Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светски јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pink4ever, 27 февруари 2011.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    И ги пратев емисиите на Елен, а и често гледав исечоци од емисиите на јутуб, ја замрзив кога и беше гостин Меколи Калкин, глумец кој остави траен белег во времето кога растевме, култен детски филмски лик.
    Дотичнава се понашаше многу некултурно и буквално не го остави да се доискаже, ко едвај да чекаше да ја заврши емисијата
    На видеото има доста критики и негативни коментари упатени кон неа
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.979
    Оф топик, човекот е 40 години :o
    Не ми се верува...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира сега, досега го немам гледано тоа интервју.
    Баш ќе го отворам да видам.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    TheWeeknd го има најпродаваниот албум за 2020, кој исто така доби доста пофалби, а не е номиниран за ниту една Греми награда. :fubar:

    Како и да е, мило ми е што HAIM се најдоа во категоријата Албум на годината, иако мислам дека годинава Дуа Липа ќе си оди со најмногу награди. Ако не се лажам она е и најмногу номинирана?

    Чудно ми е како артисти што имаат само по една позната песна благодарение на тикток, ги има на неколку категории.
     
    На Harper, Snow-Star, Star_dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Lella Blair White е, и од секогаш била ебен десничар. Јас не знам разумна либерална личност што би ја користела Вајт како аргумент за било што, со оглед на тоа што е личност која длабоко верува во зацврстување на родови улоги и родови стереотипи.
    Кул, рекла дека тоа што набила цицки не ја прави жена. Тоа не го менува фактот дека радо би ограничила женски права и слободи за своја корист во секое време. Блер вајт никогаш не била женски "сојузник", туку чисто десно ориетирана.
    Ебен подржувач на Трамп е, повеќе од тоа што сакаш?
    Не знам во кои тоа кругови се движиш кај што Блеј Вајт ја користат како аргумент на "разумот", ама ако сакаш од транс лица да чуеш што мислат ти препорачувам да послушаш дел од приказните на жените кои заглавиле во магичниот круг на хормони, транзиција и gender-affirmative care, затоа што со овој тренд на транзиционирање ќе дојде време кога младите девојчиња што жалат за својата одлука далеку ќе ги надбројуваат оние што "конечно се среќни што можат да бидат тоа што се"
    Еве ти за почеток


    Ако ти се слуша што имаат жени да кажат за женските проблеми, слушај жени.
    А не Блер Вајт. Блер нити е жена, нити ја интересираат женските проблеми.
     
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Justin Bieber со "Yummy" е номиниран за Греми, а The Weeknd не е и покрај тоа што" Blinding Lights" е каде каде поголем хит отколку онаа од Justin Bieber.
    Нема логика ова, пак уште Justin место да е благодарен што таква крш песна доби номинација за Греми тој се буни зошто е номиниран во Pop категоријата,а не во R&B (facepalm)
     
    На Purplelilac, Angie1432, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Видов дека за нешто се бунел, ама не знаев дека е за ова. Сериозно он мисли дека прави аренби музика?

    Иначе и за Chloe x Halle ми е ептен мило што се најдоа во некои од категориите. Нивниот албум е исто така еден од подобрите годинава.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Да да, Џастин е најпознат R&B изведувач :rofl:
    Ти не знаеше за ова? ;)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Посебно последниве песни од следниот албум што ќе му биде, скроз аренби. (y)

    Иначе и за Poppy сум позитивно изненаден. Она откако излезе од карактерот одлична музика прави.
     
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно со делот дека не постои разумна либерална личност што би ја сфатила сериозно Блер. Се согласувам и дека не е женски сојузник, и дека во суштина е патријархат замотан во трансџендер опаковка. Се согласувам и дека ги зацврстува и промовира родовите стереотипи и просто се гледа дека ако беше биолошка жена ќе беше од оние што превртуваат очи на феминизам. Знаејќи го сево ова, кога ќе видам кого поддржува, кого брани, сè ми е јасно. :)

    Не ги негирам искуствата на луѓето што детранзиционираат, страшна работа е да не си сигурен во својот родов идентитет и да не знаеш како да постапиш. Ама цврсто верувам дека овој разговор и подигањето свест за овој проблем не треба да е насочен кон целата заедница на транс луѓе. Не е океј, штетно е за напредокот за кој толку време се бореа. Не е фер да им биде одземена достапноста до ресурсот на оние кои се сигурни во својот идентитет. Опциите за транзиционирање треба да бидат достапни, како човечко право, како здравствено право, како што е абортусот за нас. Ако некој се покае што направил абортус, фер ли е да тврди дека не треба да биде толку промовиран или толку лесно достапен?

    Патем, луѓе ко Блер Уајт, Бен Шапиро и слични десничарски конзерви целосно ја поддржуваат Ролинг, а тоа треба да ти кажува доволно.
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Да имаше Џастин пост на инстаграм дека не е дека бил неблагодарен ама овој албум му бил R&B како можеле во поп да го стават драмеше тука (facepalm) да да yummy е ептен у тој стил нема што.

    Мене ми е мило за номинациите на Тејлор. После се што и се случи со Скутер Браун, барем нешто убаво ете. И мило ми е што прави преработка на старите албуми за да не земе веќе динар од нејзе. Очигледно дека типот ко менаџер за некој луѓе е океј ете за Џастин функционира, Ариана Гранде исто, гледам и Деми Ловато веќе некое време е под негово крило некое време иако ич не ја промовира. Ама со Тејлор ептен заеба работа.
     
    На Purplelilac, Star_dust, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абортусот е одлука за еднаш. Безбедена абортус осигурува дека дури и да се покаеш утре можеш да останеш пак трудна и да родиш.
    Транзиција е нереверзибилна одлука. Одлука која се форсира врз млади недоразвиени мозоци кои не само што се стерилизираат уште пред да созреат полово (нели, кому му е гајле за плодност), туку и се стопира целосниот развој, па и развојот на менталните капацитети.
    Лекарското "first do no harm" е целосно заборавено во тој случај, штетата е нешто за што не смее да се зборува. Ова секако не е темата за тоа.

    Доволно ми кажува. Десничарите секогаш се фаќале за било која сламка која барем малку наликува на нивно мислење. И на крај краева, едно што отсекогаш сум зборела против е создавањето на "култови" на поддржувачи. Оти едносмилие е поим со кој порано се карактеризираат култови, секти, диктатури. Ако ја поддржуваат ниту мора ниту треба да значи дека таа автоматски е дел од нив. Таква политика на идентитетот е постмодернистичка творевина која буквално води до Cancel Culture, до group think и до ограничување на слободата на говор оти луѓе се наоѓаат во ситуации да не смеат нешто да кажат затоа што тоа што го кажат би можело да им се допадне на погрешни луѓе па да бидат нападнати заради нешто за кое тие немаат контрола (како на пример кој им лајкнал мислење).
    Или недај Боже да се обидат да поддржат идеја која ќе биде нападната, па веднаш и тие да се стават на мета на напад.

    Кога сме кај познати личности и потребата за groupthink, почист пример од Стивен Кинг нема. Како беше? Од кога ја ретвитна Ролинг буквално му се закачија група активисти да се изјасни дали "транс жените се жени". На што очигледно беше дека има две опции, или да заземе чист политички став и да се соочи со сите навреди и кенцелинг или да каже дека се жени и да остане во "мирни води".
    Пази, прашуваат човек кој 100% сум сигурна никогаш не седнал нити да се заинтересира за транс прашањето. Нити му било некогаш гајле дали транс жените се жени или не. Нити пак му менува нешто во животот дали ќе рече "да или не".
    Тоа ко да отидеш во Германија и да прашаш рандом човек на улица "Заев или Мицковски".
    Го заболе и за Заев и за Мицковски.
    Ама не... тоа е тој живот во тој свет кај што сите што не те апсолутно поддржуваат се против тебе, нема нијанси на сиво, нема индиферентност, или си со нас или против нас.
    Секој што малку се разбира од психологија знае дека таквото размислување се коси со сите основни принципи на благосостојба и когнитивно-бихејвиорална терапија. Таквото размислување има крајно негативен ефект на психата.
     
    Последна измена: 26 ноември 2020
    На theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Океј. Да беше абортусот неповратна стерилизирачка постапка ќе тврдеше ли дека не треба да се форсира како валиден избор, или не дај боже дека не треба да е лесно достапен? Постојат жени што во никој случај не би абортирале, дали поради религија, дали поради некои си лични морални убедувања, небитно, за нив абортус е крај на свет со психички, ако не физички последици. Ај да им го одземеме абортусот на сите бидејќи овие специфични жени би биле повредени ако случајно „подлегнале на пропаганда“ која поддржува и окуражува абортирање како избор. Сè се сведува на тоа колку ти како индивидуа си доволно зрела да избереш што е најдобро за тебе. Начинот да се спречат грешки од незрелост не е да им се одземе правото на сите, тоа нема смисла и не е во ред.

    Те разбирам за ова, ама ова е повеќе од само обично „еј вмровец ми лајкна пост што има патриотски импликации, не значи дека јас и вмровецот сме исти“. Овие ликови се познати по своите анти-женски конзервативни патријархални убедувања. Нивните твитови, видеа и активности се директно нефеминистички. Кога нефеминистичка личност упорно се согласува со твоите ставови,тогаш има проблем. Не значи дека ти си тајно нефеминист, туку значи дека работите што ги постираш му годат на самото олицетворение на патријархатот, а тоа е проблем.

    Немој да ми кажеш дека не те маваат кринџови кога Евангелос ќе ти лајкне пост. Знам дека ти и Евангелос сте скоро дијаметрално спортивни, ама кога се работи за мислења што се во полза на патријархатот и уназадување на борбата за еднаквост, жал ми е, на иста страна сте, тоа е факт. И не го кажувам ова ко апсолутен доказ дека тие мислења се штетни, туку како индикатор дека покрај добрите намери, нешто не штима. Не може да тврдиш дека си против патријархатот, а во исто време патријархатот да те поддржува. Не одат тие две работи заедно.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ама не е, а што би било кога би било, не знам да одговорам.
    За жал по факти се водам, не по "замислувања".
    Баш тоа е муабетот што го зборам. Ме фаќа кринџ кога ми лајка Евангеос мислења, и кога ми се има во ЛП пбратено муј имам одговорено дека не се согласувам со неговото мислење.
    Види, Евангелос пати од истото црно-бело размислување. Нему не му е битно да го разбере моето мислење. Нему му е битно што јас не се согласувам со тебе и тој не се согласува со мене. Не е битно што јас и тој се разликуваме и во аргументи, и во причина и во целосното мислење.
    На крај, ти и Евангелос сте тие што сте подржувачи на опресијата на жените.
    Едниот од страна на патријархатот, другиот од страна на потмодернистичко бришење на женските права.
    Жените преку борба си ги здобиле правата против кои вие се борите.
    Феминизам и ограничување на правата на жените и доведување на жени во опасност никако не идат заедно.
    Ја гледаш очигледната разлика?
    Јас зборам за значење на моите, твоите и мислењата на Евангелос. Ти зборуваш за кој-кого лајкнал.
    Тоа е разликата од сум прочитала и сум разбрала што зборувате но сепак не се соглаувам со вас и "видов кој те лајкнал не те ни читам, твоето мислење не смее ни да допре до мојата свест".
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    :bandit:
    Ве молам, не ги заборавајте и Gina Carano, John Cleese, boop/ bop/ beep и полицајката од Камбоџија...:D
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Порасипано суштество од Скутер Браун нема, јас знам дека сето ова е бизниз ама не може така да си играш со некој, до тој степен.
    Стварно ја оштети Тејлор ама и таа не седи со скрстени раце, баш убаво што одново ги снима старите песни барем ќе знае дека се лично нејзини.
     
    На BeYourself, Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    И зошто одлучи да ми го игнорираш вториот дел од пасусот кај што потенцирам дека за некои жени абортусот е психички иреверзибилно штетен? Тоа е исто така факт. Зошто не збориме за тие жени и како нив да ги заштитиме од форсирање и (за нив) погрешни одлуки?
    Ултимативно на кој му одговараат вашите напади кон транс жените? На кој му одговараат тие буцкања и тоа плачење и жалење на секој обид за инклузивност кон транс луѓето? Секако, на Евангелосите што имаат став ,,сè знае што е машко, што е женско" во пакет со сите можни патријархални стереотипи. Тоа е факт, тие бенифитираат, па колку сакаш имај ти различни причини и аргументи. Со портретирање на транс жените како проблем им правиш услуга на чиченцата, им ја вршиш нивната работа, пион си на патријархатот буквално. Horseshoe theory во акција. Зарем стварно мислиш дека сексистите се имаат здружено со транс лицата за да нè опресираат нас, кога она ,,се знае што е жена" верување потекнува буквално од нив?

    И фала богу не зборам за кој кого лајкнал, зборам за кој ја има крајната придобивка од сево ова. Не се обидуваш ни да претпоставиш кои ми се поентите. Кажав, те сфаќам од каде доаѓаш и дека имаш добри намери, ама ако сакаш да правиме муабет ќе мора и ти да пробаш да сфатиш. Инаку која е целта?
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Затоа што жените не се под притисок и под убедувања дека мора да абортираат. Често убедувањето оди под друга страна, дека не смеат да абортираат и мора да го задржат бебето.
    Споредбата ти е катастрофа, и реков, што би било кога би било не е мој метод на размислување.
    Не знаев дека млади девојчиња на 13 години можат легално да абортираат без согласност со родителите.
    Од друга страна, млади девојчиња на 13 години можат да бидат ставени на хормонална терапија не само без согласност од родителите, туку сосема тајно од нивните родители, кај што цели институции се обврзуваат да кријат од родителите дека детето, да во било која смисла на зборот ДЕ-ТЕ-ТО им е на хормонална терапија која не само што ќе го остави неплодно туку и ќе му го сопре целокупниот развој. И физички и интелектуален, оти на 13 мозокот не е никако развиен.

    "Се знае што е жена" потекнува од биологијата.
    Ни шминка, ни штикли, ни розе суќња, ни долга коса не прават некого жена.
    Фетишизирање на женското тело и женственоста исто така не те прави жена. А бога ми, примери за фетишизирање на женското тело во транс двожењето имаш колку ти душа сака.
    Патем, нешто што никогаш не си ми го одговорила. Зошто повторно правиме муабет за што те прави жена, а не што те прави маж?
    Зошто повторно го слушаме гласот само на трансжените, а не на трансмажите?
    Пак еднолично се зборува само за личностите од машки пол. И во движење во кое наводно би требало да биде наопаку, пак машкиот глас е појасен.
    I see a pattern developing.
    Да ги поддржам целосно транс жените за да им ја олеснам работата на "чиченцата", а?

    Друго, кој има најголема корист од масовно транзитирање на луѓе?
    Па фармакологијата бе Лела, зарем си толку наивна?
    Цела фармакологија работи на создавање хормони и антидепресиви. Буквално само тоа се произведува, оти таму се парите.
    И да, кога сме веќе кај тоа... Те молам да ми наброиш примери кај што намерно се прави штета на телото, за да се постигне нешто "супер", затоа што факт е дека е сопирањето на побертетот, и хормонските терапии прават непоправлива штета на телото, а со тоа и на умот затоа што "Во здраво тело - здрав дух".
    Оти нон стоп ми игнорираш дека ова е нарушување на основниот лекарски принцип: Primum non nocere (first, do no harm).

    Кој има крајна придобивка? Па најголемите десничари имаат огромна крајна придобивка од транзирањето на населението.
    Зошто Евангелос е против транс луѓето? Евангелос не прави основна разлика помеѓу хомосексуалец и трансродова личност. За него сите се "ебени педери". И ти очекуваш глас на разум од некој таков?Кај него и целата реторика влече корени од ХОМОФОБИЈАТА. Како коментарите по ФБ што ги гледаш за "нашмикнканите педерчиња". Сите тие ти влечат корени од хомофобични идеи и патријахални родови стереотипи.
    Зошто ебен Израел, Индија, Тајланд, Србија се најпознати дестинации за операции за промена на пол? Да не е случајно затоа што се најлиберални? Знаеш колку млади геј луѓе и лезбејки транзиционираат оти поприфатливо е да си стрејт, па макар и трансџендер отколку геј? Како влијае тоа на правата и видливоста на хомосексуалците? Мислев дека се сложуваме дека конверзиона терапија е нешто неприфатливо.

    Ах, и дали штикли, шминка, долга коса и розе облека те прават жена? Тоа според патријархатот е одлика на жена. Според трансактивизмот исто, оти нели, мораш да си го искажеш родот некако. Express your gender. :D
    Феминизмот цело време се бореше против овие стереотипи, не можеш да кажеш дека е феминистички да ги прифатиш и кажеш "браво" :D
    Убаво те сфаќам што зборуваш, а ќе сфатиш и ти, во тоа сум сигурна :)
     
    На dayla, Nausicaa, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.507
    Пол:
    Женски
    Дали според ова сакаш да кажеш дека е неприфатливо за една жена да се шминка, да се дотерува и слично, затоа што во тој случај индиректно оди против феминизмот и сето тоа за што се залагале?
    Онака прашувам.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не. Таман работа. :D
    Дали некој/некоја ќе се шминка е сосема индивидуална работа. Единствено што сум против е поврзување на шминка со среденост, како must have кај жените.
    Среденост вклучува чистота и соодветна гардероба за приликата.
    Се натаму треба да биде личен избор, а не нешто што се смета за задолжително.
    Сакаш да носиш суќна на работа? Сигурно, носи си. Ама секогаш треба да ти биде достапен изборот да носиш и панталони ако така сакаш повеќе.
    Сакаш да носиш штикли? Ако, носи. Ама никој не треба да може да те принуди да носиш штикли на работа.
    Сакаш да се шминкаш за на работа? Ако, шминкај се. Ама шминка не смее да биде задолжителна за твојата работна позиција.

    Оф топик ептен отидовме, модераторот нека испопремести се ако не.
    Ама на крај краева има многу разлика од "ќе се нашминкам оти сакам, така ми дојде, ми се шминка" до "ќе се нашминкам затоа што не смее никој да ме види ненашминкана". Ова второво имплицира на позадински проблеми. Не можеш да кажеш дека личност која постојано чувствува потреба да поправи нешто на себе се сака самата себе си или има изградено здрав однос кон своето тело. Таквиот однос кон шминкањето е наметнат од општеството и од општествено изградени идеали за како треба да изгледа една жена.
    Дали ќе отидам некогаш да речам на некоја жена "леле, како можеш да се шминкаш? Знаеш ли колку е штетно? Што правиш, подлегнуваш на патријахални измишљотини". Таман работа :D
    Повеќе би рекла дека цел на феминизмот е израснување на генерација жени и мажи кои нема да бидат опседнати со тие родови стереотипи, бришење на "абе машко е, сака да се закача", бришење на "колички не се играчки за женски", бришење на "розе е женска боја" или "суќњи се само за жени". Камо да бидеме таа генерација мајки што ќе стави крај на овие глупости.
    Феминизмот не се занимава со индивидуата, туку со општеството. А семејството е клетка градилка на оптеството. Промената мора да почне од дома.
    Не за семејното насилтво во домот, не за неправилната распределба на домашните работи, не за родовите стереотипи.
     
    На dayla, Nausicaa и Angie1432 им се допаѓа ова.