Мене па и не ми се толку лош пар. Тие се речиси 1 деценија заедно. Сандра сега има околу 40 години, па мислам дека сфатила веќе од животот што сака. А и тој изгледа како океј личност. Валјда и дава покрај финансиска, и психолошка сигурност. Има многу такви парови, не се само тие нормално. Има многу жени што сакаат доста постари мажи. Не секогаш финансиите се во прашање. Таман па секој пар си е приказна за себе
Ќерка е на Stephen Baldwin. Селебрити е исто колку што се селебрити децата на Хадид и Џенер ако гледаме по таа нишка на ништо неправење туку само роднина бивање на некоја веќе позната личност.
@NoirSerpentine Но, барем од сите тие Бела и Џиџи се докажаа како модели. Ги бива за таа работа. Особено Бела. Иако не почнале со нула финансии како останатите, туку имале врски, сепак се добри. Хајли е убава, но без Џастин ќе и беше многу подобро, според мене.
Во последно секоја женска позната личност почна да вади свој бренд на шминка или skincare, а производите ги продаваат ептен скапо. После Ријана некако сите со тоа почнаа да се занимаваат. Lady Gaga, JLo, Selena Gomez, Hailey Bieber, Becky G, Ariana Grande, а последно што видов е дека и Vanessa Hudgens се вклучила во бизнисов. Што мислите вие дали е претерано ова?
@Star_dust Понапред повеќе signature парфеми вадеа и тоа ми е скроз океј, баш интересно. Со козметичките производи, искрено ваделе или не, како џабе им е. Рири извади, ама таа се посвети на тоа, козметиката и е препознатлива по врвниот квалитет, па не за џабе стана милијардерка. На останатите тоа да им беше успешен бизнис, немаше толку пак усилено да се занимваат и со се останато. Значи, немаат толку ќар. Не им купуваат луѓето толку, а од друга страна и зошто би. Пример Кајли ми рекламира нејзино руменило, а нејзино омилено и е Диор. Ќе си купам Диор и јас, зошто да фрлам пари Или Хајли рекламира производ, за кој така да изгледаш критериум е да имаш 20 години.
Кајли со својата линија на козметички производи, посебно со кармините сруши рекорди и стана најмладата милионерка. Ти така размислуваш-ондак Диор ќе купам и јас, ама американциве се малце лошо да се изразам- глупи.
@elimkd Таа само ја искористи нејзината популарност меѓу тинејџерките тогаш, со тоа што пласираше кармин, што се смета за доста високо таргетиран производот меѓу потрошувачите. А под нејзината популарност, мислам менаџерските способности на мајка и. За неа секоја чест. Меѓутоа, заработи набрзина, но не поради квалитет, туку ријалити популарноста. Денес одамна немам видено некој да се филма со нејзините кармини и сл. Затоа некаде прочитав дека 51% од акциите на фирмата сега се продадени на друга козметичка компанија, валјда за да не пропадне до толку. Плус, поради исмејувањето на Селена, многумина на Тикток се снимаа како ја фрлаат нејзината козметика во канта.
Чекав некое време за да прокоментирам на Селена - Хејли драмава . Не знам кој ја почнал оваа драма , но неодамна гледав кратка анализа на случувањата и зошто Џастин во едно интервју во завиена форма ( " I swear this is like arranged marriage " или нешто вака , слична изјава беше не запазив на целосната реченица , но arranged marriage секако го кажа лично Џастин мислам во шоуто на Елен беше ова интервју ) кажува дека Хејли му е само " зелена карта " за да не изгуби се што до моментот творел ( под моментот мислам 5 години брак со американка - green pass за он да не биде избркан поради сите негови скандали до 2018 , кога всушност и се земал со Хејли ) . Не ги следам нешто посебно , па затоа и не знам што да помислам на оваа тема . Не е тајна дека многу Холивудски бракови и врски се случуваат заради подобрување на публицитетот , или како во случајов за " green pass " . Останува да чекаме до септември оваа година , кога всушност Џастин и Хејли ќе прават 5 години од стапувањето во брак .
Изминатиот период нон стоп ми излегуваа reels за тоа како Хајли направила исти тетоважи на исти места како Селена. Баш мислев дека е крипи. Но, баш прееска ми излезе reel на еден тату мајстор што си дава свое гледиште и мисли дека уствари Џастин се обидува Хејли да ја претвори во Селена. Во секој случај, Џастин е вистинскиот проблем.
Колку се забегани луѓето што се инволвираат во драма која не ги засега до степен да испраќаат смртни закани на луѓе кои не ги познаваат?
@Angie1432 Осудувам секаков ваков претеризам, иако по коменатари само сретнав исмејување или барање да се извини, а не и закани. Секако треба да си пријави ако некој вака и се закакнувал. Бесмислено е ако некој до таа мера одел. Но, од друга страна, Хајли сама треба на стори да излезе и да си каже. Селена не и е крива или должна да ја брани. Зошто ако исмејуваш некој и луѓето те нападнат, преземи си одговорност и извини се барем. А она си става сликички, си го рекламира брендот, tries so hard to look unbothered. Дури прочитав некаде платила да и пишуваат позитивни коментари под сликите. Мислам дека како и секоја драма, ова ќе престанеше ако Хајли веднаш го адресираше ова на стори, што знам
Па и Селена ја буцкаше целата ситуација да бидеме реални. Хејли ѝ кажала да прозборе зашто заканите ги добива од фановите на Селена. Додуша не следев баш многу, ама од тоа што видов Селана имаше удел колку и Хејли. Како и да е, доволно беше со овие, мислам дека отиде предалеку и добро е што го ставила ова на стори.
@Angie1432 Па Селена не започна прва, но барем попаметно постапува. Во секој случај, пак е почитувана за ова и верувам ќе реши можеби нешто. Иако по коментари сега пак ја исмејуваат Хајли дека не треба да глуми жртва и да бара друг да ја брани. Лично мислам дека треба да си затвори да не и коментираат и кај и да е, луѓето ќе заборават. Нема вечно ова да трае А баш убава им беше заедничката слика на Селена со Хајли
Искрено не почитувам ни една од нив. Ама се претера, Селена Гомез многу добро си ги знае фановите и свесно предизвика што предизвика. Ич не можам да ја сварам нејзината улога на жртва и добрица. Мене ми личи на личност што не е сигурна во себе, како да бара некој да ја брани и глорифицира.