Треба да се помирите дека Тејлор е музичар кој сите го минат како тинејџери во својот живот. Во мое време Тејлор беа One Direction, Џастин Бибер, Селена Гомез. Нормално дека нема 40 годишни жени да се попалуваат на Тејлор туку на Тина Тарнер и слично. Едноставно не може да се очекува дека музиката пред 30 години и музиката сега ќе е иста. Секое време си има свој „квалитет“. На дедо ми му е несфатлив феноменот ac/dc, на татко ми му е омилен бенд. Дали тоа што дедо ми го смета за ѓубре е стварно ѓубре? Не. Дека е неоснован хејтот кон Тејлор- е. Дека е нешто невидено и тоа не е. Ама, си прави песни, ги стримаат луѓето и тоа е тоа. Квалитет не е се што е убаво во вашите очи. Пример, мене не ми се нешто wow песните на Тоше, супер се, ама дека се за мој вкус не се. Дали тоа го прави по дифолт неквалитетен? Секако дека не. Не дека Тејлор не ви е квалитетна, не ви е по вкус па затоа.
Не, туку не можеме јас или ти да одлучуваме за нечиј квалитет, кои сме ние? Пример која сум јас да кажам дека некоја си таму пејачка не заслужува да е успешна пошто јас не ја слушам, а жената има распорадено колку таму арени во Загреб и логично многу долго се збореше за нејзиниот успех ако се сеќаваш? Веројатно толку луѓе што отишле на концертот сметаат дека е добра и го има Тоа Нешто. Исто е со Тејлор Свифт, a ако сметате дека нејзината музика е загреота тоа можете само од инат да го зборите, отворете и некоја песна особено од поновите, објективно е квалитетен текстот и storytellingот која таа го искажува со нејзините песни. Или отворете на нет има квизови "Did Shakespear or Taylor Swift write this?" па да видите уствари колку поетично и магично пишува.
Работата е што не порасна како сите музичари Бибер, Мајли итн, си остана да си пее тралалајки. Тоа пример мене лично не ми се свиѓа или што знам. Мајли ми е една од поомилените, Бибер знам да го пуштам, а порано исто не можев да ги гледам како и Тејлор.
А, како порасна Бибер или Мајли? Мајли пред некој ден зеде греми награда за песна за нејзиниот бивши. Џастин уште во брак со Хејли пишуваше песни за Селена, а беа заедно уште од памти век. Не се пораснати, туку едноставно не можете да ја сварите и тоа е сосем легитимно. Како и да е, тоа не ја прави дека не е квалитетен текстописец и изведувач.
Што има врска дека е за бившиот, ремек дело е песната, нешто што Тејлор се мачи да го постигне со години. Може едноставно треба да пишува само за други изведувачи.
Како може Тејлор да се помачи повеќе кога ја зеде најглавната награда- греми за албум на годината. Тејлор има прекрасни концерти, има филм снимено за неа скоро, цел концерт како филм. Тоа беше едно такво доживување, капа и симнувам. Жената има сенс за да ја изманипулира цела ситуација во нејзина полза, посебно со оние Easter eggs во секое видео. Верувај во време кога се прават песни колку само да се one time wonder хитови, кај Тејлор буквално секој албум и е претходно наговестен во ситни детали наредниот. Жената работи буквално секојдневно. Сите стари албуми ги преснимува пошто и ги одземаа правата на претходните.
Леле јас не ја можам женава. Значи има фаца на змија, јас не знам како светот не сфаќа дека е ужасна особа уствари. Отсекогаш ми биле екстра антипатични ликови како неа, демек со мила фаца, онака кјут се правам, а у позадина се многу заебани. Дефинитивно музичката сцена е катастрофа во поново време штом оваа руши рекорди. Песните се ништо посебно и многу подобри музичари има од неа кои заслужуваат внимание, ама не, лиглава ќе ја мазиме. Бљак.
Тоа ми е поентата, јас сега треба да гуглам за кој албум земала греми, за Мајли доволно ми е Flowers да кажеш, таков хит немало од не знам кога. Може убаво пее, може е добар текстописец ама како цел пакет е мех, мислам сериозно некој Тејлор си пушта дома по своја волја (ги исклучувам тинејџерите мада мислам и тие во денешно време знаат што е добра музика)? Ок е, вкус е во прашање ама хејтерс гона хејт и we are never ever getting back together да слушам, на цела останата музика што постои? Ноуп.
Гледате дека за вкусови не се дискутира пошто јас песната на Мајли не ја поднесувам, кринџ е, basic поп песна, па нема сигурно да кажам дека не ја заслужува наградата кога цело време се слушаше на радио и овака.
Има разлика меѓу нешто што во моментот е популарно и класик. Секој класик бил популарен. Не сè што е популарно успева да стане класик. Збориме за луѓе што оставиле толку голем печат на индустријата без разлика дали преку популарност, преку лирски гениј, преку шифт на културата, преку сите заедно или нешто сосема трето. Нонсенс е да се негира квалитетот тука. @Skyler, во 2020 Тејлор го извади албумот folklore што важи за едно од најквалитетните лирски и концептуални достигнувања на поп музичар во поново време. Во 2020-та Џастин Бибер ја извади песната Yummy. Секој што ја има слушнато Тејлор подалеку од тие неколку песни што ги наброја може само да се смее на констатацииве што ги правиш зашто буквално не постои музичар што има повеќе еволуирано од неа.
Да, многу луѓе во 20ти ја слушаат. Не мислам дека новите песни ѝ се тралалaјки, едноставно е поп музика.
Ова останува да се види, сега е во екот, па делува ко да ќе биде нешто којзнае што, ама, посебно со сегашнава култура и како се менуваат работите, разликите во генерациите кои доаѓаат, баш ќе видиме.
И јас не викам дека Тејлор не ја заслужува пошо не ја пратам, не ја слушам, од кај да знам. Еве и Бијонсе работи 24/7, плачат нејзините танчерки од нејзе, документарци за секој албум итн итн, беше најдобра во нејзиното време ама се истроши. Е сега споредете Бијонсе и Тејлор во нивните најдобри периоди и ќе сфатите што сакам да кажам. @Lella И Popstar ја извади 2021 и секогаш би ја слушала пред било што од Тејлор, what’s your point? Досадна е, и тие неколку песни од folklore што ги имам слушнато се предосадни и не ми фатиле внимание. Не ми се допаѓа едноставно.
Ама, има разлика меѓу тоа да се диса буквално секој бивши во песни и само оној кој стварно заслужува. Првото е нездрав претеризам. Не треба да ве чуди тоа што ова им е одбивно на некои луѓе.
Веќе има срушено рекорди што ја запишуваат во историјата, и тоа не еден или два. Не не, ти кажа дека не пораснала како другите артисти, туку останала да пее тралалајки. Тебе може yummy повеќе да ти се свиѓа од cardigan, ама доста очигледно е која е тралалајката од овие две.
? Стварно не ме интересира да анализирам кој заслужува "дис", кој не, плус пишување песни е субјективно. Ги имам слушнато и албумите на Адел за нејзиниот развод, мислиш знам што точно се десило меѓу нив двајца и кој е крив? Се надевам дека сфаќаш колку детска и нелогична ти е изјавата.
Искрено yummy морав сега да ја пуштам за да слушнам која е ама дај не зезај, Тејлор се уште си пее ‘зошто ме остави, зошто ме извара, подобра ли ти е таа тра ла ла ла’. Досадно, предосадно.
Не е изјава. Не е детска и нелогична. Однесувањето на пејачите и пејачките влијае врз тоа кои колку ќе ги слушаат. Тоа што е многу слушана, не значи дека е квалитетен перформер. Не е. Содржината ѝ е незрела. Кај Тејлор не е проблем само дисањето, туку и нејзините политички размислувања. Поддржува човек кој лошо раководи со систем кој поради него сè повеќе скапува. Систем кој им наштетува на многу луѓе.