1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светски јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pink4ever, 27 февруари 2011.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Лана изгледа прекрасно, сето тоа е ок, ама врска нема од пеење во живо.
    Ништо не ми се допаѓа од изведбите во живо, многу ретко (мислам има само на една акустична изведба до сега која ми се допаднала) сум оставила да ја преслушам до крај.
    Ко да се мачи да извади глас, не ми се допаѓа и слушам само студиски снимки. :)
     
    На sweet-cherry, Mr. Right и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Точно, различно звучи кога пее во живо, меѓутоа сум слушнала дека има stage fright кога настапува.
    Инаку да, и јас најчесто слушам студиски снимки и буквално сите нејзини песни ми се допаѓаат :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Лана дел Реј ми е појава намбр уан од сите светски селебритис. Поим за дама, за уметничка независна душа... уникатна и винтиџ :l: Ја обожавам едноставно.
    Многу специфичен глас има и различно звучи во живо, ама и јас најчесто си ги слушам студиските снимки заедно со спотовите што исто даваат прекрасен уметнички ефект. Бај д уеј многу од песните сама си ги пишува или во соработка со некого, значи дефинитивно е талент.

    Иначе од посимпатични парови ми паднаа на памет Џон Леџенд и Криси Тајген, гледам не сте ги спомнале уште :D

    [​IMG]
     
    На Ketchup, buba4e89 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.783
    Пол:
    Женски
    Да си почнам ете и јас во темава.
    Лана Дел Реј ми е една од поомилените изведувачи. Реално, не е најталентирана за пеење, во живо и слично ама ѝ ги сакам песните, ме опуштаат и кога учам на тројка можи во позадина тие да се слушнат. Не само од неа, туку од сите слушам студиски снимки и таа не е исклучок. Воглавно ми е многу, многу убава.
    Бијонсе, реално никогаш не сум ја слушала ама тоа не значи дека не е феноменална, само ете, песните не ми се нешто што би седнала и да го слушам со саати. Премногу е убава, премногу е талентирана и таа е од оние жени за кој велиме „тој ѝ е ... сопруг?“, колку и да е влијателен мажот ѝ, грд е бе.
    Ариана Гранде сум ја гледала дур растеше брат ми со Никалодин и тогаш ми имаше доста пискав глас, прикладен за улогата ама не очекував дека можи ваков глас да извај. Мислам дека многу можи да направи со гласот кој го има и дека доколку се насочи во правилна насока - ќе биди новата Бијонсе, како и да би звучело ова. Сепак освен една нејзина песна, другите ми се ... не за мене.
    Шакира, се сеќавам на неа откако бев мала беше кога последно слушав за неа, ама уште памтам доста песни кои сеуште ми се останати од тогаш. Женава ми е поим за убавина, некако ми изгледа природно, весело, зрачи со позитивна енергија и безразлика што песните нејзини не би ги слушала зошто не се мој вкус, би ги слушала само за да зјапам во неа.
    Роналдо ми беше симпатичен едно време, на почетокот од средно само за да заклучам дека ми е многу, многу грдичок. Си прам, како толку манекенки одат за него ама веројатно не се гледа фаца секогаш, не? Не ни знаев дека има синче, си реков мало е дај да видам, тоа веќе и оди и шета и големо да ти било. Најбитното - полично од него е, сигурно е уба мајката. :3
    Ријана се сеќавам уште кога читав Наш Свет мислам беше кога Ријана прв пат излезе, кога вадеше песништа. Ова сега што го гледам не ми е ништо посебно. Се сеќавам и кога бившиот ја истепа и во тој момент за Крис Браун ми се смена мислењето целосно, го избегнувам од тогаш да читам, едноставно се што мислев за него, а верувајте симпатичен ми беше, пропадна.
    Тејлор Свивт ми била одбивна од самиот почеток кога се појави, но ми е нешто слично како Ријана минус талентот, зошто реално Ријана го има, Тејлор ... не баш. На почеток вадеше усмислени песни, различни, не како во калап. Сепак, сега ми е многу посимпатична него порано, некако многу е разубавена.
    Имаше период кога многу ја сакав Анџелина Џоли, не велам дека сега не ја сакам, но не ми е нешто посебно, едноставно заклучив и дека не е толку убава, не велам дека е грда или стара, само некој добар просек. За одлична актерка - тоа е вистина. Уживам да гледам филмови со неа и ми личи на доста решителна, самоуверена и навистина ми е жал што ете се разведе од Бред Пит, мислам, премногу среќна бев кога се венчаа, некако многу слатки ми беа заедно, си градеа живот, со многу дечиња и многу ми беа симпатични и од сите славни парови тие беа пар кој никогаш не очекував да се раздели зошто имав некоја идеална слика за нив во главата.
    Мадона никогаш не ми се допаѓала, ми изгледала премногу вештачки, премногу морничаво и секогаш се познавала дека е стара, но имаше некоја млада фасада која не е добро изработена.
    Викторија Бекам, најреално, ми е многу грдичка. Има некои строги црти на лицето кои ме одбиваат, но има многу убаво тело и многу, многу добро се држи и има одличен стил. Тоа ми се допаѓа, ама музичка кариера ... не. Како што за Бијонсе велев горе, како таа убавина е со таков маж, тука е однаопаку ситуацијата од типот како Дејвид Бекам е со неа, ама ете љубовта се наоѓа и на најчудните места. Е дечково ми е многу убав, абе многу убав. Фудбалерите ми стојат за многу грдички реално ама Бекам, онака, дели. Симпатичен, среден.
    Кортни Стоден, која е девојкава сега ја видов во сликите? Сакам да ја искористам ситуацијата зошто и не знам многу за неа, да кажам дека, се што е претерано не чини. Да, гледам во балоните кои ми го одземаат вниманието.
    Сиа ми е една од поомилените во последно време, мислам поконкретно за нејзината музика зошто не ме заинтересирала да читнам нешто повеќе за неа како личност, а од таму и не знам. Песните буквално ме тераат да ги слушам со саати, ми се допаѓаат ама она многу, го задржуваат вниманието.

    Овие беа горе долу кои беа споменати на последните две страни, а за кој би можела да дам збор- два. Дур сум на темава да искористам шансата да напишам уште нешто зошто веројатно нема да имам прилика за брзо да напишам. Па ете ќе почнам од Џони Деп, како што имам напишано во многу наврати - маж ми. Ако некогаш он реши пак да се жени дај мавајте по него, сем ако жената со која се жени сум јас. Многу го сакам, се гледа дека знај да се знајди во секоја улога која му е доделена и знај да ја сервира премногу уникатно и добро. Секој филм во кој тој се наоѓа ми е ново доживување и целосно задоволство да го гледам. Не татко, можи дедо да ми биди, ама нема гајле, поќе од око му имам фрлено де.
    Ема Ватсон ми е омилена речиси откако знам дека постојат селебритис и со првиот Хари Потер филм. Па не само име, туку и роденден си делиме, но тоа не е причина зошто толку многу ја сакам. Ми се допаѓа како глуми, колку е своја, дама. Ја имаа онаа отсечност, стил, карактер и таа е од ретките кои ги следам доколку би имало нешто ново.
    Камерон Монаган ми е поим за совршеноство и ретко некој портокалов да ми се допаѓа, ама сериозно ми се допаѓа. Можи да се снајди во секоја улога која му е доделена и целосно да се претопи во неа. Не глуми само физички, тој буквално глуми со срцето и мислам дека, према она што гледам, дека е од оние актери што би направиле се за да ја доловат својата улога целосно.
    Девин Оливер ги има оние совршени црти на лицето, толку е приземен кога зборува на интервјуа, што ретко го наоѓам кај некој. Гласот не ми е нешто најдобар, и песните реално ретко му ги слушам ама онака како лик ми се допаѓа, повеќе реално му ги гледам интервјуата него што му ја слушам музиката. Срам да ми е. Не знам зошто, мислам дека зошто сеуште не ме привлекува неговата музика е зошто кога прв пат го видов на слика, очекував многу, многу поинаков глас да излези од него.

    Би зборала уште за многу други ама во некоја наредна прилика и малку поопширно, ова повеќе беше како општи импресии за одредени личности, ништо подетално.
     
    На Someonespecial и Mr. Right им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.931
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    Исто многу ми се допаѓа Дуа Липа девојка од Балканов, природна, прекрасна, убав специфичен глас, убаво звучи и во живо, лежерен стил на облекување, една од ретките изведувачки кои ама баш сите песни ми се допаѓаат
     
    На Stories и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Многу го почитувам како артист, вокал, и песните исто.


     
    На candy.cane, Stories, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Реално кога ќе видиш, ретко кој пее убаво во живо. Lady Gaga, Adele, Sia, Katy Perry и уште некој така пеат убаво, другиве...
    За The Weeknd не очекував дека пее толку лошо, делува ко да рецитира песнички во прво одделение, а вака на плејбек колку му е добар и специфичен гласот. Лана има некоја посебна енергија. Текстовите, приказните, спотовите...
    Бруно Марс секогаш ми бил антипатичен, не знам зошто. :lol:
    Него стварно ли Џеј Ло е трудна, или само се шпекулира?
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Јас The Weekend го имам слушнато во живо само кога настапи на шоуто на Викторија Сикрет годинава и баш супер ми звучеше.

    За Бијонсе и Рајана ќе кажам само дека на почетокот ми беа супер и за пример како треба да изгледа и звучи една пејачка, на Бијонсе додуша сите можеа од рака да и јадат. Ама последниве песни, и нејзините и на Рајана не ми се бендисуваат како порано што имаа песни да посакаш да ги ставиш на рипит. Па и сите скандали што ја следеа Рајана, и со инстаграм профилот глупост до глупост постирање и опадна рејтингот. А ова со Бијонсе што се прави Богородица нешто прочитав погоре имаше некој пишано се убив од смеење :lol:

    Затоа сега Аријана Гранде им влегува во спотлајт. Изникна дејчево од нигде никаде, песна-две-три, млада, нема глупави истории позади неа и успеа да се пробие. Не и е рамна на Бијонсе ама кога некој губе фокус друг знае да искористи и тоа е. Плус како имитира Аријана :o гледав на инстаграм ги имитираше Шакира, Бритни и Рајана. Многу, многу добро.
     
    На Mr. Right, theowndemon и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.542
    Допаѓања:
    78.708
    Пол:
    Женски
    Можеби се повлекол на некое време но видов на Инстаграм дека веќе снима нешто. :)
     
  10. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Јејејеје :clap: Супер нели така.
    Инаку еве тоа што прочитав, а насловов е боже господе мислиш на смртна постела е легнат. :x
    http://zazabava.com/tragichni-vesti-za-zdravjeto-na-dzon-njuman
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Кaкo мoжев Бритни Спирс дa јa зaбoрaвaм вo пoстoт. (facepalm) Акo некoгaш ви се укaже приликa дa oдите нa кoнцерт нa Бритни, тoгaш сaмo пуштете ги нејзините песни нa YouTube. Истo кo дa сте биле нa кoнцерт. :nod: Абе, женaвa врскa немa oд пеење и имa мнoгу пискaв глaс. Не мoжaм дa јa слушaм. Кoгa oдржувa кoнцерти нa плејбек пее. Пред три гoдини кoгa имaше кoнцерт вo Лaс Вегaс јa пееше "Perfume", a екипaтa oд бекстејџoт јa згрешиле верзијaтa. Нaместo нејзинaтa верзијa oд песнaтa дa јa пуштaт, јa пуштиле верзијaтa нa Сиa. :rofl: Тoa беше скaндaл тoгaш и знaм декa пoсле тoa јa избркaлa целa екипa. :| Единственo штo ги слушaм песни oд неa се "Perfume" и "Toxic".

    Адел истo јa зaбoрaвив. Преубaв глaс имa женaвa. Преубaв. И емoции, и музикa и сè.
    Мислaм декa Адел и Сиa се едниствените две пејaчки нa плaнетaвa кoи знaaт кaкo дa пејaт и звучaт дури пoдoбрo oд студискaтa верзијa кoгa пејaт вo живo.
     
    На elimkd, Ketchup, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Што мислите за LP ili Laura?Мене Lost on you ми беше хит дооолго време и така ја запознав контроверзнава пејачка.Имиџот и е хард машки,со отворени спотови,ама нема врска нека се сакаат.:D
    Интерсесна ми е и мила,искрена енергија ми има,само не можиш толку да се соживееш со песниве знаејќи дека се за жени.
    За Weeknd,Адел и Сиа (y)(y)(y)
     
    На elimkd, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама ич не трачарите. Јас некаде имам прочитано дека на Лана Дел Реј ова и е второ или трето уметничко име и обид да биде позната. Татко и е многу богат и и' го има откупено првиот албум.
     
    На joy1, Mr. Right, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.382
    Пол:
    Женски
    Адел за мене царица :D Абре ѕвер жена :D Таков глас вади од неа аууу :o
    Се ежам целата кога ја слушам едноставно прекрасно пее омилена мие :inlove::inlove:
    А и во живо прекрасно пее :music:.
    Инаку Бекам ми е љубов :inlove::inlove:
    Поим за згоден маж :inlove:
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да си биде фотомодел, оти за пеење треба многу повеќе од нејзиното кенкање и трепкање со очите-џамлии.
    Многу е убава, ама џабе кога вокалните способности и се очајни.
    Фини песни има, ама не е доволно. :wasntme:

    Инаку да, до три пати е адетот, и' се посреќило со третиот обид. :lol:
    Најепик беше додека и` траеше фазата 'Lizzie Grant'. Гуглајте и ќе видите. :D
     
    На Ketchup и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Mishela е баш така, мене не ми текнуваше на нејзините не толку добри "моменти" или поточно периоди. Со ова име и се посреќи.
    Фини песни ама дома да си ги слушаш, на youtube, верзијата во студио. А тек колку а антиталент за играње. :whew:
     
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Лана неколку пати била на хоспитализација од алкохол и дрога, одела со постари мажи, а некои викаат дека била и силувана. На почетокот од својата кариера беше ептен лигава на интервјуата, сега не толку. Иначе била пејачка, ама не толку позната. Не знам дали знаете, едно време беа во врска со Џејмс Франко.
     
    На joy1, LanaSGirl и elimkd им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.931
    Допаѓања:
    48.088
    Пол:
    Женски
    LP и мене многу ми се допаѓа без разлика за кого пее, мрачна е, многу ми е уникатна, накитот и го обожавам, тетоважите и се кул(y) ради неа и јас исто си купив обетка со приврзок крст:lol:
     
    На Stories, Ketchup и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  19. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Лана уште од 2012 кога и ја слушнав Born to die ми влезе во душа, нејзината посебност и уникатност, и уште како што ги сака 50-тите, 60-тите тие стари времиња ми ја прави уште посебна.. Ретки се ваквите како неа. Не сум фан бидејќи го мразам тој збор. Лана ми е нешто толку посебно, поинаква од сите. Музиката и е мрачна да но јас се чувствувам среќно кога ја слушам така да кој што сака нека кажува како пеела депресивни песни. Има многу други песни кои ги нема објавено тие и го опишуваат животот каква точно била и што сакала.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    LP на 12 Јули има концерт во Грција, ако некој е заинтересиран. :lol:
    Иначе Мајли му простила на Лиам и сега ќе се венчаат.
     
    На Stories му/ѝ се допаѓа ова.