да си жива Го изгледав и се скинав од смеење на гласот, и плус коментарите и мемињата на Твитер ау...
Еј ама стварно не се тачни бе, го распнаа човекот го видов и јас, не е мал како што велат, баш таман average е
https://zenskimagazin.mk/ova-e-moja...e-go-objasni-nesekojdnevniot-trudnichki-stil- не му студи на бебето вака? чим носи бунда или шо и да е шареното, ваљда им е ладно таму уште
Не осеќаат, само не треба премногу да се загрева стомакот. Инаку топла е водата константно внатре. Иако чудни ми се комбинациите малку, гол стомак и бунда
Ептен лошо..не знам што мода гледаат луѓето во нејзините комбинации. Плус бременоста само за тоа се зборува и го рекламира претходно никаде ја немаше. П нема од пејачка веќе.
Како ја немаше? Со Fenty beauty цело време беше присутна. Промоции, ревии еден куп. А во врска со пеењето, жената си создаде цела империја од која заработува многу повеќе отколку кога беше пејачка. Па и јас на нејзино место да бев немаше повеќе да пејам.
Ријана веќе толку напорна стана со рекламирање на стомакот, ко она да е првата и единствена жена што е бремена. Ми иде некогаш да одам и да ја породам, а и нашиве страни па само за тоа пишуваат, "Ријана го откри трудничкото стомаче" и вакви вести еднаш неделно мора да има, а што е што она не го покри стомачето од почеток. Стајлингот подобро и да не го коментирам, со еден збор катастрофа.
Преку глава ми е од Ријана и Ким-Пит-Канје... Дајте нешто поинтересно. Видовте ли дека Бела Хадид правела пластична операција на нос на 14 години? Таа Јоланда мајка им треба да ја уапсат. Џиџи година дена и повеќе го криеше детето, оваа Јоланда го фатила за рака и го носи по улица. Ме чуди Џиџи со кој памет ја остава на неа после скандалот со Зејн. Точно дека ѝ е баба, ама таа жена не е баш здрава.
Многу лошо.Читав демек намерно не купувала трудничка облека, тоа општеството го наметнувало, ете она немало да се носи така.Не жено, со толкав стомак, гарантирам дека е поудобно во фустанче и рамни патики, него на 10ка тенка штикла и маиче едно со врвки напред шо го носеше.Бар мене би ми било поудобно нешо лефтерно да носам, него да се стегам у панталони и фенси маички кои не одговараат на нејзината моментална состојба.Башк, не дај Боже да се утепа негде со штиклите.Колку познати стана мајки, никоја не ја ,,силуваше” бременоста волку. @Ketchup како на 14? Па тогаш допрва растеме, не остава простор да расте носот ко шо треба.Ја мислев природна е 100% мислам, без операции некакви де
Не само таа буквално сите славни личности денес во прв план го ставаат личниот живот па после професионалниот...Изгледа повеќе се заработува од такви драми или може па пасијата за оригиналната професија не им била толку голема Како сончогледите се..каде има што повеќе таму се вртат. Кога следиш некој фитнес тренер за пример очекуваш да гледаш такви објави а не неговиот или нејзиниот одмор на Малдивите..