А на почетокот на прво полувреме добро игравме, веќе толку. Се изгубивме За разлика од претходните 2 натправари одлично играме, ама одбраната-одбранатаааа ни е секогаш слаба
Барем ставија плус некој гол бековиве наши, или барем дали шутнаа на гол ме интересира, не ја догледав утакмицата? Или си додаваа само? Ќе ги вратат бе одма од Германија после светсково, за грев
Штета што на крај испадна убедлив пораз, тоа не го заслуживме. Се изнервирав малку. Не треба така да се предаваме на крај. Сме се бореле цел натпревар и последните 3 минути се откажуваме. Тоа не ми се допаѓа . Поразот од Хрватска го очекувавме. Да се надеваме на Исланд. Само среќата да не служи (некако имам чувство дека кога играме со квалитетни репрезентации немаме среќа).
И покрај тоа што хрватите не се во нај добра форма убаво млатење ни удрија Не знам со кој ум се надевав барем на нерешен резултат Многу слабо одигравме посебно 2ро полувреме катастрофа.
Просечни се нашите ракометари , Хрватите се на многу повисоко ниво , тек со Шпанците ке видете како ке не растурат ... Ние ке сме моја прогноза 9 место (кај просечните)
Не е само за среќа да не служи. Многу битен е психолошкиот фактор. Ако влегуваш на утакмица со убедувањето дека другата репрезентација е посилна и најверојатно дека нема да можеш да ги победиш, тогаш најверојатно така и ќе биде. Штета што ние влегуваме со таквото убедување на утакмициве против Хрватска и Шпанија, затоа што реално сите репрезентации одат на се' или ништо (не сме само ние) и нема потреба од игра со страв.
Апсолутно се согласувам со се од напишаното. Никогаш не треба од старт да се откажуваме. Треба максимумот да се дава за секоја утакмица и да не ги делиме репрезентациите на слаби и јаки. Но и среќата има голема улога. Во нашиот случај и кога ќе одбрани голманот топката оди во аут, а кај Хрватите топката директно во нивните играчи.
Мислам дека Шпанија ќе ја победиме- не ми се смејте, ама ќе бидат посилни од денес. Цепелинот помеѓу крилата ми беше најубав наш гол
Баталете Хрватска,Шпанија, туку да видиме што ќе направиме у четврток со Исланд...ма да и таму сум скептик..( потајно се надевам ќе погрешам во проценката).
Се надевам дека се зафркавате Да се молиме да не изгубиме со 15 разлика, за победа можеби во некој друг живот
Како јаки Хрватите бре, наште ја утнаа скроз на скроз. Голманот им го гаѓаа пола утакмица, а во другата губеа топка уште пред да ја фатат и во тие малку одбрани на Борко. Какви шанси промашуваа само. Хрватите само ги искористија грешките на нашите, јер ако реално играат вака, плиЗ, какви фаворити за титула, четврат финалето им е многу.