Не ги следам ама ова што го напиша е така веројатно затоа што подобро се гледа од страна околку кога некој е директно вмешан. Така претпоставувам ставовите и се „изгубиле“ во моментот кога настапува и заслепува љубовта.
KUWTK можеш да ги најдеш тука, а ова и скоро сите spin-offs ги има и на апликацијата stremio (функционира слично како popcorn time), меѓутоа не знам дали е само до мојот интернет или slow traffic нешто, некои не ми ги отвора (цело време се load-нуваат). Во тој случај, или ако не можам да најдам нешто, најчесто се наоѓа на dailymotion - со лош квалитет, ама барем ги има... Во право си. Ама пак не сфаќам како може до толку да немаш црвени линии, баш за сè да ослепиш... Воопшто не е мала работа да те изневери некој, особено неколку пати...
100 пати ја има изневерено, стварно била глупава Клои... ајде таму клоците мавни му ги американци се барем кај нив се е прифатено
Можеби грешам, ама мислам дека Крис има некаков удел, т.е. врши притисок врз Клои. После она шо се случи со Тристан и Робин, а и сите други драми со него, навистина не можам да верувам дека таа се уште сака да биди со него.
Многу се фејк сите Кардашијанки така да ништо чудно. Се за пари и слава ќе направат. Најиритантно од се му е однесувањето како тинејџерки на 40+
Голема дебата се крена за изгледот на Јелена Џокович на финалниот меч на Вимбелдон, а уште повеќе за свечената вечера (wimbledon dinner) каде се наложува дрес код. Како што сите знаеме Ноле повторно е финалист и тоа на денот на нивната 8 годишница од брак. Јелена и преку ден и навечер се појави во истото розево фустанче кое критичарите го нарекуваат фустан за плажа. Ваше мислење дали прикладно е облечена за една ваква манифестација каде што се знае дрес код на облекување ?
Двајцата се доста со контраверзни и со скандалозни изјави и размислувања. Типкава секогаш носела ефтина облека
Не е проблемот што носи ефтина облека, проблемот е што неприкладно се облекува, а ова не и е прв пат. Скоро секогаш прави вакви утки. Сепак се уште постојат дрес кодови како се облекува за институции, работа, настани, свечености. Кога одиш поготово на ваков настан кој е од голема важност пред се за твојот сопруг, треба да припазиш на изглед пошто со тоа даваш почит кон самиот настан и огранизацијата нормално.
За терен поминува некако, ама за вечерава скроз ја утнала работата. Свечена вечера, овој фустан, со овие влечки штикли, со таа пунџичка, не. Буквално изгледа како од терен, кога завршил натпреварот, да си ја собрала косата и да отишла на вечера. Ја имам забележано дека сака да изгледа природно и скромно, може да го тера тој стил, ама во одредени ситуации треба да знаеш како, ако веќе не знаеш не е срамота да побараш совет, затоа што сега изгледа смешно и без никаква почит.
За на терен ми е скрос ок, нема потреба да биди ништо гламурозно, али за вечерта не ми се вклопува баш, не мора да е некоја грандиозна тоалета али сепак е настан на кој требало да посвети повеќе внимание на облеката. Воопшто не е складна со изгледот на Новак
Денес баш прочитав дека на Рики Мартин му се закануваат 50 години затвор ради инцес, го малтретал и бил во врска со негов внук која штета за човеков, секс симбол беше, вистински мачомен, харизма, танц, тело, фаца, лепота, го обожавав кога беше во врвот на кариерата.