Да, реално покрај Митревски и Томовски, Кизиќ ќе останеше трета опција. За Саврески искрено денес првпат прочитав. Мислам треба да очекуваме дека ќе ја поминеме групата. 3 од 4 селекции одат понатаму. За пренесување бодови реално нема шанси, но сепак самиот пласман во друга фаза е надеж за подмладената екипа и би бил голем успех со оглед на тешката група. Ако не, важно да учествуваме.
а ако некој голман се повреди што правиме? Ќе се сликаме. башка и Митревски изгледа не е најсјајно подготвен.. Чуму толку 4 пикера?
Само ние кога играме ќе има пренос на МТВ? Така разбрав од постовите тука. Точно е? Глупаво многу, ако е така. Нема логика.
Ќе има пренос и од други натпревари. Сега во прелиминарна рунда по два преноси, а во главната фаза по три преноси на ден.
Аха, ама тоа пак значи дека не сите натпревари ќе се даваат? Не сфаќам. Како и да е, нашите ќе ги глеаме )))
Нема сите, еве денес на пример ќе има 7 натпревари, ама само 2 ќе се емитуваат на МРТ. Барем да ги одберат поинтересните натпревари.
Оу мај... По која логика ќе селектираат што да пуштаат хахаха. Можда другите ќе одат на МРТ2? Нема веза, битно нешто ќе се глеа.
знам дека може,ама преголем ризик е. Нема да се осиромаши федерацијата ако го зедоа , вака подоцна ќе мава аеродроми за да стигне во 5 до 12h, премногу несериозно делува. од друга страна од сите 4 ца пикера неможеш еден асален да составиш. Зарем Петров што игра на Исланд и ќе грее клупа , ќе смени нешто .
Тоа тие кога се префорсирани играчи од типот на РК Алкалоид, моќта си го прави своето. Мукаетов сопственик на Алкалоид и претседател на РФМ, епа тоа не иде заедно.
Не ни очекував нешто повеќе и не ни гледам веќе со истата желба и страст како порано што гледав. Слаби сме, ни треба многу повеќе уиграност, реализација, грубост и енергија во одбраната, помалку грешки.
Потоп... Не знам што да кажам, не ја гледав цела, ама од тоа што го видов, ова е брука. Секако дека се ова транзициски генерации, ама натпреваров оди на душа на Кире. Тактика Н-У-Л-А!
Ја не ја глеав ни првата со Норвешка, ни прееска со Холандија Знаев дека ќе нѐ згазат и не ми се трошеше време за џабе искрено. А и ракомет општо не сакам, не ми се гледа ич