Adele is coming... Само нели треба 31 да биде албумот? Обично две бројки пред нејзините реални години се викаат албумите. Или овој беше планиран за лани, но поради пандемијата се одложи.
Бритни ја доби конечно слободата ама од она што објавува на инста воопшто не ми изгледа дека е психички здрава
Баш лани зборев со некој на темава како девојките од Литл Микс се ептен сложни и супер се држат и сега ја имаат најголемата драма што сум ја видел кога некој член ќе напушти група.
Џеси ја обвинија за блекфишинг со новата песна и спот. Потоа Џеси наводно ги блокнала сите членки на Литл Микс на инстаграм и Ли Ан(од Литл Микс), тоа го кажала на некој фан преку инстаграм диемс и исто така има кажано за Џеси дека е лоша личност. Фанот направил скриншот од конверзацијата и ја објавил на стори. Потоа Ники Минаж беше на лајв со Џеси и објаснила зошто не е блекфишинг спотот на Џеси. Ама исто така Ники беше ептен арогантна. Кажуваше работи кон Литл Микс, веројатно конкретно беа упатени кон Ли Ан, ко демек ако сакала соло кариера нека кажела и дека била љубоморна на Џеси што соработувала со Ники и Диди.
Се согласувам со @Indiegurl . Во денешно време за сѐ се претерува и да дишеш е погрешно. Спотот си е нормален, а драмата со Џеси и останатите девојки од Литл Микс е непотребна, колку толку треба да имаат почит една спрема друга. Сепак долги години беа во иста група.
Има секакви верзии. Некои викаат дека Џиџи и Зејн се раскинати веќе месец дена и Јоланда неповикана му упаднала дома, додека детето било кај него. Други викаат дека ја нападнал бидејќи продала слики на медиуми од детето... Јоланда секако е ѓавол, ама Зејн требал само на обезбедувањето да каже да ја изнесат надвор, или да викне полиција. Сега не смее никако да ѝ се доближи на Јоланда, а и треба да оди една година на терапија за anger management.
Меланија Трамп си носи типичен балкански, екс-ју менталитет, жими се. Редовно нешто не и чини и тешко и оди да го прикрие тоа според гестикулациите и изразот на лицето
Мелани има толку лош брак што веќе ни пред камери не може да го прикрие незадоволството. туку, овај Салт Бае готвачов, ги гледам виедава што ги објавува, освен што безобразно го сече месото, посолува со раката, на кој му е привлечно тоа јадење тоа цури маснотии од сите страни, месото и не е некој афродизијак за онолку да влага во филм, да беше чоколадо и слаткиши разбирам, ама она за око ми е бљак камо ли да го јадам. Го следам ради што страшно добро изгледа и во одлична форма е , можеби и харизмата си го прави своето