Вчера дознав дека Stephen "tWitch" Boss трагично го завршил животот. Не ми се веруваше, таква харизматична, весела, позитивна личност да згасне толку млад. Го знаев од шоуто на Елен. Наводно си го одзел животот. Танчер. Не знам дали самоубиство е кукавичлук или храброст, но само тој знае со какви демони се борел, не верувам дека бил вмешан во матни води, кој да знае. Три мали деца оставил. Многу тажно. Баш ми е жал. Прашајте ги и најсреќните и најнасмеаните луѓе, дали им треба помош, разговор, рамо да се исплачат.
Јас уште сум во шок, жал ми е многу. Греота за трите дечиња што ги имаше, греота за жена му и греота за него што се борел со нешто посилно од него, за жал.
Оној што истура сол на месо, истурал сол и на трофејот од светсково. На луѓето најглупавите работи на интернет ќе им се интересни и кога креаторите што ги прават тие глупости на интернет, прават глупсоти и во реалниот живот, луѓево се ко:
Случајно налетав на Sub Urban Колку интересен лик, митски и мрачен стил, уникатно и различно од се останато Секоја чест за креативноста
Сеа глеам ја ова тек Леле ликов го обожавав едно време Така се иам смеено коа бил кај Елен у емисија Го обожавав значи.. Прежално бе Бог да го прости.. душичка
Ова слушнав пред работа и немав време да пишам коментар зато сега. Оти нормално дека имам коментар. Песнава ми е многу... Тинејџерска. Седна диса нова женска на бивш како му била под ниво и била ваква, таква, онаква. Емоционална интелигенција, шо беше то? А песната, пред да седнам да видам текст е доста добра и catchy. Текстот ја уништи за мене. Одма после ја слушав новата на Мајли, со акцент на текстот. Now that's a masterpiece.
Песнава на Мајли е толку....Прекрасна Отсекогаш сум и ги слушала песните и секоја нова песна ме изненадува
Ептен инфантилна. Ко: 1) gurl од Колумбија си, како ти излезе балканското? 2) имаш 45 години, не 15 за да пејш она. ABCDEFU барем креативна е и одговара на возраста на пејачката (17-18 години). Ама ако не се фокусирам на текстот пошто ионака ако не го читам не разбирам - it IS a catchy song. Штета шо вака нешто гледав во текстот: Ова е моменти каде би сакала да останам "in the dark" и да не го знам преводот пошто ми ја уништи песната.
Абе изваде таа и друга песна пред оваа наменета за Пике-Monotonia. Таа беше така попристојна да речам, а оваа е да баш така како што ја опиша ама искрено не би ѝ замерила. Да дознам дека маж ми ме изневерува и година дена ме прави будала и јас би испејала онаква песна
Скоро сите се изневерувани и Beyonce, J Lo итн. И тоа со дадилки и слугинки па ниту една не направи толку глуп текст. Beyounce направи скоро цел албум како изневерена жена али со мн појаќи и моќни текстови. Тоа што не ми се свиѓа кај Шакира е прво играше на карта очај и жртва па сега као мн јака жена е ќе се споредува со швалерката преку песна. Јака жена пати без никој да знае и се воздигнува над швалерката.
Мене ич не ми е инфантилна.Баш јака дис-трек. Минативе месеци портали ја фаќаа Шакира како изгледа пребледена, безволна.Изгледаше депресивно. Песнава ја сфаќам како знак дека се опоравила.Дека сфатила дека вреди. И малку му е на Пике.Заслужи и полошо.
Не мислам дека сфаќаме дека вредиме со то шо ќе однесиме некој друг и го прајме подолу од лајно, особено и неговиот нов партнер ко нас да ни ветила швалерката/ женската нешто. Следно пеј како та била out of his league. Тогаш зошто "слезе" во негова лига? Ама пред се, не зошто Лотус супер долови: Башка шо дис траки беа популарни меѓу јутубери во 2018 и тоа од типови ко Пол браќата, Рајс Гам и слични. А дефинитивно еден момент се осетив како да е дис трака. Накртако инфантилно, незрело и вервам дека можи подобро. Нешто шо пример не вервам дека Рајс Гам можи ама ете Шакира ја осетив како него на момент. А Шакира е мме.
Не е ни прва со ваква реакција. Не реагираме сите исто на таква ситуација.Следејќи вести за неа, вака ја сфаќам.
А што ти смета тебе тоа што пеела таа во песните? Па фала богу, некој полесно го поднесува изневерувањето, некој потешко. Некој завршува и во психијатриска болница, па што тогаш ќе коментираше леле види ја беднава побудале место да се издигне како јака жена? Демек Шакира е позната, па мора да се контролира како се понаша, посебно во ваква ситуација Абе лесно е да се каже. Искрено, јас лично никогаш нема да бидам на страната на тој што изневерува, па затоа можеби мене ми се гледа дека песнава Пике си ја заслужи.
Песната ми е ко: се караш со дечкото на 15 години и му пушташ километражна порака на Месинџер која завршва со зборовите "ко мене нема да најдиш друга". Значи на 15. Не.