Пред црвениот за Мамич го видовте данското копиле како скокна? Се сложувам дека не е воопшто спортски ама кога веќе ги кудиш едните не преќутувај за другите.
Ја сменив програмата. Не е можно колку им се мести на данциве да освојат. Следното првенство, не мора да играат. Нека им го дадат златото директно.
Подобри беа Данците, мора да си признаеме, доста коректно и ферски заврши на крај се. Сепак второ место и тоа како е успех и за Хрватите, браво и за нив.
Женски Данска, мажи пак Данска, и така од кога знам 20 години. Многу се силни реално и делува како да се 1 класа над сите други. А што не ги можем, ич не ги сакам од кога не победија така од -6 до +1 во Србија.
Тоа е пречудно за Данците, баш и коментаторот искоментира. Никогаш не прават такви работи. Ме зезаш, така? Поим за ракомет е Данска. Ја водеше 10 разлика, и во последна секунда изгубивме. Се помешал Киро нешто.
Не, не..во квалификациите ги тепавме, во времето на короната, првата утакмица кога стана тренер и играч мислам, беше тогаш.
Реално не потценија тогаш многу, дали беше после Светско или Олимпијада кога освоија не се сеќавам. Секако дојдоа ептен опуштени.Ама не бевме толку слаби и ние ,не омаловажувајте. Играа со Хансен и Ландин во најсилен состав.
Вистината не е омаловажување. Далеку сме ние од Данска. Сме имале среќа, ништо повеќе. Си ја сакам репрезентацијата, 10 години ракомет имам играно, ама таа е реалноста, Данска е институција во ракомет.
како не е омаловажување кога ќе речеш дека издрогирани мора да биле штом сме ги победиле. Демек ние сме толку многу слаби што неможе ни да помислиме да победиме некоја голема репрезентација. Па тој период реално не играа толку лошо. Впрчем никој не рече за Данска ништо што незнаеме.