Го видов ова на меме во смисла јас кога станувам да јадам навечер Не знаев дека е Ким ама жити све, глупости
Секоја година се полоши и полоши комбинации. Меган Фокс највеќе ми падна во очи, најверојатно пошо сум луда по црвена боја. Ама се издвојува од толпата дефинитивно. Не е лоша и комбинацијата на Lili Reinhart.
Мене ми излезе слика со дементорите од Хари Потер Ми се допадна Емили Блант, а многу ми фали Блејк Лајвли на Мет галата, многу, царица е.
Многу слично со Лили. Скоро исти се иако на Лили ми е подобра креацијата. Ако и оваа има 50 цветови (демек сад) тогаш ептен биле идентични.
Годинава темата беше многу опширна и речиси сите си имаа логично објаснување за тоа што го носат. Грајмс на пример била инспирирана од некој американски Sci-Fi филм, што тотално прави смисла. Мене искрено многу од аутфитите ми се допаднаа, меѓутоа и повеќето беа премногу ко за на Оскар, а не за на Мет Гала. Би ја издвоил Грајмс, Били Ајлиш, Џеј Ло, Сиера која имаше аутфит со интересна позадина... Кристен Стујарт исто така ме изненади. Ники Туторијалс сосема on brand. Кога станува збор за Ким, до последната Мет Гала, коментарите беа како на секоја Мет Гала само тенок струк и шминка на неа имало, сега е буквално спротивното и луѓево пак се незадоволни. Настрана религиски/политички заднини, за нејзиниот лук можам да кажам дека ми се допадна. Овие со Tax The Rich, не знам... кринџ? Знам дека AOC нема лоша намера, ама...
Грајмс носи Ирис фан Херпен, холандска креаторка чиј скоро цел опус е фантастичен. Џеј Ло одлична, Кендал Џенер, Кристен Стјуарт, Иман, Лорди и од мажите Дан Леви и Џастин Бибер. Ким бар ќе ја памтиме со мемињата.
Мене ми беше досадна темата за Мет годинава, а и општо не сум фан на Мет галата, ко што имаше еден коментар се осеќам ко ѕвездиве да се од the Capitol од the hunger games и парадираат таму дур светот се распаѓа И оваа со пораката демек tax the rich, gurl си платила 30000 долари за да одиш на галата, you are also the rich. Јас ќе прокоментирам некој look од met after party. Лили многу едноставно облечена, ама многу добро и стои. И Кристијан Сириано срцка, одличен му беше фустанот што и го направил за галата. На Каја Гербер многу убаво и се надополнува со изгледот од мет галата, а Џејкоб Елорди ми е премногу обично облечен и каде со кондурчињава Иако не е мој стил Maдисон изгледа барем подобро од тоа што го носеше на мет галата. Мене изгледот на Grimes ми е омилен, многу екстравагантент и предобро ми изгледа. А да и само сакав да додадам, зошто Hailee Steinfeld е непрепознатлива, немаше да знам дека ова е она Спојлер Како е ова истата личност
Мене Били Ајлиш ми беше најубава.Прекрасна како пепелашка.Иман исто така многу грациозна со креацијата.И Грајмс ми се допадна, Барби, Кендал, Лили, Џиџи, Емили, Меган Фокс...иако за последниве не видов која е поврзаноста со темата, сепак изгледаа одлично, совршено да не речам. Вака тематски најпогодени ми беа 2018 и 2019, вака годинава имаа послободна тема и одма се приметува дека се како без насока. Туку поентата на мет е да бидат облечени "почудно" отколку за вообичаен свечен настан, не знам зошто толку луѓево се збунети од креацииве и нивната екстравагантност кога токму тоа е целта.
Во првичниот пост што ми беше наменет за во темава, имав пишано дека сум изненаден од Хејли. И јас не ја препознав на тепихот и отпосле кога видов на Вог дека е она бев ко уау. Грајмс е одличен гостин за Мет Гала. Иако не е толку позната, досега 4-5 пати има присуствувано, што е реткост за многу од познатите личности, ама навистина заслужува.
Met gala 2021 - најмногу ми се допадна Ali Yara Shahidi. Кендал беше преубава исто. Ким беше како shadowperson, многу ми беше језива. Сликата од двете сестри е веќе meme Били Ајлиш мене не ми се допадна искрено. Знам дека се инспирирале од Мерлин Монро и фустанот сам по себе е убав, ама не ми се допадна целосниот изглед на неа. Мислам дека ја утнаа Били со фризурата многу, и во формата и во бојата. Не личеше на себе, ми личеше како теткица. Џенифер Лопез ја обожавам, омилена пејачка ми е, ама не ме воодушеви и нејзиниот каубојски изглед, многу една боја (иако сакам кафена боја), многу натегнато се...напорен изглед некако. Ми се допадна изгледот на Ники (Ники туторијалс), бојата на фустанот и одговараше совршено со тенот. Значи може да заклучиме од оваа Мет гала дека ако ни студи престојниов период, може да излеземе надвор стуткани со ќебенцето/јорганчето и истовремено да бидеме моден погодок..
Во „приказната“ се покутри дивите свињи. Луѓето им го нарушуваат природниот хабитат до тој степен, што тие мораат да бараат храна во градски парк, во чантата на факинг Шакира. и, таа, со тоа да лови clickbaits со „шокатноста“ на случката.