Се согласувам со поголемиот дел, ама не можам да го замислам светот без било какви родови улоги.Сепак, мислам дека спонтано во едно општество се креираат различни улоги со цел полесно да функционираме.И нормално, можат да бидат различни од култура до култура, ама секогаш постоеле и не знам дали би било корисно и возможно да се настојува целосно да се избришат...
Се согласувам. Зборам за стереотипи, а не родови улоги. На пример, и мајка е родова улога која повлекува и должности, а бога ми и права во општеството. Таман работа мајка да се избрише како родова улога, со тоа би се нарушила и правната заштита која ја имаат жените како родител. Тоа е многу поразлично од дали смееш да не штикли. Носењето штикли е стереотип, а и штетна практика само по себе. Сите знаеме зошто се носат штикли, ти ги издолжуваат носете, ти ја искривуваат положбата на телото за да се истакнат задникот и градите. Долгорочното носење штикли е штетно по здравјето и му прави огромна штета на телото. Јас на пример сакам штикли, ама сакам слобода да ги носам кога јас ќе посакам, не да мора да ги носам. И нема да кринџам на маж во штикли, уште помалку ако знае да оди во нив. Е, маж нема никогаш да биде мајка, ама нема нешто што спречува маж да носи штикли. Тоа ми беше поентата. Оти ништо не го спречува мм да земе правосмукалка и да зачисти по дома, не може тоа да биде само женска работа. Ама доењето и те како ќе биде, секогаш, и факт е дека децата имаат различни врски со мајката и таткото. Нема сега да кажеме "не може така, мора да имаат исти, нели"?
The Weekend можеше да добие некоја номинација, но јас мислам секоја година ги прават номинациите и наградите за некого да издигнат, па ги распоредуваат кој на кое шоу ќе му дадат најмногу награди. Викенд доби многу награди на МТВ наградите и сега за Греми нема место. Обично Греми наградиве од година во година не ги исполнуваат очекувањата на луѓево и изгубен е веќе кредибилитетот на самите награди. Се стана шоу. За Џастин Бибер можеби добро е што се побуни бидејќи навистина и номинациите некогаш ги даваат ради реда, а и наградите, пример Blinding Lights на TheWeekend доби награда за најдобра R&B песна, а песната е поп. И за Тејлор не верувам дека ќе и дадат некоја награда, може една, но опасна е таа, бизнисменка, на многу начини се обидоја да и наштетат, но не успеаја.
Читам за Тејлор сте спомнале дека ги преработува сите стари песни. Дали овој новиот албум Folklore ѝ е со нив или е засебен со нови? И што се случувало со Скутер ако може некој накратко. Во зимски сон сум, па немам баш следено.
Еве тука имаш детално раскажано за сѐ што се случувало. https://variety.com/2020/music/news...brauns-sale-of-her-catalog-saying-1234833284/
Греми наградите веќе одамна го изгубија својот кредибилитет. Ама годинава претераа, ниту една номинација, срамота. Итоа веќе не е тајна дека тоа е поради тоа што The Weeknd прифати да настапува на полувремето на Супербол, го условувале со или-настап на Греми, или да продолжи да преговара за Супербол, при што како и секој со здрав памет тој го одбрал второто. А Бибер тоооолку многу сака да е црн, што дури се бунел и за категоријата.
Мене новиов албум не ме бендиса толку многу, ама ќе го преслушам пак. Не дека се лоши песните, ама folklore ми се допадна повеќе. Песната со Haim ми е хитче. Инаку читав некаде дека овие два албуми се дел од трилогија и дека за некое време ќе објави и трет дел.
Се сложувам. Баш затоа ми е ептен жал. Уште еден албум ако снимат ко три... Иначе баш мислев дека убаво им оди во последно време.
Џеси има многу карактеристичен, убав глас и им даваше посебен шмек на песните. А баш мислев дека убаво им тргна периодов. Добра група се, убаво би било да не се распаднат, иако мислам дека на тоа оди веќе..
И јас мислев дека супер им оди и си реков ова е можеби единствена група што опстојува долго време и еве што се случи. Можеби ги подреков
Го преслушав Evermore многу пати и песни кои ми се допаѓаат се willow, no body no crime, ivy, evermore, tolerate it и можеби champain problems, но не ми е како folkore, на тој албум сите песни ми се допаѓаат, кога го слушав од ден на ден се некоја од песните ми се засвиѓуваше, дали некој стих ќе ми остане во глава или дел од музиката. Со evermore не е така, некако и текстовоте на песните како да не се добри, многу повторување на исти зборчиња, стихови и брзо ми здосадија.
Дали некој ја прати драмата што се дешава со Iggy Azalea? Баш најде на католички Божиќ цела драма да направи. Не можам, а да не се насмеам