Од старт настапи со најдетското мислење што го имам прочитано на темава, не си ја ни слушнала како што треба нејзината дискографија (твои зборови), и како цреша на шлагот одлучи да се поставиш како музички авторитет на темава и да диригираш што е квалитетно а што не. Very mature. Јас слушам секаква музика, и таква што општо важи за квалитетна а и нај trash песни што може да ги замислите. Не ми треба сите да ја сметаат Тејлор за квалитетна, впрочем подобро ми е да не ја сакаат сите, за да не морам да ги читам фејсбук коментарите што ги спомна Реин, од секој што ја слушнал шејк ит оф во мол во 2015та и мисли дека нешто суштинско има да каже. Во секој случај, никогаш не би се преценила до толку да тврдам дека нема никаква вредност некој за кој цела музичка индустрија се согласува дека има. И мене ми со лоши многу други признаени артисти, ама доволно трезвено размислувам за да знам дека и покрај тоа што не ми се свиѓаат имаат вредност и заслужуваат почит.
Стоп! Ајде да продискутираме нешто, особено ја поканувам @nextredstyle која музика оценува според моралот на пејачот. Што мислите за она што кружи за Ариана Гранде дека е кршачка на бракови и скоро секој дечко што го имала, бил во врска кога почнале да идат заедно, особено нејзиниот најнов дечко кој мислам ја оставил жена му со новороденче за Ариана? Дали она заслужува да ја наречеме квалитетна кога има фетиш на прекинување врски за да си го пумпа егото и тоа го пее во песните (break up with your girlfriend because im bored)? Дали Ариана Гранде е змија?
Ок.Доволно имам слушнато да знам што вреди. Впрочем истото го правиш и ти на темава, се поставуваш како апсолутен авторитет со мислење дека вреди. Ко да видиш исти сме, само што ти сакаш да се сметаш за попаметна па ми се закачи да се докажеш. Доста е веќе, позрела си од мене ете ти симнувам капа, нема што да се докажуваме веќе.
Мене ептен ми е кул Тејлор. И музиката ми се свиѓа, посебно па ми се свиѓа откако со последните албуми го чепна и феминизмот како прашање. Мене па патов на нејзинава кариера ме потсеќа ептен на оној од Мадона, кога прв пат почнала да пее за женска сексуалност, расизам и буквално death threats добивала од неизживеани луѓе. И Тејлор сега крши прашања за женски права, феминизам и еднаквост. Јес да порано и беше поинаков фокусот, пееше за врски, ама откако се ребрендираше уште покул ми стана мене. Не можам да не сакам жена што има песна со текст како the man напишано, душа не ми дава.
Никој не ни бараше од вас да го разбирате аргументот за глувчешка фаца. Убавината е во очите на гледачот, па не мора да значи дека ако мене ми личи на глувче и тебе ти личи. За физички изглед нема што да се прави, само нагласив на што ми личи мене.
Јас пак мислам дека не е уствари толку феминистка како што се прави дека е. Мислам дека е глума за пари и популарност. Виде што пали и се фокусира на тоа. Не гледам да се изборела за нешто во врска со жените освен што прави омразни песни кон бившите, мислиш само таа е најдобра и сите прекини на врски биле поради некој друг. Нели е тоа малце нарцисоидно?
@1209 Тие музичари што ги наброја, се сметаат за квалитетни затоа што направиле некој пресврт во музика и оставиле белег. Како што кажа ти, Бетовен не го слушаш но знаеш дека е квалитетен и сите го знаеме. Истото е со Тејлор Свифт. Не можеш да го оспоруваш тој факт дека за 30 години она ќе се смета за историски музичар кој срушил рекорди и ќе се гледа на неа како да е некој врв, затоа што Е.
Па, можеби ќе направи нешто, ќе излезе некој скандал и толку ќе биде од нејзе, во денешно време ништо не се знае, ќе добие cancel и ќе биде Тејлор која?
Па, во денешнава клима и не би ме чудело да ти кажам. Како се вртат работите, денес е некој славен, утре се оградуваат сите од него...
Пушти му што имаш слушнато на Пол Мекартни, да научи и он што вреди. И секако дека не сме исти. Да бевме исти ќе кажев јас за Бијонсе дека е грда, антипатична, ќе наброев неколку животниски видови, ќе кажев дека распродадените турнеи и' се должат на тикток и дека огромниот број Гремис што ги има добиено е заради тоа што Гремис не се разбираат од музика за разлика од мене. Баш напротив, си го знам местото и знам дека моите вкусови не се по автоматизам музичкиот врв, без разлика дали Тејлор е по мој вкус или не. Ова веќе еднаш се случи, и баш беше Тејлор која, зашто тој период пропадна во земја и никаде ја немаше. За еве сега пак да викате дека ви е преку глава од неа. Интересно.
Како не прочита? Кажав дека сметам дека е популарна ради целата фан база која претежно не слуша квалитетна музика, не знам поради која причина ја популаризираа толку ама гласот и песните, не и се вреди за тоа. Друго аргумент не знам што сакаш да ти кажам. И секако дека албум на годината ќе биде најпродаваниот албум, најпродаван станува така што има добар маркетинг, зошто има добар маркетинг оти социјалните мрежи денес го прават тоа и така.
И за Freddie Mercury порано било скандал дека не бил стрејт и добил многу хејт, па е сепак еден од култните ликови во историјата на музиката.
Абе Лела и за Барби Марго не доби оскар, ама тоа не значи дека она го направи филмот тоа што е. Наградите кои некој ги измислил како овие се чиста политика на пари и моќ, барем денес. Не знам како тоа не ви е јасно.
Порано. Денес е hive mind, се гледа по фановиве, не смее човек нешто да рече. Ама, не значи дека да излезе нешто истиов нема да се сврти против нејзе. Веројатно најгласните би биле први да го направат тоа.
Па тоа де, толку жустро ја бранат како сестра да им е, и после зошто е толку популарна, ете затоа оти фановите очи ќе ти ископаат. Како англиските хулигани за фудбал се понашаат.
Јас би кажала дури и дека The Man scratches the surface во поглед на феминизам. Тоа е како главната песна што се спомнува кога се збори за Тејлор како феминист, ама според мене други песни и' се многу пофеминистички поради самиот факт што нудат толку сурова (raw) интроспектива во внатрешните борби на една личност, со лирикс од кој буквално на газ ќе паднеш, ама истовремено и мелодиски успева истата порака да ја преточи. И мислам дека самиот факт што таа како жена успева да понуди таков длабок литературен квалитет е сам по себе феминистички. Од мажи само на Хозиер може да ми текне што успева лирски да се истакне. Не знам дали ги имаш слушнато, ама еве сепак да набројам мал дел, mirrorball, преубава кревка песна, The Archer (особено делот кај што повторува They see right through me...), Anti-Hero, иста тема, само што песната има покомерцијален звук, this is me trying исто така е во овој realm. The last great American dynasty и mad woman исто би ги нарекла феминистички песни. И морам да ги спомнам tolerate it и my tears ricochet, иако не се со толку интраперсонална тема, ама мислам дека се буквално ремек дела. Ова е и за тебе, ама и за некој друг ако стварно се интересира за музиката на Тејлор надвор од хитовите.