Бледо, многу бледо. Пинк не е ДИВА. Жал ми е. Погледни кои сѐ биле диви низ годините. Се надевам ќе ја воочиш разликата. Да речеше Адел - океј.
Пинк е втора жена, после Мадона, со најголема заработка од турнеја. Плус, преталентирана е. Само што нема многу хајп за нејзе последниве неколку години.
Ако ова не е комплетен перфонманс на еден уметник и за тебе е ова бледо,мислам дека имаш проблем со видот и слухот..Ваков настап не ми се верува дека некој ќе успее да повтори.
Досадно, и покрај тоа што е магично за гледање. Која е песнава, како прво? Не е нешто што е евергрин, хитчина. И не реков јас дека не ја бива Пинк или не знам таму кој. Јас говорам за комплет, за нешто што се вика жива легенда. Мајкл Џексон е совршен пример за споредба со моите тврдења. И Мадона, своевремено. Во светот на операта, исто, постоеле/постојат многу оперски пејачи и пејачки со преубави гласови и изведби. Но, една е Марија Калас - тогаш или Ана Нетребко - денес. Како и Павароти, крал, а не дека нема други што пеат исто или поубаво во тој дел од музиката. Имаат НЕШТО, фактор кој ги прави да се посебни. За сите кои не се согласувате со мене или ќе пробувате со линкови од циркуски точки на бледи пејачки да ме убедувате во спротивното - погледнете ги сите тие „уметници“ што изјавуваат за Бијонсе. И пратете ми го тој линк, па ќе дебатираме. EDIT: Ај да не ве мачам, иако има повеќе. Идете со сите нив докажувајте се дека Пинк вреди повеќе, пример.
@theunforgiven, ако не си фан, не значи дека не постојат. Истово што го кажуваш ти, може секој да го каже за Бијонсе. Мислам, до Break My Soul, последните хитови ѝ беа од албумот во 2010.
Океј, јас ја почитувам и има толку многу хитови, за мене, кои се од последните неколку албуми. ПОСТОЈАТ ама не се кралици. Толку од мене на темава.
Пинк ми е мене една од поомилените, има стил се држи години на тоа, плус комплетна е во се, само не е за сечиј вкус. Повеќето ја преферираат Бијонсе, мене Пинк ми е по мој вкус. Колку и да полемизираме дали Пинк дали Бијонсе дали Ријана сепак знаеме дека на врвот е Мадона Ете мене Мадона никогаш не сум ја слушала ама светот кажува друго
https://twitter.com/kewchiy/status/1617419773369004034?ref_src=twsrc^tfw|twcamp^tweetembed|twterm^1617419773369004034|twgr^61a5c5de8863e548b8740f7ecc190c06b0d84795|twcon^s1_c10&ref_url=https://tocka.com.mk/admin/news/434546/edit И она мака мачела со свекрва Сега оправдана и е вештерката на балконот
Вистина дека Гага paved the way, ама после Artpop, не се сеќавам некоја пејачка вака со weird аутфити да ја најавува следната ера. Спојлер
Сега знам како и' било на мајка ми кога и' ја пуштав Гага. Доџа, премногу демонски аутфити за мој вкус, ама од друга страна па интересно е некој кога се издвојува. (заглавив во времето не можам да ги допратам новите, а и не ми задржуваат внимание за да ги слушам). ____ Ни Мадона ни Бијонсе не сум ги сакала. Не обожавам песни со многу пискање и врискање, можат да ме извадат од такт. Гага и Пинк. Сакам пејачи со badass понашање и цел пакет, музика, текст, стил. Ама лични преференции.
Потпишала договор со Илуминати. Јас не сум најголем фан на Доџа, ама некако интересен карактер ми има. Плус за следниот албум кажа дека нешто ќе е инспириран од германски рејв од 90ти, што скроз ми дава Артпоп вајб. Ќе видиме.
Бараш „дива“ од тип на Бијонсе, а ја споменуваш Адел? Од каде Адел која освен глас нема ништо друго во настапите па следствено и споредбата е сосема несоодветна. Калас, апсолутно. Ама Павароти пак не е во целост. Да пишеше Алфредо Краус повеќе ќе пројдеше, ама може ја немаше таа поп слава како Павароти со Тројцата Тенори (од кои пак Доминго...доминираше no pun intended ). Ако веќе зборуваме за живи легенди, Селин Дион, ама таа пак не е „дива“ од тип на Бијонсе. Можеби Џенифер Лопез може овде да се вброи овде која пак беше Бијонсе пред Бијонсе (и уште е). Тебе поважно ти е дека други кажале дека е така, отколку дали има некој друг сличен. Никој не го негира успехот на Бијонсе, енергијата на сцена и останато, но има многу фактори кои влијаат врз нечиј успех, меѓу кои многу маркетинг и целосно комерцијализирање (затоа и Пинк не е до толку допадлива за сите) па на таа тема ќе го оставам ова овде
Не ја споредив со Адел, полека малку. И Павароти е во целост, да, искомерцијализиран. За други оперски имиња немој да ми збориш на мене. Поентата е дека светот ги знае тие што ги знае, а синоним за опера не е Доминго, туку Павароти. Зборувам за сите кои не слушаат опера и не се запознаени со тој свет, ама сосема природно е да се знае нешто такво. Џенифер Лопез крека, исто така. Настапи како настапи има, океј, ама пак не е тој пакет каков што е Бијонсе. Не ми е поважно други дека кажале, само следам кој што вика за Бијонсе од познатите. И тоа кажува нешто. Што и да е . А за факторите за маркетинг ќе се сложам. Но, секој си има право како што сака да си се претставува, секој си плаќа за тоа. Кој си успее - си успее. Никој не е крив. И, за последното, тотален нон-сенс. Можеш да додадеш и нешто од Моцарт на кое тој сам има работено, рецимо. Тоа НЕ е мерило и никако не може (а и не треба!) да се споредува. Сѐ во свое време.