Зашто демек се вложува за социјални каузи а настапува во Дубаи што е баш спротивно од тоа што демек го застапува со години наназад. Мислам, ништо поразлично од други познати личности од нејзин ранг, ги користат сите моментални движења за човечки права и сл. само за да профитираат од нив. Инаку, според мене не е преценета бидејќи освен талентот се гледа дека работи беспрекорно за секој настап и песна, ама таа алчност и хипокризија ми се одбивни.
Има видеа од настапот на профилот на Космополитан на Тикток и Инстаграм,и од рандом обожаватели што биле присутни.
Песнава на Мајли само што ми искачаат вести за неа дека срушила рекорди, ми влезе во глава без да ја слушам. А на Бијонсе по кој повод ѝ е настапов?
Хотел нов се отвараше во Дубаи и да, сѐ беше беспрекорно. За саат време си зема 24 милиони долари и ништо не може да ѝ ја земе титулата Кралица. Жал ми е, ама така е. Која друга пејачка би ја сместиле на тој трон? Мадона, што не знае да пее? Ријана што, исто така, не знае да пее? Б е комплет од таленти. Во однос на тоа дека се порекнува сама себе, хм... Можеби, ама можеби и не. И мене да ме побараат да настапам некаде за одредена сума пари - ќе настапам, денес сѐ е сведено на пари, за жал, профитерство во сѐ се гледа и бара. Ако одрекнувате дека е така - се лажете себе. Настапот ѝ беше фасцинантен, барем во поглед на вокали - неверојатно отпеа. Скоро имаше операција на стапало и затоа немаше многу кореографија. Ѝ се може.
Има каде каде подобри пејачки од Бијонсе, ако тој е критериумот таа да е Кралица тогаш има и поголеми Кралици од неа. Кој други таленти ги има таа што ги немаат другиве пејачки?
Не сум фан на Бијонси ама дека е кралица малку тешко. Ријана да не знае да пее, ох таа има одличен глас. Ники Минаж долги години е на сцената знае да пее на долги стази. Бијонси ништо посебно, ама тие си знаат.
Па така е тоа е ствар на вкус, за некој кралица за некој не. Ама да се тврди дека само таа има талент, глас, настап , харизма итн стварно не е така. Полно пејачки има што ги имаат овие работи, па ај сеа кралици ќе ги правиме сите.
Ама не знам зошто се лутиш искрено. Не е запишано во камен, на форум е. За некого таа е најталентирана, како и според мене и е "кралица". Има и други секако, но не во ваков пакет. Според тебе не е. Не е ништо страшно.
Како бе Бијонсе ништо посебно? Сте ѝ гледале настап? Пее, игра, ни малку да киксне. Ријана има убав глас, ама општо познато е дека не е највокално способна. Кога има кореографија, пола песна не ја пее.
Иако не ја слушам Бијонсе можам да кажам дека е комплетен артист, се вложува многу повеќе од многу други во професијата. Дали ќе ја слушаш или не тоа е право на избор
Бијонсе има предобар глас. И нејзината кореографија не е лесно да се научи. Она работи напорно, исто ги тера и танчерките кога се со неа на настап. Сега од оправдана причина немаше којзнае какво играње. Ама и Ријана и Мадона ги бива.
Колку што имам читано она секој ден вежба танцување и исто така ако сакаш да си дел од нејзиниот тим мораш исто така секој ден да вежбаш.Значи вложуваат многу време за да тоа изгледа се така беспрекорно.А и девојката нема веќе 25 секоја чест за кондицијата.
Па, види вака... Не знам која беше за да те цитирам, ме мрзи да скролам нагоре. Ама истото важи за било кој - да, има повеќе кои пеат добро, има некои танцуваат добро, има некои се интересни како појава. Ама, како комплет - нема друг, она е легенда сама по себе, бренд. Синоним за американската музичка сцена кој трае и трае и трае. Ако не ти се свиѓа - океј е, ама тоа не го негира ФАКТОТ дека е кралица. Прогуглај малку види како другите певачици зборуваат за неа, што имаат да кажат за нејзините песни, албуми, настапи...
Бијонсе не ми е нешто посебно харизматична . Што знам , делува вообразено , антипатично . Пред некој ден ми излезе некој си Reel уште кога Бијонсе била дел од женска група . Во еден момент , таа дури и заборава дека е дел од група . Наместо да го пее текстот на песната , она пее " Beyonce " , и со тоа покажува непоштување кон нејзините колешки . Знам дека и се може , но сепак треба малку осет . Ама , од друга страна да имала осет , не би била таму каде е денес .
Луѓе јас се заразив со песнава на Шакира, а на прво слушање ми беше ко детска песничка, додуша и е како детска песничка, ама сепак преточена е во неа болката, силата, љубовта и моќта на една повредена жена Не ми излегува од глава песната и само си ја пуштам. Кој што сака нека каже, не го гледам ова како понижување на Шакира, си ги искажа чувствата жената, го понижи Пике, ионака доволно јавно беше понижена и таа од негова страна. Гледав некоја емисија, некој собир на мажи, и поголемиот син беше заедно со Пике, и типот на мобилен ја пушти песната и се смееше, се трескаше од земја, ама очите му беа насолзени, ќе се кае тој што го замени Ферарито со Твинго, туку ај. Барем на 22 години онаа новата да била топ риба, а не бледа копија на Шакира, која дупло е постара од неа а изгледа како бомба Многу ми е жал што се распаднаа, преслатки ми беа отсекогаш двајцата заедно, си имаат и две деца, ама тоа е што е, оној Пике колку што е убав, толку е и идиот