Не знам дали местово на сликава е тука, ама снемав воздух, морав да ја споделам во склоп со муабетот за овој.
Ах, ме тераш на оние моменти кај шо ако ја објасниш шалата више не е смешна. За оваа нели излегоа муабети дека е неписмена и не може да чита и стана meme, а пораките на Адам сигурно си ги видела, како збори и се. Ама во мемево мора манијачко voice message да и прати наместо манијачките пораки.
Модни дизајнери на ревијата во Париз дизајнираа фустан за 10мин на телото на Бела Хадид, уште не ми се верува каде отиде технологијата
Го виде ли видеото што го направила мајка ѝ, каде што при секоја активност, јаде по еден бадем? Иначе не го слушав, ама од тоа што можам да забележам по тикток, само за Џастин зборела.
Хахаха искрено неее Ако го имаш постирај Ова ми излезе на фб и баш онемев кога видов па морав да споделам
Еве: https://youtube.com/shorts/HfzUQUPQn9E?feature=share Ама PR тимот, заслужува накачување на плата после ова.
Нели велат дека мајкава од мали ги тренирала, им вршела притисоци, им воведувала строги режими на исхрана и активности, можеби да не била такава немаше ќеркиве да го постигнат тој успех и денес да се едни од најбараните и најуспешните модели, е сеа што подлежат на хирушки интервенции посебно Бела е друг муабет, без разлика сепак се многу убави.
Бела е стварно како божица Преубава.. Отварам ф.б и гледам вест за Бела и подоле коментариве Дали живеам на иста планета со луѓево..
Коментариве се остри, но не може сите да се согласат со тебе. Еве, и јас не ја сметам Бела за убава.Само не би се изразила како овие. Ни сестра ѝ, ни брат им. Не ги ни бива.Присилени во таа професија од мајка им контролор.