Да. Мене сите спотови од последниов албум ми се предобри и уникатни. Туку, видовте ли дека Ким и Канје се разведуваат?
Имаше испади на твитер Канје. Кажуваше како Ким и Крис се обидувале да го затворат во болница, како немал да даде Норт некогаш да се слика за Плејбој ко Ким...
Јас колку што читав Канје има биполарно растројство и одбива третман и медикаменти. Сигурно не е лесно да живееш со таков човек кој буквално ги има сите можности да добие помош и да биде добар за себе и дечињата и сепак не сака. Наводно не сакал да биде на терапија зошто ќе му ја снемало креативноста
Сега пак, гласини дека Канје ја изневерил Ким со Џефри, е врв! Од каде им истекнуваат вакви работи не знам.
А нели одамна уште имаше нешто дека овие двајца (ќе) се разведуваат како да ми има останато во сеќавање некоја таква статија. А зошто се разведуваат, само они си знаат.Не е се така како што изгледа
Канје имаше твитнато порано дека сакал и се обидувал да се разведи од Ким, но не можел поради Крис и Ким и дека затоа сакале да го затворат во болница. Сега приказната е дека Ким него го остава. Искрено и него не би рекла дека му е многу лесно со оглед на тоа дека Кардашианс знаат цел живот да си го одглумат и исценираат за повеќе гледаност. Не дека ги хејтам нив или било што, но не секој сака таков живот. На крајот како што рече членката, самите тие си знаат најдобро, не е се како што изгледа. Кога сме кај разводите, малку весела математика.
Вчера ми излегоа еден куп скриншотови од приватни пораки на Armie Hammer(актерот од Call Me By Your Name) каде тој многу детално се изјаснува за своите канибалистички, rape и CNC(consent non-consent) фетиши. Врв на се има и гласовни пораки каде тој индиректно ги потврдува пораки и нивната содржина,а вчера официјално се повлече од филмот Shotgun Wedding поради интернет хајката шо се поведе против него.
Арми имаше и некој скандал после CMBYN, нешто поврзано со MeToo беше. После сето ова, хајпот што го имав за продолженија на CMBYN, веќе не е ист.
Да да, имаше неколку контроверзни твитови и случки поврзани со MeToo, всушност хронолошки гледано тој од многу порано е вплеткан во овие глупости само во последниве години некако сите работи испливаа на површина. Останува да видиме шо ќе се случи, нема да се изненадам ако му стават крај на неговата филмска кариера.
Баш дојдов за Арми да пишам, не само пораките (за кои понатака на твитер имаше и демант демек дека се фејк), туку има и сведоштво од негова бивша девојка за неговите изопачено насилни фетиши и генерално екстремно манипулативно и abusive однесување како партнер, поради кое дури и била хоспитализирана со посттрауматски синдром Знам дека целиот вајб му беше weird на некој начин, беше ептен проблематично и тоа што како турист-инфлуенсер ширеше пропаганда на идеализирана слика за Саудиска Арабија (каде општо има огромен проблем со човекови права и хомосексуалноста е нелегална), ама ова... Ептен ме згрози, Call Me By Your Name ми е еден од омилените comfort филмови, секако сигурно ќе отпадне снимање продолженија ама не знам како би го гледала воопшто со исти очи и првиот дел од филмот
Никогаш не сум бил фан на латино музика, ама новите песни на Selena се магични. Одвај го чекам албумот следнава недела.
^ Голем замав направија латино изведувачите последниве години, особено ќе ги спомнам Малума и Осуна/Озуна, успешно се пробија на сцената во Сад, во секој можен спот се јавуваат Треба да слушнам некоја песна и од новите на Селена, не знаев дека свртила и таа на латино.
Мене De Una Vez и Baila Conmigo ми се fave Оваа последнава Selfish love не ми е нешто wow ама затоа спотот ме бендиса,интересен е.