На вторава слика мене сите ми прават како некои фаци. Може си праи така чоекот да си истакне некои делови од лицето.Очите
Песната на Шакира ми е low key cringey, ама воглавно она таква музика си прави подолго време, и си има публика, очигледно. А песната на Мајли ме бендиса, мислам не дека е нешто посебно ама catchy ми е. Ама дека ја објави на роденденот на Liam, e базирана на песната што и ја посветил на свадбата како одговор, и дека е снимена во куќата која ја изнајмувал за да ја изневерува ми е next level petty и тука сум за тоа
Бијонсе со настап во Дубаи викендов, 21 поточно. Отворање на нов хотел. Уау уау уау! Одвај чекам да видам малку снимено )))
https://www.instagram.com/reel/CnnggTMjItX/?igshid=MDM4ZDc5MmU= Видеава и текстовиве без многу смисла што ги постира Бритни...дефинитивно е далеку од добра. Или пак не ги ни контролира таа постовите туку некој друг ги става и пак нема никаква слобода. Не знам, многу чудно и језиво.
И мене ми изгледа како да не е во ред нешто со неа, не и е баш нормално однесувањето, посекако она си беше од секогаш проблематична али мислам дека сега го достигна врвот
Долги години под ропство буквално од татко ѝ + сите проблеми...јасно е. Ама не ми е јасно зошто луѓето околу нејзе не се погрижат за работиве што ги постира, или пак тие ја потикнуваат да го прави тоа...чудно.
И јас ја следам на инста многу и се вулгарни видеата а и се гледа дека си има некој психички проблем. Некаде читав дека нејзините синови не сакале да имаат контакт со неа ја молат да прекине со таа голотија бидејќи се срамат од неа
Па, за тоа и е. И неговите взвраќања. Се за пусти пари и слава. Заработуваат од разводот, интернетот е бомбардиран со нов, буквално. А песната, текстот ко четвртооделенка, а не четириесетгодишна жена да го пишала. Очај!
Не ја оправдувам Шакира за постапката. Очигледно е повредена и нејзино право е да реагира како она што чувствува. Ако не па заедно имаат 2 деца, требало малку почит да покажи кон мајката на неговите деца ако не за друго. Ако е точно дека ја носел во нивниот дом, бесот на Шакира е очигледен. Со тоа што не покажал ни малку почит се гледа каков човек е, ако не одело можел да се раздели на цивилизиран начин, а не да седи на две столици. Мене па заразна му е песната