Сакам да искоментирам за натпреварот со Холандија. Сите страни претераа. Судиите точно, беа премногу наклонети кон лалињата. Судеа многу пристрасно. Ама што е тоа однесување пак од нашите во публика? Сфаќам дека фрустрираше многу ситуацијата, ама и кога не оди како што сакаш, треба да останеш голем. Револт можеа да искажат и поинаку и многу поцивилизирано и не, никако не сметам дека беше во ред да фрлаат предмети и вода на терен, најмалку пак колку треба да ти фали даска во глава за да плукнеш селектор на клуб? Лалињата не беа криви за пристрасноста на данците. И конечно, да, мислам дека на крај малку преувеличија со тоа колку “не било безбедно” па како шупаци сите му ја дувнаа од терен. Немам каде да го гледам натпреварот вечерва, па само следам голови. Се надевам на победа.
Се држиме, засега Ок играат, браво за голманот. Изгледа Х ќе играат унгарците, така ми изгледа пред почетокот
Борко со кој е скаран, секако ми е одвратен, посебно откако влезе во политика, како така сега да не се меша во ракометов како министер? А имам проценето одамна дека Кире и Мојсовски, си живеат и поголемиот дел од постарите репрезентативци, Борко не го многу дриблаа.
Честитки за победата момци! Имавме безвезе грешки но сепак крајот е битен. Него друго ме мачи… Зошто не играше Митев? Кире многу нервозен ми делуваше ја пренесуваше таа негова енергија а и со Серафимов ко да се има(ше) нешто замерено
со Кире уште од времето кога играа во Барселона, а претходно беа цимери и да ми извиниш ко гз и гаќи. Ама пукна тиквата.
Се мислам дека пукна тиквата кога Кире стана селектор и не го повика Борко во репрезентација негде 2021 додека беше во Вардар. Иначе Борко ќе потпишеше за Барселона да не беше авторитетот на Кире колку што јас ќе слетам на месечината. Буквално на предлог на Кире го земаа. Претходно Борко и од Металург и од Вардар го избркаа.
многу поголема е работата со данците и доста е од ќутење. Истиве двајца (додуша едниов додека судеше со друг) толку многу имаат судено против нас што оваа беше капак. Дупење во здрав мозок, да ми извиниш. Ова е дел од нивната војна со Начевци, сега сакаа и репрезентацијата да ја наместат. Ионака успеаа да го монополизираат ракометот па го сведоа на спорт што се игра само во Скандинавија, Франција и Германија,а истите си ги делат домаќинствата и медалите.. затоа и опаќа гледаноста на спортот.
не грешка си, погледај некое интервју на Борко. Еве последното кај Лазаров изјави дека баш Кире му го саборирал трансферот. И во сите други алудираше на истото. Од таму пукна тиквата. https://www.youtube.com/live/tHaVXsycr5A?si=y2CcQDRLBUFGUIDU
Реално тешки се и двајцата карактерно. Ја на пример имам забележано дека странските играчи многу повеќе го почитуваат и дружат Борко, него Кире. За македонскиве незнам, а и не се сеќавам да се има со некого скарано Борко освен со Червар. За Кире знам секој кој е скаран со него вратата во репрезентацијата му е по дифолт затворена.
Ја разбирам јас фрустрираноста од апсолутно не фер судење. Не верувам дека на било кој Македонец му беше сеедно. Ама ништо не се постига со нецивилизирано однесување на трибини освен што се остава лош впечаток за нас. Си имаме ракометна федерација, имаме селектор, тренер, институции, надлежни нека кренат глас. Насилно урлање, фрлање предмети на терен, плукање е апсолутно неприфатливо и срамотно однесување.