Форумџика на годината

Светското првенство во Катар е против промоција на ЛГБТ

Дискусија во 'Спорт' започната од TheDreamGirl, 15 април 2022.

  1. TheDreamGirl

    TheDreamGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Сите сме запознаени со светското првенство, кое ќе се одржува во Катар и започнува во ноемри.

    Мајор Генерал Абдулазиз Абдула Ал Ансари, човек задолжен за безбедноста и сигурноста за време на Светското првенство во Катар претстојнава зима од ноември до декември, вели дека тој е против промоција на ЛГБТ и какви било политички активности.
    Домаќините и организатори на Мундијалот во Катар рекоа дека ќе бидат одземани сите знамиња во боите на виножитото со цел да се заштитат поединци кои промовираат геј права од напади. Што мислите за тоа? Јас мислам дека се во право, сакаш да ги покажеш твоите гледишта за ЛГБТ, покажи ги во општество каде ќе бидат прифатени. Сфаќам едно, човек си купил карта, доаѓа овде да гледа фудбал, не да демонстрира политички акт или нешто што му е на памет. Гледај си фудбал, но немој да доаѓаш и да го навредуваш целото општество само поради тоа.
     
  2. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    18.462
    Пол:
    Машки
    Спортот треба да го остават да биди спорт, вакви срања не се потребни.
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    42.431
    А геј фудбалери ќе примаат? Или нема такви?
    Во фудбалот се обесхрабрува секаков " coming out" и од тренери и од секакви други влијателни лица, оти " ке се намали вредноста на фудбалерот на пазарот.
    Ко на времето во Холивуд, што ги женеле или ставале во врски на хартија геј мажите. Па и жените.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    10.705
    Пол:
    Женски
    Идното се одржува во САД и Канада, таму ќе надокнадат. :D

    Да не е пеколно жешко во Катар, сега првенствово ќе беше во ек.
     
  5. @ceci11

    @ceci11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    1.681
    Пол:
    Женски
    Најдобра одлука донесена. Така треба..
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.