Буквално не пее за тоа? Како што кажав, има волумен на песни што на никој начин не се поврзани со романса, и тоа песни со голема литературна тежина. Плус ова го збориш а си буквално flowers stan. Која иронија. За ваков неоснован хејт се збори, и за муабетов на @1209 рециклиран од 2016-та со змија моментот. Ко, и јас не можам да ислушам три последователни песни од Бијонсе, ама не се дрзнувам да и' го негирам талентот и печатот што го има оставено во музичката историја.
Flowers stan Лела не и го негирам талентот, печатот па што знам еве за мене е тотално небитен лик, за мене. Не знам ете може треба да седнам да ја простудирам, да ја видам таа литературна тежина ама па музиката ми е за уживање, не за измачување така да, да се согласиме дека не се согласуваме.
Не знам зошто ти е неоснован мојот коментар. Жената ми има змија фаца и тоа е мое право, не знам за кој рециклиран момент збориш, ама дефинитивно е нарцисоидна. А тоа дека е многу квалитетен музичар не би рекла, само денешната публика и младина претежно не знаат што е квалитет, а поради тоа што младинта генерално доминира на социјалните мрежи тие направија од неа тренд. Зошто добила награда за најпродаван албум, оти младината сега има поголема куповна моќ поголемо влијание и нормално под влијание на соц мрежи купуваат повеќе од тоа што им се сервира. Квалитетните музичари од времето за жал ја немале таа привилегија да бидат промовирани на социјалните мрежи и тоа има некоја тежина при продавање на албуми. Ама нивните песни ќе се слушат секогаш, а песниве на Тејлор…што знам. Ептен ми мех фаца, ама што знам јас.
Не доби награда за најпродаван албум туку греми за албум на годината. Тоа нема врска со тоа колку е продаван албумот. За квалитет, според тинејџерите и музичките академици е квалитетен, според 1209 не е. Секој со свој вкус нели.
Прочитав некои коментари, за Бијонсе, дека имала третмани за белеење на кожата. Кога ќе видам слики стварно побела ми делува. Им вадат муабети или стварно се прават вакви третмани?
Велиш нема врска, што знам јас мислам дека има, оти целата таа популарност е поради младината која ја слуша денес. Јас не познавам особа над 30 што ја слуша, а и помлади. Па не знам баш дали е ствар на вкус или слух, со оглед на тоа дека потекнувам од музикална фамилија и скоро сите од мојата околина се музичари, може и знам што е квалитет. Али ајде за вкусови не се дискутира. Слушајте си ја Тејлор со нејзините лала песни и глувче фаца
Абе може имаш поквалитетен слух од милиони други луѓе од *музикални фамилии*, ама кој да те сфати сериозно кога аргументите ти се лала песни и глувче фаца.
Како некој да те сфати сериозно кога аргументот ти е клишето - младите под 30 немаат вкус? Измисли нешто покреативно и што држи повеќе вода. Има многу кои благодарение на тикток стануваат славни преку ноќ и исто толку брзо се губат. Само зашто е лесно да се стане познат, не значи дека е лесно и да се задржи тоа ниво, нешто што Тејлор го прави многу повеќе од деценија и пред бумот на социјалните мрежи. Да, постои тоа. И мене ми личи обелена, така да можно е.
Негде прочитав некое чудно мислење дека порано кога беа трендинг солариум и средства за потемнување, оделе намерно за да изгледаат потемни, а сега веќе не е трендинг и не се практикува, и ја имаат нивната природна боја. Е сеа колку е ова вистина не знам, ама навистина Бијонсе изгледа многу посветло.
Абе ок, Бијонсе од увек била light skin, и они преку лето фаќаат боја повеќе, така да зависи коа ја сликале. А конкретно муабетов излезе од сликава погоре, кај шо игра голема улога и одсјајот од се што е среберено околу, реално. И плус фотошоп игра голема улога. Е сеа, дека има производи за обелување кожа, и дека по Африка, Јамајка, Индија, па и Азиските земји се белеат оти тоа е стандард за убавина, точно. Али дали е тука случај, искрено не знам шо да мислам. Малце греота демек горда на Афричките корени, а се белее...
Ја браниш ко сестра да ти е, а кој сака да ме сфати ќе ме сфати, не мора со деца да се објаснувам. А тоа дека има глувче фаца и лала песни, има. Ништо што ќе задржи внимание на квалитетна публика, бла, мех, како да ги кажам. А и не реков дека младите под 30 немаат вкус. Реков дека нејзината публика е генерално GEN Z кои преовладуваат на социјалната мрежа која има голем удел во популарноста на еден артист. Со самото тоа што имаат некои трендови по видеата и со самото тоа што се глупираат и играат пред камери на некоја песна придонесуваат за се повеќе гледаност на истиве. Ако тоа не е перење мозок и влијание на публиката и со тоа придонесување да станеш популарен, да добиеш награда албум на годината и да распородадеш концерт со таа брзина тогаш не знам што е. Да била родена во 50ти,60ти чисто се сомневам дека би била популарна оти ќе ја нема таа распространетост и би се слушала до денес, како што се слушаат некои од тогашните ѕвезди. Имав колешки кои беа од овие нејзини луди фанови, музички вкус, што да ти кажам. Една не знаеше кој е Фреди, друга не знаеше која е Ета Џејмс, мислам срамови.
Зошто? Затоа што тебе ако ти се лачат повеќе хормони на среќа на Еди и на друга треба? Ете имам другарки играорки, јас не можам да смислам македонска народна песна. Значи тоа е неквалитетна музика? Не ја бранам ни јас Тејлор, далеку е таа од мојот стил на слушање, ама па никогаш не би си дала право да кажам дека она што јас го слушам е најквалитетно, а другото е се млака вода. Ако има луѓе што кога ја слушаат Цеца им се крева адреналинот нека си ја слушаат, супер за нив. Музиката е индивидуално право не е нешто што мора сите да го знаат и сакаат, не знам што е срамно ако не знаат кои се.
Никогаш не сум се интересирала за ТС и сега отворив да и прочитам лирикс... па добро се она стварно ако е пишувано за бившите.. крипиии ми заличе дека и треба стручна помош. Ама после видов дека не ги пишува сама тие текстови и дека има соработници па сега само мислам дека помош им е потребна на фановите зошто се пронаоѓаат во вакви "дубоки" плиткости Не помалку патетично од балканските љубители на фолк кои кршат флаши во меани. Цела вечер ќе ти пеам или демек малце попрефинето Запри дожду работава.
Beyoncé не е black, туку creole. Во однос на споредбата со фотографии од порано и сега, нормално е да има разлика. Од проста причина што таа сега има мноооооогу многу пари направено, цел животен стил ѝ се има сменето+постојат креми и шминка која дава различни ефекти. Некој праша околу Блу, зошто не отвора уста. Хм, мислам дека е учена да биде таква, како мала принцеза, одмерена, да не отвора уста и да се смее со заби, да изгледа примерно, отмено и фино.
Wow, се ова за фа*инг Тејлор Свифт? Колку долго го чувавте во себе? Значи потполно ги разбирам оние што не им се свиѓа нејзината музика, до пред некој период и јас бев меѓу нив. И тоа ми се засвиѓа пред - околу 30ка. Не сите, ама да, има што ми се свиѓаат. Така што не знам што да ви кажам. А ако сме искрени и не ме интересира превише што вие имате да кажете околу ова. И на оние што им е преку глава, и мене ми е, медиумски и препокриена e поготово последнава година, буквално од фриждер само што не излегува. Ама проблемот е што не може да се запре тука, мора да се искаже шок и неверие next level (читај снобовски смех под осмех). #скандал #македонченели За фан-базата односно левелот кој знае да премине лесно во фанатичност (како и општо кај фанови на поп - личности денес) е тек посебна дискусија за стање нације, и тек don't get me started. А за психолошки анализи, слеш пациенти, за lyrics-и нели, тек да не почнуваме, кај ќе не биде крајот. Така што тоа би било тоа. Ок, прво Барби го бранев, сега Тејлор Свифт. Што е следно? Life is truly a mystery.
Дур е уште темата Тејлор, да ве поканам на дискусија за AI генерираните интимни слики кои кружеа на Х од неа. Линк.