Еве ви ги. На тема Канје, ептен ми е disturbing сѐ што прави со женана. Скроз има некои issues во главата. Џулија Фокс што беше со него на кратко во врска кажуваше дека сакал да си ги дизајнира жените покрај него и затоа и одма го откачила. Иначе искочија и две нови песни на Бијонсе. Најверојатно новиот албум ќе е country. Мене ми се свиѓаат, може за нијанса и повеќе од Break My Soul. Ептен ѝ лежи овој стил. Догодина ќе е интересно на Греми.
Ја не знам зашто на форумов никој не прифаќа коа некој има поразлично мислење од нив. Еве мене Тејлор воопшто не ми се допаѓа, ни музика ни стил ни глас. И без разлика колку некој мисли дека е квалитетен пејач, нема да ме убеди дека е квалитетен, едноставно не ми се допаѓала никогаш. И нема ни да ми се допаѓа. Како и на милиони други, тоа не значи дека некој не може да има обратно мислење. The end.
Finally some sanity & civilisation. https://www.dailymail.co.uk/tvshowb...RISON-fine-Paris-no-underwear-Kanye-West.html
Ајде сите да плукаме по Ким (снимала порно со дечко и, па од коа ја уцениле као и да е ќе го објавиме, со пари или без, оваа барем земала пари и си го монтирала по нејзино, коа више ја дехуманизираат, да личи на нешо и да има некој ќар) и за тоа дека има деца, а на овој пациент со повеќе шифри, да му го дудламе и да го жалиме , па и филозоф на столетието да го праиме. Стока.
Шо и фали на Jolene оригиналот? напишана е во 73', тој бил стилот на песни тогаш, еве се слуша и е хит до ден денешен, безвременски класик. Новава верзија од "Квин Б" е по слаба.
Во оригиналната верзија, Доли ја моли Џолин, претставена е понизно, во новата верзија, Бијонсе ѝ се заканува, да не си помислила да ми го чепнеш. Мене ми е топ. Не сум фан на Бијонсе, но го преслушав новиов албум, ми се свиѓаат неколку. Топ ми е целиот концепт што го има замислено, трилогија од албуми. Act I, Act II и Act III. Act I беше претставен пред 2 години, Renaissance, хаус/диско музика. Овој е Act II, Cowboy Carter, кантри музика.
Јас па фан сум на Бијонсе ама преработката ич не ми се свиѓа. Доли бар си е искрена дека е очај, оваа очај ама ќе глумам бич. Особено па дека си го прибра Џеј Зи после неверството, а тука глуми нешто пич
Мене новиот албум на Бијонсе многу ми се допаѓа. Дури можам да кажам повеќе и од Renaissance. За Jolene, што знам, не ја доживувам толку трагично, со оглед на тоа што е преработка на стара песна. Плус, целиот албум го доживувам ко да е напишан од некоја историска перспектива, бидејќи многу од лириксите се базирани на случки што се случиле уште пред Бијонсе да е родена. На твитер некој имаше кажано дека Renaissance е инспириран и посветен на вујкото на Бијонсе што бил геј и диско сцената која доминирала низ тие кругови во тоа време. Cowboy Carter е посветен на женската линија и корените на мајка ѝ, што сосема прави смисла. Како и да е, албумот е навистина одличен и скроз освежување на музичката сцена.
Оригиналниот текст на Jolene има смисла бидејќи јасно е дека таа што збори е нестабилна, несигурна, ранлива, и тоа многу убаво се осеќа во текстот преку молењето, комплиментите итн. И те прави да сочувствуваш и да сфаќаш бидејќи е толку понизно напишана што знаеш точно за каков профил на личност се работи и песната ко песна е одлична претстава на таа ментална состојба. Кажува ти си многу подобра од мене ама жити сè не ми го земај, ќе немам ништо друго. Новиов текст од Бијонсе е ко...? Ти ми го украде ама ние сме фамилија, он со мене има деца, I know I'm a queen, не ме ме знаеш ти мене, лол. Песната губи смисла ако таа што пее има високо мислење за себе. Воопшто не е во realm-от на Бијонсе, не знам зошто се нафатила кавер да прави, па уште и да ја трансформира песната во жена мајка кралица вајб.
Јас многу сакам да анализирам и дрндам , а гледам се отвориле дискусии за доста селебритис овде, па сакам да прокоментирам неколку. Инаку фанатик сум за факти поврзани со кариери, успеси, падови, награди. Тејлор Свифт Не е мај кап оф тии/шолја чај кога се песни во прашање. Мислам дека е најголема закана за Бијонсе кога станува збор за рушење рекорди и собирање греми награди. Бијонсе треба да издава албум во година кога Тејлор медитира, за да има поголеми шанси за греми, а тоа е невозможно да се деси пошто Тејлор излегува од фрижидер. Јас и се воодушевувам за амбицијата, прво она, десет места празни, па Бијонсе, па уште десет, па сите останати. Годинава излегува да подигне греми награда за албум (руши рекорд притоа), најавува нов албум кој излегува за 2 месеци, притоа ги преснимува и издава старите шест албуми поради тоа што има спор со претходниот тим, а во меѓувреме има светска турнеја и концерти кои траат по 3 часа. Не е вокал како Витни Хјустон, Селин Дион ама знае да пее, има талент. Тејлор е Бритни на овие генерации, како импакт, има најбројна и најжестока фан база. Таква е слатка, скромна, фина девојка од соседството, која почна со кантри (сега поп), свири на гитара и пее за љубовни проблеми. Така скромно почнаа Бритни, Кристина, Мајли ама за разлика од Тејлор имаа и доста фази полни со афери, скандали, голотија, провокација. Бијонсе Слично како и за Тејлор, за неа важи истото ,,overrated". Колку и да е хејтана, не постои друга која во исто време така добро владее со сцена додека пее, игра, паѓа од плафон, лета низ стадион. 32 греми награди, но сѐ уште ја нема земено најбитната, албум на годината. Мислам дека тоа ѝ е најголем стремеж со секој албум. Лана Дел Реј Лана успеа да создаде свој препознатлив стил, таква ми е cozy некако, мистична, да ја слушаш со чај во рака, покрај прозорец додека врне. На моменти малку и депресивна, ама ептен ми е арт некако тоа што го снима, филмски звук. Штета што нема освоено греми. Мислам дека врв во кариерата ѝ беше ,,Born to Die" албумот, сега е некако популарна само кај нејзината фан група, оние кои ја следат. Ријана Каде е оваа божица и зошто не снима? Заборавив, стана милијардер, си грми со козметичката линија и нема некоја сериозна намера да сними нешто ново и да оди на турнеи. Ријана има таква харизметина и боја на глас, да отпее рецепт од аптека ќе стане хит. Вокално не е Бијонсе, ама ја шие во хитови. Мајли Сајрус Искина со ,,Flowers", заслужено зема две греми награди. Ептен ми е симпатична, мене ми беше топ дури и во онаа ,,најлошата" фаза кога лижеше чекан во ,,Wrecking Ball". Сега ми е баш онака созреана, поп дива. Аријана Гранде Пред 2 недели излезе нејзиниот нов албум ,,Eternal Sunshine" инспириран од култниот филм од 2000-тите, ,,Eternal Sunshine of the Spotless Mind" со Џим Кери и Кејт Винслет. Пријатно поп албумче. Аријана ми има ептен убав вокал, мислам дека е во топ 5, заедно со Тејлор, Бијонсе, Адел, Били Ајлиш според популарност годиниве. Бритни Спирс Бритни ќе ја искоментирам иако е пензионирана веќе 8 години. Тоа што е Тејлор денес, беше Бритни во 2000-тите. Поп сензација. Светот тогаш се делеше на тим Бритни и тим Кристина Агилера. Третиот тим беше Аврил која беше нарекувана анти-Бритни, панк принцеза. Бритни излегуваше од фрижидер. Вокално можеби не најсилна ама како фактор во поп музиката остави голем печат. Прочитав дека е најпродаван женски артист во 2000-тите, со преку 150 милиони албуми и синглови, во време кога немаше стриминг, си одиш и си купуваш cd. Тоа беа времиња на Бритни, Кристина Агилера, Пинк, Аврил, Алиша Кис, Ферги, Нели Фуртадо, Гвен Стефани како најголеми поп сензации. Можам за уште 100 да дрндам, ама овие ми се најинспиративни.
https://variety.com/2024/tv/news/shannen-doherty-beverly-hills-90210-star-dies-53-1236071496/ Одлична глума во серијата Беверли Хилс. Ја гледав и во серијата Волшебнички. R.I.P.