Оф бе, од цел пост оти е нарцисоидно створење, за тоа шо мења дечковци ко гаќи се фативте? Па Спенџи уше еден да смени, на клада ќе ја запалите, али ваа билионерката американска го фатила Господ за муда,па може. А па Волдермортката муабет да не праиме... Па одма феминизам, патетики. Ја мислев феминизам да ти било и жени да критикуваш, и да делиш кој вреди пример да биде, а кој не, али очигледно сум се заебала. Затоа и ваа некој пример ви е у животот. Мех...
Лана е дел од албумот. Да не се сменеа годинава правилата на Греми и она ќе добиеше награда за албумот на Тејлор. Така да мислам скроз ќе беше поглупо да ја оставеше, додека останатите продуценти се на сцена. А Тејлор беше единствената што ја одбрани Лана во 2020 кога имаше hate train од селебритис и медиуми, во говорот кога ја подигна наградата за woman of the decade. Така да, не ми делува ова ко нарцисоидна, или себична постапка. А општо хејтот кон Тејлор е ептен forced. Преочигледно е дека само лоши хедлајнови отварате кога станува збор за неа.
Може да ја критикуваш Тејлор за еден куп работи како на пример самиот факт што е милијардерка, што користи private jet за до продавница, што збори за политика само кога нејзе и' е во полза, што се заканува со тужби на мали деца и еден куп други валидни причини. Ама ти се фати за тоа дека им се испонашала нарцисоидно на жени што многу очигледно искрено ги сака и почитува, и (пази) дека менувала дечковци како гаќи. Кој бумерски коментар, шалава беше досадна уште во 2015. И не знам што зборите, буквално секој пејач на светов пишува песни за ексови, а ако гледаме бројки Тејлор најверојатно има повеќе песни што не се за мажи отколку сите ваши фејвс заедно.
Па да ги знаев тие работи за неа, и за тоа ќе ја исхејтав. Фала шо ми даде докази шо го одржуваат моето мислење за неа. Иначе неам фејвс, небитно кој да е, муж или жена, истото го мислам. Само кај неа пукна чашата, прво со фејк понашањето на Греми, по кој знае кој пат, и плус е најпозната пејачка на светов моментало, на која све и се прашта само оти е жена. Али ок, вие си знаете. На младите остануе светот, ние бумерите само си мрчиме.
Шознам, не сум фан на Тејлор. Не ми се добри песните. Ама за секој човек си има жанр шо му одговара така да ете за вкус не се дискутира. И мене ми одговара поинаков. Па ете и од перспектива на не-Тејлор фан, колку и да ја боцкам другарка ми на темава пошто ми се слатки реакциите, не сфаќам хејтот кон неа. Ко сменала поќе партнери. Бу-ху. Праела песни за бившите, ко да е прва. Ко другите да не црпат инспирација од сегашни и поранешни врски. Била лош пример, ко да е един пример, иако не сметам дека е лош. Ко шо кажа Лела погоре, има легитимни причини да се хејтаат одредени славни ако веќе тоа е целта, шо конкретно ја опфаќа и неа. Ама за тоа шо најчесто се хејта е... Мех.
Отекоа со Тејлор, господе боже. Не знам веќе кај ја нема, само за нејзе се збори и пишува, вака направила, онака направила. Мене ми е толку досадна и bland, не знам и не ми е јасно како дојде до оаваа нејзина огромна слава. Феномен ми е.
Мене ми е несфатливо од толку познати личности зошто толку се форсира хејтот ко неа. Има милион попросечни пејачки па не се волку плукани и исмевани. Океј е да не ви е по вкус, и мене не ми е не знам Теа Таирович по вкус па не одам сегде да ја плукам. Девојката си има фан база која што и е верна со години(што ја слушале на 15 години, сега и на 25), сама ги пишува текстовите кои се многу повеќе од песни за дечковци(еве ви препорака The man), лани економијата во Америка просперираше од неа буквално. Спојлер Swift's fans spent about $93 million per show — yes, on tickets, but also on merchandise, travel, hotels, food and outfits. Add all that up, and by the end of the U.S. tour, you've got a $5.7 billion boost to the country's economy. Не знам за мене е талент и посветеност да извади толку многу албуми во толку кратко време, 3 саати да вежба трчање на трака дур ги пее песните за да е спремна за на концерт. Да не ни навлагам во тоа колку имаше тепачка за картите на нејзините концерти, сигурно не било зошто нема талент и пишува за бивши
Зошто ли зошто, прашањето е сега? Tale$ from Uncle $am... Now, who wa$ it that run$ the world again? Спојлер: . Girl$! https://www.cnn.com/2023/08/09/economy/barbie-taylor-swift-beyonce-economic-impact/index.html
Каде сегде? Мислење на форум, како и за сѐ друго. Не ја сфаќам опседнатоста, ниту на нејзините фанови, ниту на медиумите кои се против нејзе. Океј, пејачка е, добро, не мора да ѝ се дава статус на божица, ниту да се симнува од истиот измислен трон. Не ја слушам, како што реков, ама сега со Гремиве не може да се избегне, сѐ само со нејзе е поврзано. Веројатно и од таму доаѓа револтот на оние што не се фанови. Зошто го отекоа.
Предосадна, нај overrated артист, со глупа фризура и најлоши хулахопки на свет! Нема ниту добри сценски настапи, само пее добро. Али на тик ток: видео од Тејлор кај што трчка на сцената и фановите се "Awww, she walks "
Медиумите, а и општо светот се против неа, бидејќи не сме научени да гледаме жени како победуваат. Од инцидентот со Канје, до вториот инцидент со Канје, со тој што го тужеше за sexual assault, до Скутер Браун. Ко, жена не може да е жртва повеќе од еднаш. Плус па тоа што од секоја ситуација излегува ко победник. Хорор за патријархалното општество. И не знам, освен што ѝ ја сакам музиката, Тејлор секогаш била тука за други жени во индустријата. Ја спомнав Лана, ќе ја спомнам и Кеша кога се тужеше со продуцентот, Тејлор донираше некоја огромна сума за судски трошоци. Светот не сака паметни жени, уште помалку кога се гласни и моќни.
Мене Тејлор ми е досадна, не ја слушам. И покрај тоа, хејтот што го добива претежно од мажи е баш поради тоа што е жена и е толку популарна. Реално, една е од најнепроблематичните личности и ако и' простиме што песните не ни се по вкус, нема направено ништо што заслужува да биде омразена. Други славни личности(со акцент на мажи) прават пет пати полоши работи па пак им се прогледува низ прсти и нивните ненормални фанови ги поддржуваат. Од Chris Brown до Nicki Minaj.
Да ти кажам искрено повеќе ми стои дека медиумите знаат дека фановите ќе се запалат и само ставаат такви наслови за гледаност и читаност. Што ако напишат нешто позитивно, нема реакција никаква, вака сите фанови ќе се сјатат и ќе пишуваат милиони коментари. Фановите треба да престанат со тоа, нека ја подржуваат, нека и одат на концерти, кога провокациите ќе паднат на глуви уши можеби ќе е друго. Медиумите се знае за што се и од што го заработуваат лебот. За светот општо не можам да коментирам, не ја ни следам, нит гледам, почит за тоа што го кажуваш што го прави, ама пак ќе кажам, како уметник мене ми е мех и невпечатлива, настрана од тоа дека е жена, затоа не ми е јасно како станала толку популарна, за да дојде нели до сето ова наброено. Па, знаеш ли колку има што имаат добар глас, ама немаат харизма, немаат присуство на сцена? И нема да успеат. Од друга страна некоја што пее просек, ама го има сето ова друго може да успее.
Се наоѓаме во момент кога личност што е неприкосновен дел од музичката историја се наоѓа на врв на кариера, како очекувате да не се врти сè околу неа? Многу е нормално за секој музички гигант да доминира секаде каде што ќе се појави, особено кога е во својот peak. Океј е да не ти се свиѓа лично музиката, сосема друго е да тврдиш дека нема смисла што е толку популарна. Има објективна и реална причина што е едно од најголемите музички имиња на сите времиња, не би го разглабала тоа тука, бидејќи не е up for debate, едноставно е факт. Зашто за тоа колку е квалитетен еден артист не се прашуваат моите и твоите ушни тапанчиња, туку голем број други фактори, како автентичност, приказна, legacy, конзистентност, лирицизам, интегритет итн. итн. И од 5-6 слушнати радио хитови не можеш сево ова да го процениш и секако дека нема да ти е јасно зошто е таму кај што е.
Сакаш да напишам трактат за ликот и делото на Тејлор Свифт за да можеш да реплицираш со мех? Одма после цитираното ти пишав што е тоа што го прави еден музичар квалитетен. Постојат цели предмети посветени на тие аспекти во неколку универзитети, како што постојат и за сите други музички икони. Не можеш да испишеш таква историја а да немаш некој вид на квалитет. Тоа сакам да кажам.
Сакаш да кажеш сѐ што е толку слушано, гледано или читано мора да е квалитетно ако е конзумирано од огромна маса народ?