Барав и просто не ми се веруваше дека не е отворена дискусијата....после си велам па да досега победувавме, пусто македонче кога ќе почнат да губат ќе се најдат да плукаат по нашите херои, нашите борци и амбасадори! Иако вечерва изгубивме од Шпанија иако сметам дека минимум можеше нерешено, сепак беше убава утакмица. Не е вадење дека не утепаа судиите, ама искрено 3-4 постапки не им чинеа, како и играта на нашите во првите 5/6 минути од второто полувреме.
Многу добро се држевме скоро цела утакмица. Дај Боже и утре вака да изиграме против Исланд и да победиме. Малку ми е криво што Манасков е во очајна форма, порано под 5 гола не беше од утакмица.
Имам приметено дека ние во првите 30 минути играме ФЕНОМЕНАЛНО, но после тоа не знам шо се случува. Секоја чест добри се, но Нелоски џабе шутира шо не бива, не бива. Манасков и Лазаров неќна со Словенија ногу промашени, али тоа е кога се нема среќа нема се. Дај Боже утре да победеме барем 3 место у групата да заземеме, оти ако сме 4 ќе играме со Франција, а тие дефинитивно ќе не тепат. Друго Јоноски беше добра одбрана, а зашо не е викнат не знам. Голманите не се добро разиграни, наште ракометари играт во клубовите 2 постава, а тие Шпанија, Словенија нивните играт 1 постава. Треба и малце вежбање на младите и ќе бидеме супер.
Ништо. Слабо ептен 2 полувреме. Многу вредат Миркуловски и Манасков, али ете повредени се. Крилата ич немат дадено, само еден гол од Олјески. Али ајде и ова е успех. Само се нервирам шо сите ги плукат ракометарите, па ајде бе вие што ги плукате што не сте тренирале вие, или одете бранете вие, давајте голови да ве видеме. Само за плукање сме, за ништо друго не не бива.
Зарем повеќе очекувавте? За секој катастрофален пораз, судиите се криви. А тоа што изгледаме како аматери на терен некогаш ама ич не е битно...
@Dust не секогаш ама можам да набројам некои моменти кога судиите не судеа како што треба. 1. Крајната минута во дуелот со Шпанија, од шпанците еден направи чекори, ама му го признаа голот. 2. Исто така крајната минута во дуелот со Шпанија, нашиот не знам кој беше даде чист гол ама не го признаа. 3. Денеска 2 пенал, не беше праведно судено. Тоа што го направија не требаше пенал да биде али ајде. Овие 3 работи од неправедно судење ми паднаа во очи, за други не знам дали има и колку. Сите очекуваат од Кире, ама се гледа дека и човекот не може се он да шутира и да погодува. Талески, Нелоски, Дрогришки, и другите млади треба да се охрабруваат и да шутираат, а не они како исплашени стојат пред голот. Филип Лазаров го носат заради Кире, џабе му го зима на некој др местото. Митков е добар, ама слабо го пуштат. Се на се ја сум задоволна од досегашното, секако има многу млади и се надевам дека следната година на европско ќе се покажеме во подобро светло.
Ја поминавме групата, што значи дека ја остваривме целта, а денеска едноставно снемавме сила во второто полувреме, можеби подобро ќе беше со Шпанија воопшто да не замараме и да се одмориме убаво, али тоа е, барем покажавме дека можеме да играме донекаде и со нив, плус ни се повредија 2-иот и 3-иот најдобар играч, така да неможевме ништо повеќе да направиме од ова што го направивме.
Јас верувам дека имаме репрезентација што може многу повеќе од ова! Се гледа дека можат да изиграат убаво до крај итоа со јаки противници, ама некако како да се демотивираат во второ полувреме. Нешто не штима. Фалеа и Миркуловски и Манасков а највеќе Филип Кузмановски за кого сигурна сум дека ќе дадеше голови колку сите овие младиве заедно. Штета. Факт е дека Македонија одсекогаш ја гледале како аутсајдер во сите спортови па со самото тоа сите судии се по малце наклонети кон било кој наш појак противник. Во спортот одамна многу работи не се фер, ама тоа е што е. Факт што не можат да го променат ни од репрезентацијата ниту пак ние. Како и да е, не мора да плукаме по нив. Секој се труди да даде се од себе за да успееме. За пример е и Србија која има квалитетни ракометари во репрезентативните редови па едвај се пласираат на првенства и не гледам толку многу да ги плукаат нивните како ние што знаеме да удриме со критики по нашиве. Какви се не коментари изначитав. Им ветувале ракометарите па ги разочарале... хах! Подобро фокусирајте се што ви ветуваат политичариве, оставете го спортот на оние кои го разбираат.
Она што го изигравме првото полувреме со Норвешка беше повеќе од одлично земајќи предвид хендикепот дека двајца првотимци не играа.За второ полувреме едноставно немавме сили.
Хендикепот без Миркуловски и Манасков се одрази и на самиот резултат, да бевме комплетни мислам дека ќе одевме понатаму сигурно, но сепак и со оваа треба да бидеме задоволни со оглед на тоа дека секогаш сме проценувани како аутсајдери и подгазувани од судиите.
За ваквата игра на нашата реперезентација и дебаклот против норвешка е виновен исклучиво Лино, собра млади неискусни играчи и уште понеискусни голмани кои не можеа да сватат што ги снашло и каде се наоѓаат. Ps следното светско очекувам мене лино да ме свика да бранам
Koj i da viknese Lino pak ke si izgubevme, ednostavno se podobri norvezanite, edino Hansen da go zemevme na lev bek togas verojatno ke tepavme
Данска и Германија што имаат далеко по искусни играчи од нас, и плус голмани што бранат по 15-20 одбрани испаднаа во осминафиналето, ние за нашите викаме лоши се. @LajlaGirl џабе и Хансен да дојдеше, вчера даде 8 гола па пак си отидоа дома.