Еј тешка група е .. плус подмладен состав имаме. сакам да бидеме бар 3ти во група Мислам дека Хрватска ќе изненади многу
Традиционално облекувам дресот и се надевам на подобар пласман од ланското европско, живци искинав. За фаворити ќе пишам понатаму. И едвај ја чекам утакмицата со Хрватска. И се надевам на помалку реклами. Уште имам трауми од Лоба и волкот.
Јуки фино се подготвил, ама Боки денес растура со одбрани Инаку нашиве треба малку да си дојдат на себе и да појачаат одбрана. Ќе има пак стресови а?
Ете шо ти значи коа имаш жена да те поддржува Зошто така? Имаме доста квалитетни играчи, не е само Кире
Ептен слаби во одбрана, не бушат со брз центар веднаш после 2секунди,не не оставаат да се израдуваме на гол. Единствено не вадат пеналите, 4-0 за нас мислам е. И еве ја разликата. Се надевам ќе се стегнат сеа второво полувреме, со ваква одбрана со посериозни репрезентации јако ќе заглавиме. Едит: да не ги заборавиме и одбраните на Борко, изненадува денес.
Да си ги сумирам впечатоците од првиот натпревар. Јапонија е слаба репрезентација (единствениот квалитет што го поседуваат е брзината, благодарение на која имаа добра реализација). Во нашата репрезентација и покрај подмладокот има и играчи кои и те како се искусни на овие натпреварувања. Се на се мислам дека можеа далеку подобро да одиграат во поглед на одбраната (пошто не е само голманот). Акциите беа добри, солидна реализација (но секогаш може подобро). И не е само Кире Лазаров, има доста квалитетни играчи. За мене многу добри играчи се Филип Талевски и Жарко Пешевски. Стојанче Стоилов и Дејан Манасков стандардно добри. Борко Ристовски пријатно ме изненади, дај Боже така да продолжи и понатаму . Жал ми е што веќе не игра Филип Миркуловски, ми беше еден од фаворитите. Што е тука е, а иднината на младите останува. Со Бахреин очекувам двоцифрена разлика .