Сопругите на фудбалерите на Барселона ѝ се потсмеваат на Шакира: Ѝ дадоа прекар поради начинот на кој го третирала Пике Нови детали за животот на Шакира и Жерар Пике излегуваат на површина секој ден по нивното раскинување, кое се случи пред неколку недели. Шакира минува низ ужасен период, а дури сега се појави информација дека колумбиската пејачка никогаш не била примена во соблекувалната на Барса. Имено, Шакира воопшто не им се допаѓала жените на ѕвездите на Барселона, меѓу кои и Антонела Рокузо. Антонела и другите девојки на играчите на Барселона се дружеле со Нурија Томас, девојката на Пике додека тој не ја запознал Шакира. Шпанските таблоиди тврдат дека Антонела исто така имала потсмешен прекар за Шакира. Имено, тие ја нарекувале „Шефица“ поради начинот на кој таа се однесувала со Пике. Инаку, и самата Шакира никогаш не била премногу заинтересирана да им се придружи на останатите девојки на играчите на Барселона, па не чуди зошто често била мета на озборувања. Извор: zena.blic.rs
Јас пак за овие БТС што се ултра популарни, стварно ме чуди нивниот физички изглед, тешко се распознаваат сите 7 души пошто сите си личат, и уствари што е финтата со нивниве лица како на кукла, изгледаат ко тинејџерКИ а се во доцните 20ти, немаат ниту брада, дали сите подлежат на естетски корекции? Друг податок, пеат на англиски а појма немаат од јазикот, само еден од нив го зборува Не знам и колку е точно, уствари се разделија?
Вчера случајно ми излезе еден текст од Фемина, барав нешто за Лив Тајлер. И морам да го споделам, зашто забележав нешто стварно интересно, за тамошен живот. Имено, станува збор за раѓањето на ќерката на Лив и моментот кога одат во нивниот дом со бебенцето во транспортер. Ама интересно ми беше што транспортерот е покриен со плетено чипкано чаршавче, од оние кои ги користиме ние на Балканов. Миленце стајл Баш се зачудив кога ги видов со тоа чаршавчето, не сум знаела дека и на Запад, особено познати би користеле таква прекривка. http://www.femina.mk/новости/шоу-би...со-сопругот-и-бебето-еден-ден-по-породувањето Ја го Можда некоја баба од Македонија е по потекло
стоп! Прва реков. Како не им текна на македонското потекло, само сликава ко ја видоа? Значи го гледам миленцево и се думам како е стасано во нивни раце. Ќе да е приќе хмм
Ви препорачувам да го гледате јутуб видеото од обиколката на куќата на Лив Тајлер, па можеби ќе ви се разјасни. Инаку шо се драмиве околу филмот Don't Worry Darling?
Флоренс и се налутила на режисеркава дека Хари бил платен повеќе од нејзе, а двајцата нели се главни улоги, плус нешто не и се допаѓало како одела промоцијата на филмот. А да, исто така и првично за улогата на Хари требало да глуми Shia LaBeouf ама пак Флоренс се бунела бидејќи имал обвиненија за насилство, па го смениле. Не знам колку е точно, од тикток ми е ова.
Kris под детектор кај James Corden кажа дека Kim не го уништила фустанот на MarilynА Kylie изјави дека повторно ќе го сменувале името Wolf
Пребарај на гугл и редит, мал милион случки и стории со вработени под него, однесување во авион и сл. На редит правеше АМА со сите процедури и салтанати(Ask Me Anything) и едно прашање не одговори од поставените во врска со неговото однесување, кукавица.