Не се работи за вкус, се работи за квалитет и неквалитет, а за тоа има стандарди. Значи македонската народна музика е народна музика, фолклор, историја на една земја. Тоа што мене и тебе не ни се свиѓа како жанр на музика е ок, ама тоа не значи дека не е квалитетна, има длабочина, историја итн. Не може да се разбираш од музика, а да не знаеш музичари како овие, што сакаш кажи после таа изјава, џабе е, во мои очи ти си загубил на вредност. Исто е и со Бетовен да речам, не слушам класична музика ама тоа не значи дека не е квалитетна и дека некој не треба да знае кој е Бетовен. Ама не може фан на Тејлор, истиот оној кој придонесува за нејзината слава, да го сметам за лик кој се разбира од музика ако не знае кој е Бетовен или Фреди. Сфаќаш? Финално тоа што многу народ сака една работа не значи по дифолт квалитет.
Girl... Иначе, има многу разлика на кој начин конзумирате музика. Ако генерално слушате само хитови и она што е пуштено на радио, не знам колку може да донесете заклучок за каква е нечија дискографија. На пример последниот албум на Мајли, врска си нема со Flowers. Минатиот што генерално никој не го слушна и немаше толкав хит е стопати подобар. На Тејлор песните воопшто не се ко што ги опишувате и не знам зошто толку се натегате кога и самите кажувате дека не ја слушате. И ко, Тејлор не е од вчера, 18 години е на сцената, пее буквално од 14 години. Не знам што толку ви е чудно околу нејзината кариера и успеси. И ајде постирајте некој текст што вие мислите дека е квалитетно напишан, да нѐ едуцира ние тука што поим немаме од музика. И муабетот дека порано имало поквалитетна музика од сега, мислам потекнува од некоја носталгија кон времето кога сме растеле. И за мене најдобар период на музика е 00s и 10s, исто ко за мајка ми што е 70s и 80s. И ко океј да ви е напорна нечија медиумска покривност, во случајов Тејлор, ама ко, тоа не значи дека по дифолт мора да е overrated во работата. Истово се случуваше и со Лејди Гага пред 15 години. Да, сега сите ја сакаме јер нели почна да пишува бејсик балади за филмови, ама отворете ја темата за неа на форумов баш да видите какво мислење делеа за неа сите во пикот на кариерата кога беше. И ко, тогаш мал бев, не ни разбирав англиски, ама сега кога ја слушам и ги анализирам текстовите сум ко wow. Колку и да ви звучи тралалајка песната, текстовите и word play-от се врв. И има голема поврзаност помеѓу Гага и Тејлор кога ќе размислам и хејтот кон нив во пикот на кариерата, ама да не тупам со филозофии за општеството.
^ Не мислам дека само носталгија е причина за тоа што мислиме дека се квалитетни песните од порано. 90% од тие песни се препеани во денешно време, зошто се убави и квалитетни. Исто така, не може еден музичар од 80ти-90ти да се споредува со денешен музичар, зошто денешниве можат да се поврзат со публика преку социјални медиуми (пр. инстаграм, се чувствуваш како пријател со некој што не го познаваш) и оние музичари што твореле пред социјални мрежи.
Семплинг на песни не е ништо ново. И Мајкл Џексон, и Мадона и Витни Хјустон и Доли Партон, сите препејувале песни што би рекла ти. И сериозно мислам дека секоја генерација ќе го има истиов муабет, ко што било некогаш, никогаш нема да е повеќе. И јас слушам музика од тој период, пред да ми рипнете дека поим немам. Нема да негирам дека има разлика помеѓу музиката тогаш и денес, ама тоа не значи дека денешната по дифолт е лоша. Најголемата разлика е во продукцијата, текстовите во генерала се исти, не може да ме убедите дека текстовите биле нешто многу појаки од тоа што се денес, бидејќи едноставно не се.
Ајде кажи што се стандардите за квалитет. Што е тоа што објективно прави еден музичар квалитетен? Знаеме дека првиот критериум е да нема глувче фаца, ама нè интересираат другите. Не ми е јасно кога го кажувате ова како не ви е провидно дека воопшто не држи вода. Има добри популарни работи и лоши популарни работи. Самиот факт што нешто е популарно не го прави квалитетно, ама не е невозможно истовремено да е квалитетно и популарно. Следен пат кога ова ќе се спомне ќе земам ќе нацртам. Си прашала двајца, не го знаеле Фреди, и сега до крај на живот ова ќе ти е приказна за тоа како младината е глупа, проста и не се разбира од музика, и најважно од сè, доказ дека музиката на Тејлор е неквалитетна. Зашто некој си рандом нејзин фан не го знаел Фреди. Само кажи си дека ти има антипатична фаца, тоа на сите ни е доволно прифатливо, а за квалитет едноставно не се прашуваш ти.
Далеку од тоа дека денес нема квалитетни артисти. Јас слушам многу од нив, како што слушам и стари артисти има мнооогу квалитетни музичари од поновите генерации. Пример Џек Саворети, Лана, Пауло Нутини…Јас слушам и кантри пример и има многу нови имиња од тој жанр кои имаат стварно топ песни. Моментот збориме за Тејлор, сите песни и се некако со ист ритам, иста поента, сличен текс…не знам самата нејзина појава не ми е вредна за толку внимание и сметам дека славата ја стекна благодарение на луѓе што не знаат што е квалитет, а ја популаризиираа на социјалните мрежи што е моментално всушност најголем маркетинг за се. Настрана од тоа што мене ми е антипатична и грда и едноставно не ми се свиѓа, ама сериозно мислам дека песните и се многу тралалјки.
Квалитетот на музиката се мери во тоа колку една песна ќе биде запаметена и носена и пренесена низ генерации. Тоа значи дека оставила белег во човештвото. Не можам тоа да го кажам за денешните артисти и изведувачи. И не само за музика, туку и филмови. Се прават брзи хитови, без емоции, незапамтлива содржина со одреден рок на траење. Тоа за мене не е квалитет. Не би рекла дека младите немаат вкус, туку живееме во различни времиња. Нивното време ги нуди тие хитови. Што за мене е жално, со оглед дека сум доста носталгична за добра музика. Не е само странската музика, и македонската сцена во поглед на квалитет е во изумирање. Певливи, моментални хитови без никаков допир до сетилата. Што се однесува до Тејлор Свифт, ми е една од најнебитните ликови што се појавиле на сцената. Не знам ни за каков квалитет се дискутира кога ќе се спомене нејзиното име. Бијонсе, Аријана Гранде, Адел, од друга страна, покрај гласовните можности што се неспоредливи, имаат далеку подобар квалитет на музика од нејзината бледа и незапамтлива содржина.
За квалитетот според мене се прашувам јас, а за квалитетот според твои стандарди се прашуваш ти. А ти од каде си толку убедена дека е квалитетна? Само затоа што имала повеќе шанси у животот и повеќе пари од тато да се докаже, па добила награди, а некоја си таму што има поубав глас, подобар текстописец е од неа, ама нема доволно финансии значи дека не е квалитетен. Кажав дека тоа што има глувче фаца не е критериум, грда ми е и Лејди Гага и Мајли ама ги сакам како музичар. И на крај пак ќе кажам, не знам што те дирна толку моето мислење, очигледно ти си дел од тие нејзини луди фанови кои ги повикав.
@Ketchup се натегаме за Тејлор зошто имаме право да си кажеме дека не ни се свиѓа и ја отекоа со нејзе и е крааааајно досадна. И сега, ако вие не го прифаќате тоа ваше си е. Вака одат и коментарите под статиите досега кај што читав кога почнаа статиите да искачаат, некој ќе пише дека не му се допаѓа и лаааавина коментари во одбрана. Океј, ви се свиѓа, супер за вас, на некои не им се свиѓа и кажуваат мислење за тоа пак океј. Не дека ќе смените нечие мислење да бидеме реални, песните и се тие што се, ако не ми се свиѓаат нема Лела и Кечо да направат да ми се свиѓаат со коментар на форум.
Леле не зезај. Членката тврди дека е популарна благодарение на тикток - што едноставно не е вистина. Иначе и јас не ја слушам ТС, ама барем сум објективна.
Па не мислам дека е популарна 15 год. Од кога стана популарна како денес што е популарна, сигурно не од пред 15 год. Тогаш беше само некоја нова млада девојка која свири на гитара и пее кантри.
А како мислиш се проби? Па да не беа тие тик-ток и тинејџерска публика, демек ќе беше нешто позната. И порано имало тинејџери, век наназад па се кладам дека слушале поквалитетна музика.
Да, е? Уште 2009-10 нели беше скандалот со Кање, да била обично девојче што свири на гитара немало никој да ја знае, а не па да зема награди. Скроз е океј да не сакаш некого, ама пишувате чисто од позиција на хејт каков што беше популарен кога последно бев во основно....и не е веќе интересно.
Ај да те потсетам што си пишала: Овде имплицираш дека постои објективен квалитет и затоа те прашав, што е тоа што прави еден музичар објективно квалитетен. Просто прашање. Ама изгледа одговорот е дека квалитет е тоа што тебе ти се свиѓа, а неквалитет е она што тебе не ти се свиѓа. Или во превод, конкретната дефиниција за музички снобизам. Човече, што збориш жити сè. Постојат квалитетни музичари, и популарни и непопуларни. Фреди на пример е ем популарен ем квалитетен, кој ќе реши да го негира тоа јас прва ќе му рипнам. И не е квалитетен поради тоа што е популарен, туку обратно. Знам дека е многу тешко и болно некој што ти има антипатична фаца да биде сметан за еден од најдобрите музичари на сите времиња. Пол Мекартни, Ринго, Били Џоел се тие што во моментов ми текнуваат што и' го имаат признаено квалитетот, меѓу многу други, чисто да ти дадам до знаење над кој сè се поставуваш во поглед на проценка на квалитет.
Епа да баш таа генерација 2009-2010 сте тие која ја пробија. Апсолутно не пишувам од позиција на хејт, оти нема никој пари да ми даде ако ја хејтам Тејлор, искрено до пред некоја година не ни имав слушнато песна од неа од толку што ми беше небитна и уште ми е. Не е хејтање ако сметаш дека тон подобри изведувачи паѓаат во сенка ради популаризирање на една досадна особа, изразување на револт е, ама и тоа вие младите не го сфаќате, за вас се што е искажување мислење спротивно од вашето е хејтање, штом некој не во подржува во нешто одма ве хејта, боже мили. И доста време изгубив на дискусија за глувчево. Слушајте си ја пак, јас одам да си пуштам нешто поквалитетно. Како на пример Поточиња очиња и златно славејче. @Lella човече саркастична бев со последниот одговор ако не сфати, чил. И ете толку ме боли и ми тежи што легнав и плачам. Боже мили.
Како бе не била популарна пред 15 години Јас ја слушав на 13/14 години, сега имам 28. Имаше еден куп фанови кога имавме 14 години дури се каравме на кого е поише омилена. Денес си ја сакам и поштувам ради носталгија кон тие убави тинејџ години. И не е дека слушам тралалајќи музика, имам пораснато со култна музика. И да слушам и тралалајќи небитно е. Мислам дека едноставно многу се обожава да се плука успехот на една жена. Не знам што е толку тешко да признаете дека е успешна, зошто очигледно е, распродадени и се концерти секаде. И тоа е тоа, ние тука можеме да дискутираме до утре. It's me, hi, i am the problem, it's me
Е ова. Буквално ова. Ни јас не ја слушам, ни пак сум ја слушала како тинејџер Тејлор. Дефинитивно не е нешто шо моите уши сакаат. Ама начинот на кој ги пишува текстовите и се поврзува со фановите е значајно. Ама буквално ја имаше во списанија, ако чува мајка ми сигурно и постер имам куц-туц од основно шо иделе со списанијата кои ни ги даваа. Сите ги имаше, и Тејлор и Џастин и Селена и Деми. Сите. Препопуларна е фразата на Деми за пријателството на Селена и Тејлор со "ask Taylor" кога беше прашана за како е Селена. Ова е во тој prime period. Случката со Кање исто. Папараци слики и малтретирање славни ко беше ин. Од тогаш е ин Тејлор. Ова е толку пред тик ток шо ни вајн немаше. Ај да речиш понови уметници како Оливиа Родриго, Сабрина Карпентер, Дов Камерон, шр, на тик ток пред се земаат на слава. Ама Тејлор е активна и славна, со многу стабилна фан база (и луѓе кои конзистентно не ја сакаат за исти причини шо сега ги дискутираме) многу преку декада.