Браво, браво, огромно браво за дечките. Катар воопшто не беше лесен залак, го сметаа и за фаворит, но изигравме одличен натпревар, скоро без грешка. Ова првенство, иако има мала шанса да одиме понатаму, ги надминавме сите очекувања и успеавме да се носиме со појаки репрезентации од нас, да не изгубиме, па дури и да победиме. Има светла иднина во генерацијава. И се надевам на некое идно првенство ќе го повториме, па што да не и надминеме 4-то место од Србија.
Страшно добри играчи имаме... За некоја година можеме и меѓу најдобрите во Европа да сме со ваков потенцијал и амбиција
Е не е, можат и повеќе.... Имаат потенцијал дечкиве.... Нека им е со среќа, многу успеси и среќа им посакувам и на наредните натпревари
Ај Франција ќе ја победи Холандија и против нас игра со резервите па ако ја победиме одиме во 1/4 финале? Кои се теоретските шанси, што резултат ни треба?
Моќен Жарко Пешевски: Одигра речиси без грешка против Австрија и Катар https://sportskadimenzija.mk/1938/
Пуштив Прва, добар резултат до сега. Ај убаво една сериозна математика да ми кажете кое место сме до сега и колку бода фалат за следен круг.
А ако не ја тепаме за кое место? Видете стварно им посакувам победа на дечкиве, ама да сме реални за Франција...