има муабети дека Талевски е скаран со Кире и Кузмановски и дека тоа е една од причините зошто не е во репрезентацијата, а да бидеме реални заслужува барем да биде на клупа. Супер беа денес, ептен тимски изиграно како ретко досега. Можеби Митревски требаше да биде играч на натпреварот, но верувам дека тоа него не би му било битно затоа подобро што беше Кузмановски кој многу ме изненади со 10 гола мислаам дека беа. Непамтам кога последен пат имал вакво издание, можеби навистина почнува да созрева и новото поглавје на семеен план започнува да му ја носи зрелоста. Морам да кажам дека Митев ми е во срцето и одвај чекам да експлодира. Се распишував многу. Лека ноќ..
Талески не е посветен на ракометот затоа не е земен, можеби е и малку поради тоа што се скарани. Според мене првичната причина е главниот фактор. Така и треба да се прави, секој мора да го заслужи своето место.
па не би рекла, земи погледај неколку интервјуа и ќе ти стане јасно. Индиректно самиот си ги кажа причините. А ако го следиш долго време ракометот во Македонија би требало да ги знаеш работите како функционираат и кој зошто и како игра или неигра. Не велам дека треба да игра стартна постава или да биде носител, но да биде замена да одмори некој од носителите е повеќе од доволен. Впрочем и има доволно искуство.
Точно е дека Талески не игра како што треба и како што му е кажано, за жал не мора да се влече на стара слава, еве има нови индивидуи кои покажаа дека заслужуваат и буквално гинат. За Кузмановски немам збор, се издигна и навистина остава срце на терен. Огромно браво за него. Дава се од себе и од секоја страна и агол може да даде гол. Играв ракомет до пред некоја година, генерација ми се сите 96та и точно знам како се одвиваат работите, одличен потег на Лазаров беше ова. Нека има свежина.
А чекај што е со МРТ? Други години ко што се сеќавам давале преноси и од другите групи, не само нашата, или јанлаш сум?
Да, и јас имам наслушнато дека Талесен и Кире се скарани. Ама тоа не е од сега, туку се влече уште од кога Кире играше во репрезентација.
МТВ спаднале на нивото на Шутел. На тајм аут наместо да ги слушнеме нашите, они даваат реклами, не знаат да коментираат. Шутира Пешевски и дава гол, а коментаторот вика дека е гол на Кузмановски. Неколку вакви грешки направија вчера. Не знам дали ја даваат Македонија на Арена, ама мислам дека не. Иначе таму ќе си гледав. А другите утакмици не ги даваат, но среќа имам Арена.
Ја даваа синоќа на арена спорт 4, сите ги даваат, една две ако им промашат. Не бе, вечерва ќе давале Франција - Кувајт, Данска - Алжир, толку толку, поарно од ич, ја реков само наша група да ме даваат.
Работата е што не е толку лош за да нема квалитет за репрезентација. Таму има некои што се далеку полоши од него. Не е толку неспособен да замени да даде 2.3 гола, сето тоа зависи и од поставеноста на играта. Работата е што е скаран и со Кире и со Кузмановски, а од друга страна е близок со Борко и компанија. Има многу поделби во позадина и затоа репрезентацијата има такви резултати со години. кире е скаран со талески и манасков,а за борко е веќе познато. додека Талевски и Кузмановски не се мирисаат уште од металург.. А Кузмановски и Кире беа цимери, така да репрезентацијата е во нивни раце. Многу комбинации и шеми кој со кого..
Битолчанецот Митревски ја има една од најдобрите одбрани на вториот ден на Мундијалот https://sportskadimenzija.mk/1801/
Следам ракомет долго време и многу од работите ми се јасни. Ама не можеш да очекуваш да биде земен некој кој не е посветен на ракометот. Сигурно знаеш дека Талески е зависник од видеоигри. Повеќе време троши таму, отколку на тренинзи. Ова што се скарани е дополнителен фактор за да не го земат во репрезентацијата.
Еј како ме замисли со ова јанлаш пошо ја зборот го знам и го користам како јаЛнаш. Мислев дека имаш напраено пермутација, гледам на дигитален речник ги има и двете ама сепак ја мислам дека јаЛнаш е боље
Прв пат слушам за јаЛНаш Мене па пубо ми звучи јаНЛаш, одиш нагоре со гласот до Н и после Л наеднуш спушташ, а со јаЛНаш го сопнуваш јазикот. А и доаѓа од турскиот збор yanlış. Евеј се резултатите од денес: И табелите од групите што играа денес: Официјално во main round влагаат: Данска Италија Франција Австрија
неможе играњето игрици да биде главена причина зошто не е повикан. Па таму пола од екипата се зависни од играње, па пак играат. Башка фамилијарен човек во странство, како го претстави да мисли човек дека после тренизи дома доаѓање, одма го зема џојстикот ниту сопругата ниту децата ги гледа. Ја па баш спротивен впечаток имам добиено од тоа што го има самиот зборувано. Треба да бидеме реални и да се кажат причините, а не да се кријат под превезот на вакви глупи изговори за да се задоволат нечии суети. И не ми е криво што не игра , да не се сфатиме погрешно. Само се нервирам кога се лаже за да се скрие вистината која сите ја знаат, но се молчи.
Еве ќе ја исклучиме таа причина. Да речеме дека не е повикан само затоа што се скарани. Моментално има добра атмосфера и хемија во репрезентацијата. Еве го земале него во репрезентацијата, знаеш што ќе значи тоа? Се ризикува да се наруши добрата атмосфера. Колку спортисти се избркани од тимовите и репрезентации поради недисцилина, несогласувања и конфликти со соиграчите? Би рекол многу и тоа е сосема релевантна и оправдана причина. Верувам дека никој не би го викнал Талески да седи на клупа, по цена да си го растури мирот во репрезентацијата.
Да, така е. И Икарди иако после Меси беше најдобар нивен играч не играл за Аргентина, а зашто? Затоа што е конфликтен и склон на скандали.