Малку беше чудно дека се насмеа Вил на шегава, а Џејда преврте очи, па потоа стана и го удри и смена скроз расположение. Шегава ептен беше невкусна, ама реакцијата не мораше да е таква, сепак насилство не е решение. Лош пример остави дека ако некој те навреди одма трбеа да го удриш. Можеше на многу поубав начин да даде до знаење дека навредува со шегата.
Хуморот на Оскари генерално се базира на исмејување едни со други. Мене не ми делува ко навредливо, само лошо е што посочува на нешто што е резултат на здравствен проблем. И наместо да се лигавеше на крај како е добар човек, можеше да одвои некоја секунда, да се обиде да ја оправда постапката и да едуцира на таа тема. Јас искрено поим немав дека Џејда има алопеција.
Според мене, Вил на почетокот кога ја слушна шегата се насмеа и ја прифати на своја сметка што се вели. Е ама, кога ја виде реакцијата на Џејда тогаш најверојатно почувствува дека Џејда е повредена. Тогаш, му се имаат спојано жичките па отиде го зашамари Крис. Да се насмееше и Џејда, место да преврти очи, немаше да дојде до сето ова. Шегата беше навистина невкусна, но реакцијата на Вил уште поневкусна. Ова не смееше да си го дозволи човек кој цел живот е во Холивуд и со самото тоа треба да знае како да се справи во вакви незгодни ситуации.
Детинесто и безвезе. Не можат сите да знаат со што здравствена состојба се соочува некој. Плус шегите не ги смислува Крис, ако веќе сака да реагира нека појде кај сценаристот. Класично "ме провоцира па морам да го удрам" оправдување за насилство. Постојат нормални начини на реакција, типов има проблем штом не може да се контролира. Мислам дека сите изгубија респект за него моментално, ќе си добие тужба секако.
Беше заебанција. Ја спореди со филмот .G.I. Jane, каде се работи за жена со алопеција. Нешто во зборовите на "Џи Ај Џејн двојка, ќе те видиме таму".
Искрено да ви кажам, јас не мислам дека на Вил од почеток му се допадна заeбанцијата, мислам дека се смееше онака, колку да не изгледа напнат или увреден, ама дефинитивно се трогна кога ја виде жена му. Мислам дека толку е газен од неа што ова некако му беше шанса да се возвиши и да добие чувство на валидација од неа. Just my opinion.
Вил можеше за време на неговиот говор или зад сцените да се позаебава саркастично на сметка на Крис Рок, со црн хумор за него. Тогаш ќе беше уште поинтересно, ама мораше вака да изреагира. Глупост. Стварно ми е патетично кога милионери ќе се навредат од шега
ама невкусна му беше шалата. Ја немаше да знам дека жена му е болна ако Крис не кажеше, пример. Ама не ја коментирам темава цел ден, пошо знаете дека сум со краток фитиљ, и го сфаќам до негде мада мене ми личи договорено ова некако
Можеби Вил изреагира така оти на Крис ова не му е прв пат да се заебава на сметка на Џејда, на оскарите 2016 и тогаш си правеше "смешки" на нејзина сметка. Како и да е Крис многу ниско падна со тоа што си дозволи да си прави смешки со маката на некој друг, до некаде го разбирам и Вил, каков маж ќе беше во таква ситуација да не си ја одбранеше сопругата?? но можеше и вербално да го опомени.
баш ме изненади стајлингов на Бејонсе по повод оскаровската забава организирана од нејзиниот сопруг. Воопшто не ми се допадна лично мене, премногу голотија и вулгарно за мое око. Скроз цела е гола И покрај совршеното тело ова едноставно е ту мач некако