Да бе неодамна видов дека Мајли и Лиам се заедно срцки ми се заедно А што сторил тој за да му прости? Ја изневерил?
Да, и тоа додека биле заедно на одмор. После тоа нели се ишиша, се дрогираше, објавуваше секакви слики на инстаграм. Сега се потсмирила и пак ја пуштила косата.
Беше откачила многу се и сешто правеше, ама откако се смирија и она се смири Сигурно заради него сето тоа го правеше.
Е се да правеше за него, срам да ѝ е. Па и тој бе на одмор ко беа заедно ... Како и да е кога и да сум гледала слики и видеа од нив таа се гледаше дека е way into him, а он ми делуваше незаинтересирано. Претходниот пат колку што знам се верија?
Да беше заинтересиран, немаше да ја изневери. Иначе да, верени беа. И сега се. За него изминативе неколку години никаде не пишуваше нешто дека уште ја сака, дека сакаат да се смират и мислев дека скроз се имаше откажано од неа. Кога пред некое време гледам Мајли ставила слика на инстаграм со него. Ич не очекував. И она мислам дека и друга врска имаше после него.
Јас имав читано кога Мајли се сврти скроз демек ја сакал ама зошто била каква што била семејството негово ја неќеле. Ама тоа ми гледаше како причина да си бараше демек "ја не сум јас крив". Сега отворив на нет, изгледа и трудна била, се смеев на "Miley is ready to pop out an Aussie demi- God"
Леле, сериозно? Со среќа нека им е. Мајли никогаш нема да можам да ја замислам со дете. Дека ја знам уште од времето на Хана Монтана и цело време мислам дека уште има 18-19 години, а таа до 24 стигнала. Исто и за другиве помлади што се како Џастин, Селена, Деми, Ариана...
Онака не е потврдено ама каде си спремале место за живеење правеле како места за деца, мал базен, играчки. Мене лично то не ми значи дека е трудна зошто јас сега ако се одселам ќе предвидам соба за деца ама ете можи е ахаха. Официјално немале ништо кажано, па ќе видиме. :3
А, штo мислите зa Shawn Mendes? Прв пaт гo зaбележaв пред некoј ден нa Vh1 кoгa јa пуштијa негoвaтa песнa "Treat You Better". Активен е нa музичкaтa сценa oд 2013 гoдинa и дo сегa имa двa aлбумa издaденo. Инaку, живее вo Кaнaдa. Гo слушaв и вo живo кoгa јa пееше песнaвa и беше дoбaр. Сепaк млaд е, 18 гoдини мислaм декa имa. Сo вежбaње ќе си гo усoврши глaсoт. Песнaвa мнoгу ми е убaвa.
Мене ми се допаѓа и Stitches. И мислам дека е уште еден тин-заводник, барем така го доживувам по песните. Ко некоја малку помажествена верзија на Џ.Бибер. Ама има фини песни за потпевнување, оваа што ја спомна ти ми се допаѓа и мене.
Пoмaжественa. Мене вaкa бaш ми е oќеј, не е кo Џaстин Бибер дa се зaнесувa мислиш кoј знaе кoј е. Бaрем сегa зa сегa. Stitches не сум јa слушнaл, ќе јa чујaм пoдoцнa. Едит: Сиa вчерa фoтoгрaфирaнa нa aерoдрoм. Сè пoвеќе јa следaт нaсекaде тaкa дa мислaм декa немa причинa веќе дa се крие пoд тaa перикa. Бaрем тaкa тaa кaжa пред еднa гoдинa вo интервју. Дефинитивнo нoвиoв aлбум и' дoнесе oгрoмен успех, aмa спoред неa и мнoгу прoблеми.
Мене Мајли воопшто не ми се допаѓа, некаде прочитав дека била и лезбејка. Едноставно си патеше од очај по момчето. Бритни ми беше идол на времето, сеуште ги имам нејзините албуми зачувано, но кога раскина со Џастин и си ја избричи главата како резултат на породилна депресија ми се одмили. Џастин Тимберлејк од бунтовно момче прејде во мирни води. Уште ми е идол. Не го гледав совршен покрај Скарлет Јохансон во песната What goes around, ептен ми е раск**вана Скарлет дури и антипатична. Момците од Бескрит Бојс ми се фаворити, ептен ми се допаѓаат како бојс бенд. Штета е што такви гласовни звуци се повлекоа покрај бројните скандали, но мирното повлекување им влијаеше позитивно на сите, секој со своето хоби,некој се ожени. Покрај песните i still, incomplete мене најмногу впечаток ми има оставено токму оваа песна. Кога нивен концерт би се одржал тука кај нас, би одела. Coldplay ми се омилени во последно време, често на репеат ми е The scienfist. Прилично немам прочитано да ги вртат некои бројни скандали. Јас против Бијонси немам ништо, читав дека нејзината танчарска група ја опишува како посветена мајка и цврста жена, мене искрено не ми делува така едноставно не ја доловувам како таква. Во песната Blue таа ја пее за ќерка и, цело време е со неа само таа и она, а на крајот од спотот се појавува Џеј Зи, вештачки ми е некако се тоа. Има некои доста добри песни, но ме нема освоено како обожавател. Ми личи карактерно на Јелена Карлеуша. Ако ми текне на други ќе се допишам...
Да кажам збор два за легендарната група Гнс енд Росес, Ексел Роуз и Слеш на времето беа дрн мрн кај женската популација . Групата се распадна заради Ексел роуз бидејки изгледа имал психички проблеми и измислувал некои работи , као Слеш бил опседнат од лоши духови Годинава после 20 и кусур години се споиа и имаат турнеја , но не се уште тако млади и убави иако ми е омилен пејач но од оваа babyface ,нема ништо
Мене Мајли ми стана многу антипатична, со сите тие контроверзни работи што ги правеше за да привлече внимание. А од Дизни ѕвездиве јас ептен ја почитувам како лик Demi Lovato. Девојка која има поминато низ многу работи низ животот, која се бори против стигмата на ментални болести, јавно кажува како е да се бориш со зависностите и дека животот не е розов. Јас кога и го гледав документарецот за нејзината борба за живот ептен се пронајдов. Плус девојката е прекрасна, нема типичен изглед, curvy аnd proud of it А и музиката не и е лоша.
Amanda Seyfried се породила, има ќерка. Најтаинствена трудница; дури се дозна оти е бремена, се породи.