Не гледам телевизија уште помалку турски серии. Јавна личност имам право да коментирам, а за животот на ,,обичен смртник,, немам право да му кажувам што да гледа, а што не.
Бела е убавица, само штета што тврдат дека се скрос природни, а млади девојки се споредуваат со нив. Јас не го сфатив делот од нејзиното интервју кај што вели дека модната индустрија наметнувала нереални стандарди, нели таа баш истото го прави со тоа што тврди дека е без никакви зафати.
Стилот на Ријана мене лично никогаш не ми се допаѓал, а со бременоста уште помалку. Бела Хадид со години ги правеше сите будали дека нема правено ништо на лице, а она си ја има ископирано фацата на Карла Бруни. Камо да и е само носот среден, аха, сигурно. И нонстоп зборува за како се осеќа мизерно во индустријата, како е се катастрофа, и влијаело на ментално здравје, ја разболело, итн, а гледам дека престана да работи и да зема милиончиња. Многу ми е лицемерна и пресметлива вака, за разлика од сестра и, која ми е тотална спротивност од нејзе во се.
https://plusinfo.mk/berluskoni-se-ozheni-na-85-godini-so-53-godini-pomlada-sorabotnichka-video/ значи да почнам дедовци да барам ако сакам дечко алал да му е на овој, која жена му е оваа по ред? Трета или четврта треба.Нема застој.
Кој од кој поголем циркус со комбинациите периодов..само јас ли не ја разбирам поентата на комбинацијава или па единствено само сака да ни покаже колку брзо ја врати формата после бременоста?!
Ај сеа кажете за Вил Смит и Оскарите, што мислите дали шамарот беше дел од сценариото или не? За сите што не знааат за што зборувам еве,
What the fuck? Не знаев дека вил смит е толкаво пи*е.. И онака цела фамилија им е циркус, уште ова фалеше.
Насилство е насилство, без разлика дали над жена, маж, дете…Еве не му била вкусна шалата ( на која тој сам се смееше) има друг начин. И ептен се изнервирав што доби оскар потоа.
Не. Крис кажа лоша шега, ама тоа не го оправдува Вил. Не требаше да му го дадат Оскарот.Треба да му го одземат. Лошите шеги и насилството не се во ред.
Насилство е насилство точно,100%се согласувам со тебе.Но шпто правиме со психичкото насилство? Јазикот коси нема но коски крши.Кко што овој нема да го заборави шамарот никогаш така и Џејда нема да ја заборави неговата шега.
Те разбирам, не е во ред. На психичко насилство врати со тужба а Вил, женаму и нивните деца толку се влијателни што можеа таква медиумска хајка против Крис Рок да направат и да му ја завршат кариерата.А и секако ќе беше осуден од јавноста.Што се случи со Џони Деп, Крис Браун, Арми Хамер? Вил Смит само штета на себе си направи. И замисли сите ако почнеме за секоја навреда, или невкусна шала шамари да делиме… каде е крајот!
Само мене фејк ми личи? Баш седи на место достапно за одма да стани и да се качи на бина. И шамарот филмски ми делува малце. Ако е дел од сценариото, која е поентата? А ако не е, се сложвам, не се решава со насилство, ама аман од онакви хехе мајтапчиња.