Ќе ги бара еден ден бубрезите оваа Рири толку гола што се фрцка зимно време Шала на страна,непријатно е за око. Ама јавни личности се, не можеш да им забраниш да изиграваат бесни глисти за да бидат центар на внимание. А за Бела Хадид баш ми падна жал уште од мала што си има набиено комплекси како "погрдата сестра" . Мајка и не ја коментирам
Пааа точно е тоа. Денес на пример многу заработуваат од социјални мрежи, па затоа го прават тоа, приватниот живот е на прво место. Инстаграм популарноста на пример многу им ја зголемува заработувачката, а за да те следат голем број луѓе треба да најдеш начини да се "продадеш".
Точно ама треба да се има некој баланс барем според мене. Да се знае сепак зошто е личност славна и која е професијата, да даде акцент на тоа. Во случајов не дека и од музика не се прават пари ама се поретко некако инвестираат во тој дел...иако да, ретко кој се задржал на првичната професија.
Што е најтрагично тврди дека само операција на нос има направено. Едно време и тоа не го признаваше, ај за некоја година можеби и другите операции ќе ги признае.
а мене па баш ми е слатка. Плус јавна личност е,сака да е во центар на внимание,да се пишува и зборува за неа. Кога би била јас трудна вака не би се соблекувала, иако мислам дека би шетала со голо стомаче ама во повкусно и попристојо издание на места кои би го дозволиле тоа односно на топли дестинации кога би била на одмор.
Ријана и претходно имаше кажано дека само оти е трудна не значи дека ќе смени стил. And I love her for it. И сакам поќе слики.
Фаца да, ама надолу .... дојките .... Трудничко стомаче да ти се гледа да немам ништо против слатко ми е . Али брате криеш криеш и наеднаш секое појавување ти е ултра голиот стомах. досадна е
И Мајкл Џексон тврдеше дека само носот му е корегиран и сите на исто се вадат дека со тек на годините луѓето се менуваат физички …
Музичката индустрија е многу лоша. Јас имам читано дека Ријана до 2010 година била под некој менаџмент што ја крадел и немала воопшто сопствени пари. Искрено, она е единствената пејачка што ја смени козметичката индустрија со својот бренд. Така да, и да одлучи цел живот само на тоа да се посвети, ич не ми е криво, бидејќи ставрно ја бива. На тема Бела Хадид, јас па ѝ верувам дека само на нос има правено операција. Устата нема филер дефинитивно. Уста со филер речиси и да нема текстура, додека нејзината си има нормални линии. За очите исто не верувам да правела нешто бидејќи на сликата од Вог не ѝ се кренати ко на ревии што ѝ се. @Feminka22, јас ко што знам коските на лицето се развиваат до 21 година и доколку направиш некоја промена со зафат, може да биде бадијала кога лицето скроз ќе ти се оформи. Сега вика дека се каела, ама па кога ќе размислиш, би ја имала ли кариерата што сега ја има со минатиот нос? Во Викторијас Сикрет сигурно не би влегла.
Па не се бара за модел да си даска и висока? Ја лично што сум гледала има некои апла ружни Ама ти држи вода муабетот ако бараат и лепота Мада не е така ружна, бар мене не ми р Ист нос сме имале
Викторијас Сикрет си имаат посебни стандарди. Јас немам видено модел кај нив со крив нос и врвот да е надоле, на сите профилот им е ко на срна. Потоа мене највеќе што ми падна чудно е што сите имаат иста насмевка, ко по некоја математичка формула да ги бираат. Е сега Версаче, Балман, Луј Витон имаат секакви модели, ама тие ниту се познати, ниту платени ко овие што се во Викторијас Сикрет.
Јас затоа и не ги ни следам овие што се најнајпознати. Ако ми се свиѓа музиката, ок, супер, ги слушам, ама нема што да се инвестирам во нивниот приватен живот. Некако повеќе почитувам познати личности и уметници што се позатворени и светот ги знае по тоа што го творат, т.е по квалитетот, што немаат потреба од драми и постојано да бидат во центар на внимание. Има интервенции 100%, фејслифт дефинитивно.
за тебе ако е прифатливо да гледаш нечиви гради од кои по 5 кг едната притоа паднати до пупак и баш кул ти делува, мене воопшто не ми е вкусно.
Ријана често носеше безврска парчиња ама пошо е Ријана сепак беше ко којзнае што да облекла. Сега навистина катастрофа и се комбинациите, а уште од фрижидер не ми излегло за неа...