Мене најмногу овие ми се допаднаа(1): Спојлер - За Блејк нема потреба да повторувам Не ми се допаѓа како ѝ стои ама креацијата е многу убава. Тејлор исто во најтоп креации ми е.
SZA ја завршила задачата само со тоа што одбрала да носи Vivienne Westwood, која е препознатлива по тој гламурозен стил. Иначе, за Ким има ептен хејт по интернетов. Најпрво поради тоа што носи момент на неа од сосема друга ера од зададената, а потоа и поради фактот што фустанот го извадила од музеј, само за да се слика во него. Потоа се пресоблекла во реплика на истиот. Малку контрадикторно бидејќи кога Гага и Бијонсе го носеа дијамантот на Тифани, што го носела Одри, сите беа воодушевени од тоа. Изминативе неколку години за Ким беа ептен успешни и мислам дека со овој потег сакаше на некој начин да стави цреша на шлагот. На првата Мет Гала беше како +1 на Канје. 10 години подоцна, разведена од Канје, билионерка и е една од најмоќните жени во индустријата. Не сум најголем фан на Ким, ама она буквално победи во животот.
Блејк кога ја видов во првичниот фустан со наборите си викам што гламурозно гледаат овие во овој фустан,а бидејќи и најмала ситница ми фаќа око видов дека наборените се преголеми викам или има друг фустан или ќе ги тргне. Преубава во секој поглед.
Многу боље беше фустанот со сино, него со роуз голд, во секој случај. Добро што го тргнала, тоа ко огромна машна, не е више интересно поклон запакован да си. И обетките топ, со сините камења у срце ме погоди.
Можеби е фотошоп. Само на нејзиниот инста профил ја видов таа фотографија. Речиси на сите фотографии од медиумите е со белата бунда преку половината. Чудно ми е и мене
Секоја година Мет гала е собир на кич и невкус, две креации можат да пројдат и толку. Ем што ја утнуваат темата константно ем ужасни креации. Тие дизајнерите што ги плаќаат кој знае колку за што се? Како може некој да креира такви креации и да не ја разбере темата. И не, не е ниту мода, ниту уметност.
Фустанот го облекла во соблекувална блиску до местото каде се оддржувал настанот неколку минути пред да се појави. Поминала и веднаш го заменала со идентична реплика. Така да сликите може се од другиот фустан кој бил поточен
Ми излезе преѓе фотографија на социјалните мрежи дека всушност фустанот не ѝ бил точен кај задникот и дека стоел отворено, па затоа морала да носи бунда, но не обрнав внимание, мислев дека сите знаат. Сега гледам дека нема толку информации, но го најдов овој линк. Сликата што ја видов претходно е горе десно (барем од телефон кога ќе отворам). Како што рекоа и другите членови, оригиналниот фустан го облекла само за неколку минути, а потоа се преслекла во реплика, која веројатно ја носи на сликата што ја ставила на Инстаграм, каде што ѝ се гледа задникот. Едит: Само мене повеќе ми се допаѓа фустанот на Блејк во нетиркизната верзија ? Мислам, океј, не велам во таква форма каква што беше, со панделката и сето тоа, туку во крајната, „отворената" форма да беше цел нетиркизен. Мислам, убав ми е вака, не дека не, ама подобра ми е комбинацијата само на топли бои, отколку измешано со ладна боја . Сфаќам дека и на многу баш тоа им се допаѓа, ама ете не знам, баш ми е преубав нетиркизниот дел . Едит 2: Може Били е скроз на тема, ама преужасен ми е фустанот, не го можам, ни бои, ни форма .
Ако добро разбрав уствари Ким се појавува во оригиналот со тоа што патентот кај задникот е откопчан бидејќи не ја собира, а таа уствари го покрива задникот со бундата, минува покрај толпата и веднаш се пресоблекува во копија од тој фустан… мислам мизерија од невидени размери, фустанот е историско парче, како само дозволиле такво нешто, ама пуста пара и желба за внимание
Истото што го пишавте погоре и јас сум се повторила ама стварно не ми беше јасно уште од сам старт се чудев како е можно да го носи фустанот од Монро а од друга страна ептен разлика во пропорции, типкава позната е по големиот задник и тенка половина
Фустанот е сопственост на Рипли музејот шо не е баш музеј во вистинска смисла со сите процедури и стандарди па затоа ѝ дозволиле. Инаку мене Крис Џенер ми се допадна, оваа должина на косата ептен и одговара.
Поентата ми беше како дозволиле од аспект да не се оштети 60годишен стар фустан кој не ни одговара на нејзиното тело, башка што припаѓал од икона како М.М.
Јас колку што читав, првично кога го побарала да го носи фустанот, пробала копија со тие димензии, но не ја собрал, па се расплакала, па почнала да слабее, се до последната проба каде делумно ја собрал и одлучиле назад да оди незакопчан, покриен со бунда, постојано внимавале да не се оштети при облекување и се договориле да го облечи фустанот во соблекувалната пред скалите на галата, да ги прошета скалите и одма да се пресоблече во копија, за да не го оштети. Е сега како дозволиле, пиша Рејвен погоре дека музејот и не е толку типичен, а и таа веројатно има платено или во случај на штета да треба дебело да ги обесштети. Плус и за нив е маркетинг, цел свет разбра за музејов поради Ким. Во секој случај голем ризик е.