Статијата на женски магазин за животот и делото на Кристијан Диор,славниот моден дизајнер е многу убава. Правилно избрани зборови,дур читаш да се продлабочиш. Инаку, Диор го знаев само како име на бренд и ништо повеќе. Штета што се шират контраверзии дека починал за време на секс. Вреди да се прочита. https://zenskimagazin.mk/roden-vo-b...1pwbX7hFHAMRGGHBubaQX5qo3M7iIV9CeZoB04isQ_lM4
Предходниве денови гласини за Џиџи и Дикапријо имаше, сега ми излезе и слика на инстаграм од нив на излегување. Wtf Џиџи и Камила бившата на Лео нели се другарки? плус Џиџи стара 27 години
Мислам дека ова со годините е зафрканција, чиста случајност се погодиле сите млади, згодни, манекенки
Инфлација. Иначе во Холивуд секој со секој се дружи. И The Weeknd е сега во врска со другарка на Бела Хадид. I guess не им е проблем.
Имаше некој направено цела шема на бишвите и стварно сите беа помлади од 25. Ама добро ова големиве разлики во возраста не се нешто невообичани во Холивуд и цела таа индустрија.
Ама, чудно бе Џиџи да ја одбере.Не се совпаѓа во неговиот најбитен критериум. Или конечно решил да го батали.
Дуа Липа е најголемиот хипокрит. За девојчето во Косово што беше силувано немаше постирано ништо, иако е ставена како некој амбасадор на Косово. Сега за девојката во Иран најголем активист е.
У последно време ептен лоша дрога зима или лоша комбинација праи Ептен е отидена, а баш ми беше симпатична.
Сакал да го крсти детето по нејзе...втф. Инаку приказнава на девојкава ми е исто смешна, демек ја нисам одавде. Била нова во ЛА, наивна, ја манипулирал...ептен се направи жртва, како да живеела под камен и не знаела дека ѝ се пушта женет маж со две деца. Не ѝ верувам ни на делот дека некои новинари сакале да го објават трачот па затоа излегла да ја каже вистината, ова тотално ми личи како за одмазда/внимание.
Не се само од БТС такви, баш види и други корејски групи и машки и женски сите се како пластични. Во Кореа таква им е културата, и мажи и жени користат шминка, и тука што ги гледам обичниве кореанци сите се како стаклени, негувани. Инаку пеат на корејски со по неколку англиски реченици низ песните, дури на 5от албум снимија песна целосно на англиски Dynamite. На почетокот само RM знаеше англиски но со тек на време почнаа и другите да разбираат и зборуваат. Групата сеуште постои но престанаа да снимаат за БТС, сега работат на соло кариери. Ќерка ми едно време ептен беше обожавател на БТС, легнувавме и станувавме со нив немав избор па и јас почнав да ги слушам. Супер дечки се
Мене вчера на тикток ми излезе дека и Бехати одела со други. Така да ништо чудно и отворен брак да имале. Ама Адам Левин е стварно ко тинејџер. Fuckkkkkkkkk
Мене па стварно чудно ми падна, изгледаа ко да имаат совршен брак и баш беа складни си одговараа еден на друг, посебно емотивно видео спотот за Girl like you
Да ви каже нешто другарка ви Кате. Тие луѓе што изгорени се да претстават колку имаат совршена врска/брак, тие најчесто кријат работи. Тие што се навистина среќни немаат потреба цело време да се докажуваат и покажуваат. Секогаш кога ќе видите како некој ревносно, цело време претставува совршен живот, да знаете дека нешто смрди тука. Се е приказна за медиуми кај селебритис, и приказна за пријатели на социјални мрежи кај обични луѓе.