Ким е ситна жена, знам дека звучи смешно ова, ама иако има непропорционално тело, пак не е многу голема. Мерилин била 11цм повисока од неа. Она беше качена на огромни штикли за да не се влече фустанот. Плус некој кажуваше дека фустанот бил од некој растеглив материјал кој веќе не ни бил во производство, така да не знам. Некаде прочитав дека Ким не ни платила за фустанот, тие ѝ го понудиле. Не знам дали видовте и коса од Мерилин ѝ подарија. @pdb123, првата верзија на фустанот на Блејк, стилски беше и повеќе на темата. Мене и така не ми беше лоша.
Ова може точно е...Со оглед дека дизајнерите во случајот музејот купуваат карти можеби тие и предложиле да ги претставува со тој фустан. И изгледа никој немал многу право на збор во создавањето на креациите, само модели се јавните фаци, дизајнерите сами одлучуваат со која креација ќе се претстават и кој би сакале да ја носи. Инаку еве ја Ким from behind
Океј, сега ги зумирав сликите што ги има постирано на инстаграм од позади и веројатно така откопчан бил, само ги фотошопирале сликите. Во тој случај, стварно глупо од сечија страна. Иначе, да, во право си, не е сѐ така црно на бело кога станува збор за изборот на тоа што ќе го носат. На пример дизајнерот на Бурбери, ја поканил Ники да му ја претставува креацијата и она прифатила само затоа што биле блиски. Од друга страна, Луј Витон годинава биле еко френдли, па сите што беа облечени во нив, не биле специјално дизајнирани, туку требале да си одберат веќе креирани работи од претходните колекции. За Кајли како што претпоставував од самиот старт, тоа што го носи е tribute кон дизајнерот на Off White што почина пред некој месец. На крај краева, сите аутфити се одобрени од Ана Винтор.
Трансформацијата на фустанот е инспирирана од оксидацијата на Статуата на слободата низ годините. А деталите на корсетот од Емпајр стејт билдинг.
А дали можеби знаеш за after party дали сами ги одбирале комбинациите? Лично мене многу повеќе ми се допаѓа фустанот на Кајли кој го носела на after party.
Да, на Кајли овој фустан повеќе одговара на темата, иако не мислам дека на афтер журките има некој дрес код.
Ја пратите Бритни на инста? Скроз одлепила женана Ко од мајка родена со срценцата меѓунозе, воопшто не изгледа здраво
Се враќа модата бе Ели, се вратија 80s, сега 90s, следно како во времето на Адам и Ева со ливче ќе шетаме.
Протече гола снимка од Џеси Вилијамс Ви текнува на Др. Џаксон Ајвери од Грејс анатоми или Џеси Вилијамс? Е, тој има шоу на Бродвеј ( за оваа улога е номиниран и за Тony Award ) и во шоуто има сцена кај шо се тушира гол, е сега некој се нашол по паметен во публиката и го снимал и сега на твитер може да се види кратко клипче оf his junk
Јака историја. Не го носела Клара Цеткин или Марија Кири. Љубовницата на претседателот. Сакам да видам.
I don't blame you верувај има и што да видиш Побарај на интернет сигурно ќе најдеш, тие од твитер ги избришаа
Фан сум на Вовед во анатомија и на Ајвери ама не најдов ништо. Цензурирале се. Или не умеам да барам. Ако најдеш, знаеш каде да ме најдеш.