Квалитетна музика е таа која се слуша со децении. Од овие новиве музичари, вклучително и Тејлор, песната им се слуша дури е хит во моментот, и после стивнува. Па ќе извадат нова, па маркетинг, па ука-бука, и пак ќе биде периодично слушана. И така во круг. Еве пример - David Bowie, Kurt Cobain, Tupac, John Lenon, и тн. и до ден денес се слушат. А се починати со години. Не се живи да се промовираат, да вадат нови песни, да фрлат пари во маркетинг и слично. Ама остануваат да се слушат. И ги слуша секој, од старо до младо. На Тејлор стари песни кога сте чуле, каде сте чуле? Најмоќен адут и е фан базата, кои се дечишта скоро сите. Периодот им е таков. И тие кога ќе остарат, други деца ќе има. Се слуша од одреден опсег на луѓе.
Е ама ја одбра баш Тејлор за дали се слушаат стари песни. Нејзините стари песни се слушаат повеќе од тие на секој друг пејач популарен во моментов. Мислам, општо познато е дека е еден од ретките пејачи за кои важи дека и старите албуми активно се слушаат. Инаку никој од нас не знае дали Тејлор ќе биде пропратен хит или ќе се слуша со децении. Засега е слушана 17 години и се наоѓа на врвот од кариерата, за понатаму ќе видиме.
ТС повторно ги пее и снима нејзините албуми од почеток и повторно стануваат вирални и ги има секаде на радио како првпат да излегуваат. Знаеш колку музичари би останале релевантни да објавуваат исти веќе слушани песни повторно? Не многу. На некој начин веќе го има постигнато тоа.
1. Да категоризираш цела група на милиони луѓе како луѓе кои не знаат што е квалитетна музика е смешно и не може да биде валиден аргумент. Седни малце, немаш само ти пристап до музика од секоја ера и секој изведувач. 2. Добар глас е објективна категорија, која може тебе да не ти се допаѓа, ама не и да не вреди само затоа што тебе не ти се допаѓа. Текстот на песните исто - ако е признаена како квалитетен текстописец, повторно твоето не ми се свиѓа не е доказ дека и објективно не вреди. 3. Најпродавани албуми имале многу групи и изведувачи кои тебе ти се епитом за квалитет. Одлучи се дали аргументот за маркетинг ќе го примениш и за нив. Hope this helps. Да, пак ќе додадам, јас не сум фан на Тејлор, никогаш не ја слушам. Само што немам толкаво его и не ми е проблем да признаам нечиј квалитет.
@Lella @Srcka28 Јас, освен на радио/кафич што имам слушнато од новите, никаде не слушам од старите нејзини. И која е поентата за да преснимуваш стари песни, освен за публицитет на истите? Ако се доволно квалитетни, нема потреба од повторно излагање. Пак ќе ги земам за пример горе што ги наведов пејачите. Нити се живи, и немаат како да си ги преснимат песните стари. А познати се меѓу сите генерации... ТС е за одредена група на возраст, и истата таа група на возрасти е за некоја случајност најактивна по социјалните мрежи. Во ова време рекламата и маркетингот што се' можат да продадат е чудо.
Квалитетот не е субјективно чувство генерирано врз база на сопствено искусување? Врз база на што тврдиш дека ТС прави квалитетна музика, ако не ти се допаѓа нејзината музика?
...не? Ако беше така, текстови како Alo, gde je belo? - Stiže belo, evo, sa' će ќе требаше да бидат класифицирани како поетско достигнување бидејќи имаат фан база. Квалитетот може да се оцени и Е објективен. Мене врвни класици ми се досадни за читање, ама нема да кажам дека се неквалитетни. Мешате личен вкус и признаен талент.
Ама пак ќе кажам ако вака гледаме на работите, дали тоа што Марго не доби Оскар пример за улогата на барби ја прави неквалитетна? Не. Дали тоа што Тејлор доби награди ја пеави квалитетна. Не. Значи пак доаѓаме на тоа дека уствари збориме тука за тоа што ти се свиѓа, а што не. Оти ако квалитетот се проценува по некои стандарди кои таму си некој ги поставил, а тоа не е популарноста, тогаш што се расправаме?Пола свет ја слуша, пола не, сега квалитетна е или не е?Според кој стандард е квалитетна, оти ти така викаш? Според кој не е , оти јас така викам?
Океј, награди не важат, турнеи не важат, фанови не важат. Сега уште да кажеш дали важат мислењата на музичари кои се слушаат со децении. Или и нивниот вкус не е мерило за квалитет, само твојот е.
Баш сега ги слушнав The man и This is me trying и не, пак не сменив мислење. Текстови за тоа колку уствари не и попуштаат дека е жена , дрн дрн, а уствари е толку популарна и никој не ја спречува во обидот да биде, само сака да се докаже како феминист. Иако мислам дека и тоа е фарса за популарност. Гласот и е толку секојдневен, бош, па и песниве и текстот, ништо посебно.Нешто ехо во инструментите, нешто обид некој. Абе сето тоа важи не велам дека не важи, ама велам дека сето тоа е благодарение на добар маркетинг и пари, а не квалитет. Никаде не реков еека оти јас така мислам е така.
А, зошто потребата баш ти да го сметаш некој дали е лик кој се разбира од музика или не? И од кога некој се разбира од музика кога ги знае Бетовен и Моцарт? И што ако знаат? Има луѓе што не знаат азбука, таблица и слично, а ти очекуваш некој да ти ја знае 9та симфонија од Бетовен. Ете знам и за Бетовен, Моцарт, Бах, Франц Лист, а ја поштувам и Тејлор. И сега? Музиката не е знаење, музиката е уживање.
Па не може некој што не го знае Бетовен да ми кажува што е добра музика, срамно е да не знаеш кој е Бетовен. А која е потребата, едноставно луѓето ги проценувам по тоа што слушаат, не можам да седам со некој што ужива во музиката на Шабан Шаулич и тоа е мое право. Не знам уопште што ми се закачивте за лично мислење, тоа што ти и нејзините фанови сметате дека е квалитетна и ме убедувате дека е, јас сметам дека не е квалитетна и го изразив тоа, а вие пак ме убедувате дека е квалитетна. Не гледам поента да се докажуваме, што е квалитет според мене тоа ќе слушам. Вакви завивања на дотичнава според мене не се квалитетни и тоа е тоа.
Кога ги спомна Битлси, вреди да се спомне колку луди тинејџерки фанови имале, па сигурно и за нив се зборувало дека се само тин опсесија.
Не знам од кога ви е дискусијава, случајно се закачив. За Тејлор бе? Песна ѝ немам слушнато, нит намерно нит случајно. Едно видео немам изгледано, ниту сакам. Стварно. Не можам да го поднесам таквото пеење, таквите песни на денешницава. Поарно Јоко Оно ќе ја слушам Какви Тејлорки какви бакрачи... Такви будалетинки од типот на Бритни слушав во средно, исто кога ги гледав оние шоуа на Мтв The real Orange County со Lauren Conrad и другите другарки. Еве баш се сетив на тој период и Мтв вртеше цело време, Бритни Ријана Мадона Бијонсе, Енрике, Шакира ама Тејлор не. Ме нервира гласот нејзин, нејќам такви меки розе гласчиња, еве не го сакам гласот ни на Мараја Кери, ко песоклив ѝ е бррр. Ее тоа беше. Одамна ја немам пуштено Бритни, да ме потсети на средно. А си слушам класика, рок, џез, поп зависи каков, а сега најмногу си слушам Дарко Биберко
Факт е дека Тејлор има top notch маркетинг тим зад себе, ама јас верувам дека колку и да е добар маркетингот, ако продуктот не е добар, не може да биде најпродаван. Може да е продаван да, ама не доволно за да те искачи на врвот. И ко, Тејлор стварно најмногу се труди од сите ѕвезди да овозможи посебен experience со своите албуми и турнеи. Сериозно не мислам дека некоја друга фан база добива толку поволности, ко што добиваат нејзините фанови. И скроз ми е нормално што после толку години останува релевантна, бидејќи да, за сите што не ја слушаат, делува ко цело време да нуди едно исто, меѓутоа за фановите секоја ера е различно искуство. Мислам океј е да не ви се допаѓа нејзината музика, ама големината на нејзината фан база е градена со години врз основа на лојалност и посветеност. Апсурдно е да се збори дека е славна поради социјални мрежи.
Јас па баш обратно мислам. Многу ми се свиѓа што се форсира оваа политичка култура, а не таа кога жени се pitted against eachother. Тејлор на сите жени им ракоплеска на ивенти и сите ги бодри. Други ѕвезди се исто популарни, па не го прават тоа. Едноставно убава порака ми испушта жената, плус како што реков прекул ми е. Некои ги знаев, а некои ќе ги видам допрва. Тенк ју
Ова и мене ми се допаѓа и паѓа во очи колку и да не ја следиш ама пак нема врска со неа како изведувач, а тука мислам за тоа се збореше првично.
Dude wasn't kidding. https://www.dailymail.co.uk/tvshowb...dio-session-mask-clad-husband-Kanye-West.html