Ријана имаше соопштено пред пола година дека ќе настапува: Мислам дека секогаш однапред се знае кој ќе настапува, само можеби ќе почекаме додека соопштат.
Не знам дали има посоодветна тема, избркајте ме таму ако има. Сакав да ги споделам креациите кои ми се допаднаа од црвениот тепих на SAG наградите. Пишете кој ви остави впечаток. Еве ги сите. https://www.google.com/amp/s/www.va...2023-red-carpet-fashion-see-all-the-looks/amp Спојлер Се заљубив. Штиклата малку прегруба за целата елеганција нагоре. Да го видам фустанот во продавница, нема да го погледнам. На граница ми е меѓу партал и уникатно парче. Бојата ептен и прилега на Аманда, а и дека насмеана е цело време, како освежување ми е дојде. Гледајќи по мене имам предрасуда дека ваква боја на коса не оди со розеви и црвени нијанси. Не знам оти, на нејзината слика 100 пати подзастанав, впечатлива ми е, па почнав да ја бендисвам. Секогаш е без грешка, мислам прв пат не ми се допаѓа. Бојата совршено и прилега на тенот, накитот одличен, со долга коса ми беше уба сега уште поуба, како да порасна и ги надмина поискусните актерки. И со вреќа за ѓубре да се појави ќе ја сакам, знај да ги носи работите. Малку е досадна оваа комбинација, имала даааалеку подобри изданија. Убав фустан, чевли, накит. Косата како изгледа напред не, карминот не. Надолу сум неодлучна дали ми спаѓаат во убај или не.
Не беше Тимоти, штета Овој фустан најубав ми беше а Зендаја порано не ми беше волку убава, љубовта ја разубави
Кај раката ми е малку чуден, не е до фотографијата. Ама да, и мене овoј ми е најубав. Еве ги и од NAACP Image Awards, 4 од 4.
@GirlRose Да, до некаде Според мене, Хајли, Кајли, mean girls кланот се опседнати со Селена, а богами и на Џастин не му е сеедно Селена е премија за него и измислена за овие две.
Селена да трепне овие ќе ѝ се фатат. Недораснати, пак после правдај се демек случајно било. Многу ми е јако што повеќето celebrities ја отследија Хејли на инста и тик ток.
Мене ми е преплавено секаде со нив двете. Искрено Хејли од одамна дава таков mean girl вајб општо. Се гледаше уште тогаш дека е опсесивна со Џастин и Селена. Стварно ми изгледа на недоволно елоквентна. Мислам дека не е некоја селебрити ко Хадидс или Џенерс туку онака само ко таа да им се бута нив. Џенерс ми се ептен злобни, ептен патат по слава. Од друга страна, искрено и Селена е шејди. Многу пати пушта такви бомби коментари под тиктокови, иако самата се има 1000 пати изјаснeто дека не сака да е во такви драми или поврзана со Џастин уште. Се ми изгледа дека ова е за внимание плус.
Хејли е болна, треба д се лечи тоталка. Не ја остави да диши Селена и сѐ лепи мислиш се ќе направи да ја снема од планетава. Болест.
На Хајли не и е крива Селена. Неа Џастин едноставно не ја сака. Ете, ниту еднаш не излезе јавно да ја одбрани на културан начин својата сопруга. Второ, сликите од неговиот роденден. Објавил 100 слики од неговите пријатели, а Хајли ја има само на една слика, и тоа последна. Не ја ни носи бурмата, ама најјако е една слика каде го подвиткал ракавот да дојде раката во фокус, а на таа рака- тетоважата од Селена Едноставно и Хајли треба да сфати дека Џастин ain't worth it dat much.
Од сите страни не бомбардираа со Хејли/Селена. Не ја сфаќам улогата на жртва на Селена, не сака да се меша, се држи на страна, а свесно подбуцна цела лавина со коментар на некое видео старо 5год. Се повлече дури неколку дена од нетот, убаво од страна го гледаше сеирот кога беше на најјако, па сега замолува да бидат фини. И сите оние борци против онлајн булинг сега се сто пати полоши од овие mean girls. Добар пр потег во секој случај, можеби не очекувала волкав размер дека ќе опфати, ама свесен и намерен. Џастин делуваше токсичен за Селена а мислам дека не е ништо подобар и кон Хејли. Како и милион други тинејџерки го обожавала, кога се зближиле очигледно и се вљубила. Очигледно не е преболен од првава а ниту вторава не сфатила дека не е вреден. Порано си играше со првата сега со вторава.
Според нејзиното најново појавување на ТикТок, како се шминка, може и се беше супер маркетинг потег од аспект на бизнис. Кylie Cosmetics и Rhode Beauty сега се бојкотирани, а повеќе купуваат Rare Beauty. Во секој случај, коментарот на Селена во одбрана на Тејлор не е ништо во споредба со исмевањата на Хајли и Кајли. Не е новост какви се во суштина сите. Да беа над неа и далеку подобри, ќе го игнорираа коментарот или ќе постапеа по културно. Вака уште повеќе се открија. А може и не знаеме се, може нешто зад кулисите претходно се случило, што ја натерало Селена вака да постапи. Во секој случај така е кога имаш војска од фанови, не купени следачи.
Селена прво стави видео кај што се восхитува на убавината на Бела Хадид, а притоа искоментира нешто за сопствените веѓи какви ѝ биле, па Кајли и Хејли ѝ се фатија за веѓите, па ја исмеваа на стори. Значи Селена не ја почна прва драмава единствено објави најнормално видео, овие ѝ се закачија за видеото и тек после Селена искоментира на тик ток за видеото од Хејли кај што ја омаловажува Тејлор. Зборот ми беше дека со булинг први почнаа Кајли и Хејли, Селена ништо не подбуцна.
Не викам дека првиве се арни или дека не почнале, само дека се после тоа е можеби подобро осмислено одколку што делува на прв поглед.
Јас мислам дека грешка ѝ беше на Селена да коментира на видеото со Тејлор, не требаше да се спушта на тоа ниво ама да можеби си во право. Сето ова изгледа како да е добро осмислено.
Роберто Кавали на 80 и кусур години го добил своето 6то дете со 45години помлада манекенка Сандра. Ги гледам сликите и стварно одвратна е разликата во години, баш ме интересира што им се мота во главата , старецов дали стварно е заљубен или само си тера кејф со некоја на возраст внука, уште потрагично од другата страна толку млада и убава и таа ли е заљубена во старец или љубовта нема врска во двава случаи, се е интерес, од едната страна кејф а од помладата страна пари пари пари, моќ, медиумско внимание …. Мене понесфатлива ми е младава манекенка, толку убава, зарем не постојат млади бизнисмени милионери? Што е тоа што го има старецов а го нема некој младич исто со пари? Не дека ова е прв случај ама денес мислам дека сите портали ја објавија веста и баш се замислив и не ми е воопшто јасно.
Ова е жива болест, ама чекај, сега ќе скокнат оние кои тврдат дека љубовта е љубов и не познава никакви граници Вакви парови низ светот се повеќе и повеќе никнуваат, прашање на време е и кај нас кога ќе дојде ова помодарство, не дека нема зад затворени врати вакви "љубови" де. Хм, па што има старецот милијардер, а што нема некој млад и убав милијардер, ваљда ќе да е финансиската независност, јер оние младите разгалени богаташи колку и да и удоволуваат на една жена, сепак мораат да дадат отчет за потрошеното кај тате и деде, додека старецот не треба никаде да дава отчет, мое мислење, ама може и некои други техники си имаат таму, кој да ги знае
Имам у зграда ваков пар… искрено ни за гледање не е здраво а не па… Не знам стварно како се спојуваат паровиве… зашо овие па и не се нешо финансиски баш.