ете, лажи и потфрла во истражување и секој треба сам да си донеси суд дали ќе ја гледа/ поддржува и слично. Глобален суд не е секогаш добар суд. Исто во видеото шо кладов во претходното мислење има мал коментар за cancel culture и уствари кога можи да е полезен и кога треба да е полезен - а кога не. Ама крај краева, секој носи суд за секој друг околу себе сам.

    edit.
    Во поглед извинувањето морам да се согласам со Inabber

    Убо има опишано шо не чини во таков вид на „извини“ видео. Зато и „извини“ секогаш го ставам во наводници. Иако е најблиску до тоа шо треба вакво видео да изгледа, има еден огромен пропуст.
     
    Последна измена: 3 ноември 2020
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    259.297
    Пол:
    Женски
    Јас денес прочитав за ова и дојдов тука да споделам ама вие веќе сте коментирале :) И Венити фер со приказната за Бритни
    20201114_085827.jpg
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.