Се согласувам, навлечена сум на baila conmigo. Јас пак воопшто и не сум некој фан на Селена, но сосем случајно ми излезе песнава and I'm addicted.
Јас сум опседната со песната на Billie и Rosalía - Lo Vas A Olvidar. Треба Били повеќе песни на Шпански да пее.
Да. Од Buscando Amor очекував повеќе со оглед на тоа што имаше кажано дека ѝ е омилена песна од албумот, меѓутоа Vicio и Adios повеќе ми се допаѓаат.
Мене пак Vicio не ми се допадна нешто многу, омилена ми е Dàmelo To бидејќи има некој заразен ритам. Инаку дали запримети дека гласот ѝ е многу електронски обработуван во некои песни? Или ми се причинува нешто мене?
Мене воопшто не ми се допаѓа. Сите песни исти ми се. Видеата со текст на youtube, ептен без врска, ми се сврти од зумот.
Да, се осеќа аутотјун во песните. Не. Ниту па онлајн има некаде да гледаш. Мислам дека треба да си претплатен на таа британската телевизија за да гледаш, сите други преноси(нелегално) ги блокираат. Иначе ти прашуваше за White Dress од Лана. И песната и албумот и сѐ ликна. Дефинитивно ѝ треба нов тим. За NFR рандом касета се најде кај некое девојче кое не ѝ е ни фан и цел албум на телефон го преснимала. COTCC кај некои стигна цедето 11 дена порано. Хаос. Недостасува момент во албумот, звучи ко for fun да е направен, меѓутоа онака чил ми е.
http://www.femina.mk/новости/животн...gLV-CkAunnGfNx7LVI1UQ9esSZHdPPkkv-1gXx6S6W5Ns Спојлер: Коментари фејс Извртување на приказни, разбирање како сакаш, среќа на туѓа мака.. Брука.
Никогаш не сум имал ништо против Кардашијанс, дури и интересни ми се за гледање, ама ова е претеризам.
Изненаден сум од новиот албум на Деми. Одамна немам чуено албум кој звучи онака како што е предвидено да звучи. Деми кажа дека албумов ќе биде базиран на нејзиното оздравување после предозирањето во 2018 и навистина звучи така. И без да обрнете внимание на текстот на песните, се чувствува некој fresh vibe во нив. Најверојатно тоа се должи на гитарата и електричната гитара кои се застапени во речиси секоја песна. Продукцијата на албумот е полн погодок. Иако не е многу експериментална, воопшто не звучи repetitivе. Сѐ на сѐ, одличен албум.
Да прашам зошто се растурија one direction? И дали Хари од бендот е геј? Само што изгледав филм кај што глумеше па ми текна
Мислам дека се растурија заради Zyan. Откако тој го напушти бендот направија уште еден албум и се растурија, па сите направија соло кариери, Хари е можеби најуспешен и најубава музика прави. Инаку има изјавено дека не сака да го прашуваат за сексуалната ориентација, тоа не го гледа како нешто важно. Знам дека беше во врска со Taylor Swift, но сепак ништо не се знае.
Гледав топ листа на MTv, на прво место беа BTS со butter, заразно песниче, почнав да пребарувам и други нивни песни и стварно интересно звучат, ама некако нели се многубројни дечкиве во бендов дури 7 души по ништо не се разликуваат еден од друг освен по фризурата
Леле истото го помислив, зедов ги гуглав да видам дека стварно се 7 различни члена. Јас мислам дека се премногу 7 души во еден бенд ама ете можело и така.